Бидејки интервенцијата беше оперативна ми извадија септум U2a ( незнам по големина колкав бидејки само тоа го пишува во извештајот) ме чинеше 27.700 Инаку ако е дијагностички е околу 25.000
Бев минатата недела кај др. Трајковски и тој контактираше со др. Калчовски во ГАК и му кажа така. Отидов во државна и стварно, спремни ми документите со отпусна листа и морав да платам 700ден.за да си ги земам.
Пиев три дена микрогинон и вчера на 5- ти ден циклус ја направивме интервенцијата. Инаку беше др. Трајковски и ептен сум задоволна од него и од пристапот на целиот персонал
Секако не е фер. Јас веке 7 год со сопругот се обидуваме за бебче ама не успеваме. Дадов пари по разноразни испитувања и доктори и сега го чекав и ова за инвитро. Одлучив да си ги земам документите од ГАК за да ги пуштам во фонд поради што ќе ми изминат некои од нив и пак ќе треба да почнам од почеток. Додека чекам одговор од фондот морав да ја направам хистероскопијата и тоа на приватно бидејки е хаос моментално во државна.
Мила завршив денеска, се’ помина супер, немаше што да се интервенира освен скречинг што правев, останато си е се’ уредно! Фала ти што мислиш Јас на 6 ден од циклус и имав кафеав исцедок Сега имам крварење ама со терапија ќе се средиИнаку платив 21 525 за дијагностичка и скречинг
Баш ми е мило што све поминало супер..сакав да прашам каде правеше хистероскопија? И дали скречингот си доаѓа заедно со хистероскопијата или посебно
Мила правев во Њуборн и ми наплатија заедно со дијагностичка, значи не посебно, ако е оперативна тогаш се плаќа 26 000 и се носи материјал да се испитува хистолошки и плус на тоа се доплатува 3000 денари, нормално доколу има потреба од тоа, кај мене немаше и затоа поминав со дијагностичка само
Мене ништо не ми бараа бидејќи сум нивен пациент и знаеја дека сум поднела документи за ваучер за инвитро, а инаку пожелно е да се има чисти микробиолошки брисеви не постари од 6 месеци и плус инфективен скрининг на хив хепатит Б и Ц не постари од 6 месеци, тест за корона не ми бараа
Здраво на сите, имам едно прашање, дали некоја од вас правела хистероскопија после 15тиот ден од завршувањето на менструацијата и дали претходно земала нешто некои лекови?
Ако од прв ден земаш микрогинон може и покасно но докај 10 12 ден за по 15 не сум сигурна бидејки најдобро е по завршување на менструацијата бидејки тогаш ендометриумот е најтенок (и со микрогинонот не се дебелее бар така велат) а и пред овулација се прави интервенцијата... но ако доктор ти кажал тогаш сигг може..
Офф не знам баш читав и по интернет сите прават порано, инаку не земам ништо буквално. Овде се е обратно, се ми е измешано едвај чекав да почнат со работа сеа не знам ме загрижува тоа. Инаку јас имав спонтан абортус во ноември и сега треба да правам хистероскопија за да виде дали внатре сѐ е добро. Сепак фала ти за одговорот ќе видам што ќе биде за една недела.
Мене докторот ми потенцира дека се прави одма по завршување на циклус, јас ја правев на 6 ден од менструација без никакви лекови,може мислам и до 10 ден, а за покасно не сум сигурна.Со лесно мила!
Сакам да ве прашам дали дијагностичка хистероскопија ако има потреба ке премине во оперативна или тоа се два различни зафати? Треба да правам дијагностичка, со анестезија, ама докторот не ми даде ништо да пијам како припрема, па си мислам дали ако се најди нешто за отстранување ке го отсранат со истото?
Да мила, кај мене беше така, се почнува со дијагностичка и доколку има нешто за одстранување се санира на лице место и се праќа на испитување(значи оперативна).И јас не пиев ништо пред интервенција,После тоа има терапија со циклопрогинова, ерготил капки и естрофем и клексани ако има потреба.Со лесно!
Ти благодарам многу, сепак ќе ѕвонам утре на докторот да видам што ќе рече. Во вакви ситуации не знаеш што да правиш што да мислиш.
Не се 2различни туку на самата дијагностичка хистероскопија ако се појави нешто за отстранување се отстранува и се смета за оперативна хистероскопија