Јас правев хистеро - лапаро во Чаир кај Младен, закажав преку докторот за Ивф ама уште пред коронава. Ти кај кој доктор си?
Девојки сакам да Ве прашам дали со приоритетен упат др.Илиевски би ме примил на консултацијаза лапаро? Не сум од Скопје, па доколку имате информација кога можам да го најдам ќе Ви бидам многу благодарна.
@melonka на мојтермин има слободни термини за чаир за цела недела, значи нема да ти треба приоритетен упат. Јави се само и прашај во кој ден има амбуланта д-р Зоран и за тој ден закажи термин. Нека ти даде контакт некоја од членките што правела лапаро/хистеро кај него.
@IRBBB Се јавив во болницата мила но ми кажаа да одам секој ден од сабајле, па ќе го најдам ако сака да ме прими. А матичниот гинеколог ми рече нема слободни термини приоритетен упат ќе ми даде. Се јавив на бројот на веб страната ако имате друг тел. број Ве молам пишете.
@parisian chic @natasam @bokace1 мислам дека овие членки имаат искуство со д-р Зоран од чаир, се надевам дека имаат контакт за да ти дадат.
Денес беше во амбуланта илиевски ко што сфатив секој вторник бил, утре сум пак ке проверам ако дознам ќе ти пишам пошто овие на шалтер не даваат инфо кој ден кој доктор е
Порано беше петок во амбуланта, сега не знам како е, не сум била сега скоро. Ќе треба и јас да одам за некој месец.
До март, пред ковидот имаше амбуланта секој петок. Прашував на шалтер само во која сала е. Знам за пациентки кои ги примаше без упат на крај, тој им креираше особено ако се спремаат за ин витро т. е. се лечат од стерилитет излегувал во пресрет ако го замолиш. Една пациентка го пронашла на фб и таму му пишала и кажал кога да дојде. После секоја пациентка излегува во ходник и разговара со тие што чекаат за што се. Ќе те прими со приоритетен, само не знам дали е попаметно да бидеш таму во 8,9 кога почнува или околу 13 кога завршува. Инаку можеш да побараш на фб број од Чаир да прашаш кога има амбуланта да знаеш дека прегледува баш тој ден, ако даваат инфо погоре прочитав не кажуваат.
Многу ти благодарам, те молам утре кога ќе одиш ако дознаеш да ми јавиш. И дали морам да сум со врски за да ме примат? Извинете што вака прашувам но живеам во мал град и тука сите лекари се достапни секогаш.
Многу е фин, добар и достапен, ќе видиш кога ке допреш до него.И ептен позитивен, 3 пати ми рече после операција, ти ќе останеш природно бремена За консултации и прием не ти требаат врски кај него. Е сега јас чекав скоро 3 месеци за да дојдам на ред за операција поради голем број на пациенти (мислам дека на докторот само 2 пати неделно сала му отстапуваат) и со отворена историја и добиен и евидентиран циклус кај сестрата пак ме заборавија па морав да потегнам некоја врска за побрзо.
Јас не сум кај него кај Младен одам но денес ко што видов е многу фин сигурно ќе те прими ако дознаам кои денови е во амбуланта ќе ти кажам. Денес кога прашуваа жени на шалтер за доктори не им кажуваа имено не се знаело точно дали е така незнам. А денес до кај 11 беше гужвата кај него после немаше
Zdr, jas deneska napraiv laparo i histero i rezultatot 98% zatvoreni kanali mi se srushi svetot vo glava i posledna opcia ivf drugo resenie nema
Какво срушување на светот врз глава? Ајде еднаш преспиј ги информациите што си ги добила, па со нови сили во нов ден. Еден куп жени со ваква дијагноза имаат здрави и прави дечиња, мисли малку позитивно.
Нема зошто да се разочаруваш. Сега баш го знаеш патот кон успех, без да губиш време непотребно. Како што ти кажа tina2018 - консултирај се за следни чекори со др и можеш да се спремаш за поднесување докум за ваучер. Секако ако и кога ќе си ти спремна. Имаш многу полезни информации во групата 'Вонтелесно оплодување', можеш да си разлисташ. Ако имаш прашања или недоумици, слободно пиши ни таму и некоја од нас ќе те пречека со одговор