Не ми е јасно, нели интервенцијата е најдобро да се прави 6-7-8 ден од добиено? Така ми кажа доктор Трајковски дека тогаш е најубаво и најчиста е матката за правење хистероскопија
Тоа значи нема да добиеш се додека ги пиеш така? А интервенцијата се правела од 6-8 ден од добиено, не ми е јасно ништо тек сега, си прават како им одговара на нив
Дали чекате на ГАК? Јас чекам термин во Чаир дали има некоја што скоро правела лапаро/хистеро таму? да ми каже колку време чекала
Е така убаво кажа како им одговара така прават.кај мене требаше 7-8ми дрн да ми направат хистеро ама ништо од тоа.Се додека ги пиеш микрогинонот нема да добиеш одкако ке прекинеш ке добиеш
Девојки да ве прашам од кој ден треба да се пијат микрогинон? Јас денес добив во 17ч, утре сигурно сестрата нема да ја најдам кога ќе се јавам, понеделник ќе ми е трет ден. Па да не е касно на трет ден да почнувам? @IRBBB @samo negova22 и други ако знаете да ми одговорите .Благодарам
@melonka утре ти е прв ден, во понеделник втор. Мислам дека не е касно од понеделник да почниш. Сепак нека ти кажи некој шо ги има земано, јас немам.
Штом денес си добила од утре почни да си ги пиеш и тоа навечер.Денес ти е прв ден утре ти е втор ден.слободно почни и кај мене така беше.ти викам навечер да ги пиеш зошто можно е да ти ствараат главоболка
Благодарам за советите. Се јавив денес сестрата не е на работа, а не сакам да пијам апчиња без стручно лице да ми каже Ми рекоа само јави се кога ќе добиеш и толку, а овде на форумот научив зошто треба да се јавам. Утре сабајле ќе се јавам ќе и кажам кога добив, па како ќе ми кажат така.
Девојки мене стварно ништо не ми е јасно..прават или не прават хистероскопија на Гак?Јас ги направив сите анализи,добив почнав со микрогинон запишана бев кај сестрата да ми се јави нели кога да правам ковид ...арно ама таа ми се јави да ми ја откаже операцијата и јас прекинав со микрогинон...има некој со слична ситуација ?