Шо се секирате, за лекарски услуги/потреби не важи карантин. А ако прогласат карантин, нема ни да не викнат за интервенција
@tina2018 ваучер за ивф? Е ако не го продолжуваат ваучерот, ради состојбава, тогаш ФЗОМ не се фер т.е. треба да се реагира.
Јас кога правев хистероскопија во Ремедика околу 7миот ден после циклус се оперирав , после циклопрогинова пиев и антибјотик ако имаш болки и апче против болка. Отидов сабајлето кај 7 ипол веќе околу 16 дома бев . Вториот пат на ГАК бев од вториот ден на циклус пиев некоја терапија и отидов ноќта преспав таму и сабајлето во сала и за неколку часа дома бев. Првиот пат имав здебелен ендометриум затоа правев хистероскопија , за вториот пат на хсг се виде преграда . Два пати вадев суп септум тип 2 , ова беше пред околу 5 години. Сега може се сменило нешто.
Така ми рекоа од Њуборн, дека не го продолжувале. Ќе пробам да завршам све до септ. Фала на одговорот
Здраво девојки. Јас вчера добив се јавив сабајле во болницата во Чаир, уште немало да почнуваат со операции ми рекоја да се јавам за наредниот циклус. Ви пишувам да си имате информација тие што чекате за таму.
Здраво девојки, јас закажав хистероскопија во Њуборн за четврток на 6 ден од циклус.Не пијам никакви лекови за припрема.Ме интересира од што зависи на кој ден се прави хистероскопија, сестрата ми рече дека треба да имам кафен исцедок, јас на 5 ден имам ама за 6 ден не сум сигурна.Дали има некоја што правела и покасно од 6-ти ден?
Јас правев во Чаир на 15 ден од цуклус ама со апчиња, бидејќи неможеше порано немаше термин. Тогаш докторот рече што почиста да биде матката односно да не почне да се здебелува ендометриумот. 6 ден мислам дека е супер.
Не верувам да почнат со оглед на ситуацијата. Инаку имаш ли некоја додатна информација во врска со продолжувањето на ваучерот, мислам дека ти имаше кажено дека не ги продолжуваат..
Не е сигурно, ми рекоа да прашам во Фондот, ама не сум во Ск. Едни викаат вака, други така. Ќе се јавам утре да прашам ако ми кренат. Во Њуборн ми рекоа да ги потсетам пред да ми истече зашто на сите различно одобрувале, зависи колку време прошло. Хаос
Тазе инфо, Утрово се јавив во Чаир, нема да почнуваат со хистероскопии сеуште, иако им било во план. Се одлагаат интервенциите.
Здраво девојки. Јас чекав за хистео од февруари во ГАК, но сите како пациентки што имаме таму историја сме биле отпишани од болница. Вчера правев хистеро во New Born, и супер поминав.
Може ли да споделиш повеќе инфо колку те чинеше кај кој др дали имаше некоја припрема претходно и после интервенцијата..благодарам
Зашто отпишани? Требаше да почнат оваа недела со хистеро. Колку те фати на приватно? Ова е како зафрканција, те запишат, те отпишат. Јас бев прошлата недела, сите испитувања ги пројдов. Ама нема смисла да те отпишат. Кое објаснување ти го дадоа? Па немам пари уште тоа на приватно. Здравствово е хаос.