Здраво девојки. Знаете ли како се врши контрола по хистероскопија, со ехо преглед или...? И една недела како примам циклопрогинова и есртофем, а од вчера ми рече докторот да земам и аспирин но се чувствувам многу уморна, несконцентрирана и со вртоглавица, дали сте имале слични искуства со овие лекарства или да барам замена за нив?
Здраво, треба да правам хистероскопија за отстранување на полип па ако може ваше мислење, да одам кај Димитров Ремедика или кај Митко во систина. Досега на прегледи сум кај Митко, и сега на 24 треба да правам ХСГ во систина
Со димитров не сум имала контакт. Но со митко да, прекрасен и стручен доктор. А хсг кој ќе ти прави? Најдобро тој што те води т.е. следи кај тој.
Хсг имам закажано кај Ана Кацарска. и јас мислам најдобро кај доктор што ме следи, ама гледам многу пофални зборови за Глигор, па затоа сакав консултација Ти благодарам за мислењето
Здраво на сите, утре треба да правам хистероскопија, сакам да прашам дали на гладно се прави или можеш да си најаден?
Пред две недели имав инфо дека пред септември нема да почнат но сепак најдобро е да се јавиш и провериш
Јас вчера правев хистероскопија, инаку живеам во странство, сакам да кажам овде ниту анестезија ставаат, ниту претходно пиев некои лекови, дури и ми беше некаде 14ти ден 15ти од менструација, многу поразлично од како што кажувате таму јас бев исплашена, но ептен лесно и безболно беше.
Мила, ја правев кај др.Трајковски во Њуборн, беше кај мене само дијагностичка со скречинг бидејќи немаше ништо оперативно да се прави и за тоа платив 21 525 ден, инаку ако е оперативна ќе треба да се плати 26 000 иплус 3000 денари ако има материјал да се испитува хистолошки.Се закажува откако ќе добиеш, јас ја правев на 6 ден од менструација и не примам никакви лекови, после операција терапија со цитерал, пробиотик, клексани 7 дена, бидејќи имам вродена тромбофилија, циклопрогинова и естрофем.Со лесно мила! @Тајчи-87 мила, јас откако ќе го испијам циклото и естрофемот треба да одам на контрола.Мислам дека ќе биде со ехо преглед да се види внатре дали се' обновило како треба,затоа ги пиеме овие лекови.Сум читала од други дека имаат вртоглавици од естрофемот ама не знам дали има некоја замена, ќе мора да се консултираш со твојот доктор.Со лесно!
Мила после месец дена одиш на контрола те прегледуват вагинално иначе и јас имав многу болки који не се трпеа,се јавив кај док ми кажа тоа било нормално така да ништо не се плаши јас пиев микрогинон и вибрамицин....
Девојки чекам да добиам па ке правам хистеро и лапаро во Ремедика. Многу сум под притисок што ќе бидне на крај исходот и плус од анестезијата ме фаќа страв дека еднаш имам правено со целосна анестезија и ми беше многу лошо после тоа. Како оде опоравањето и колку време во болница се лежи?
Опушти се, се ќе биде во ред... Една ноќ се преспива, сабајлето после визита си одиш дома, конкретно јас немав никакви болки... си почнав на работа после 5 дена. Во сигурни раце си...
Девојки денес правев хистероскопија со скречинг.Истовремено ми отстранија и мал септум кој не се гледаше ниту на ехо ниту на хсг.Докторот ми рече дека ќе имам краварење после интервенцијата, но јас немам ништо, ептен малку по завршување на интервенцијата, уште додека бев во болницата и толку.Ме плаши дали е нормолно што не крварам, дали сите имаат краварење после тоа?