Здраво девојки Минатиот месец правев хистероскопија, па сакам да прашам дали добивте циклус на време. Мене ми доцни 5 дена. После интервенција примав терапија капки и цитирал 15 дена и циклопригинова 21 ден нив ги завршив пред 3 дена. Дали е нормално вакво доцнење, јас имам редовен циклус.
Ако сум ќе биде чудо, после години влечкање по доктори. Не знам дали да направам тест сега или да почекам уште.
Да погледнеш назад во темава, пишуваше дека е нормално да ти касни по интервенцијата, не кажувам од лично искуство, туку прочитав дека на некои членки им каснело после операцијата, но се оправало од следен циклус
Фала за одговорот, вртев наназад ама не успеав да најдам доста мислења има. Ке почекам може ќе се опорави работата по некој ден.
Нормално е и да касни ,и да биде со различен интензитет може да е оскуден нека не те плаши потоа на следниот ќе си се нормализира
Не знам да ти одговорам на прашањето, но ако не е тајна зошто правеше хистеро и дали при операцијата е среден проблемот? Искрено се надевам дека конечно ќе си ги видиш очекуваните две цртки
Секако не е тајна, родена сум со аномалија на матка во форма на Т матка или Т shape uterus. Со хистероскопија ми ја вратија матката во нормалната форма. Проблемот се реши. Ти благодарам на убавите желби и ти посакувам и тебе се најубаво
Јас да прашам дали има некакви новости на ГАК за хистероскопија, дали некоја од членките успеа да закаже операција или има некаков одговор од таму за состојбата? Треба кај и да е да добијам и да закажам за операција ама ако нема термини се мислам каде да одам на приватно а да не е изгор скапо!
Јас правев хистероскопија во ГАК почеток на октомври кај Др.Трајанова и супер поминав.На прв ден од циклус се јавив одма ми ги направија потребните испитувања и на 10 ден од циклус ме закажана.Во 7 часот ме примија а во 13 часот си заминав. За хистероскопија и скречинг платив 900 денари[/QUOTE]
[/QUOTE] Мило ми е што така поминало, се надевам дека се уште закажуваат операции бидејќи членкиве рекоа дека ради ситуацијава со ковидот престанале со операции од 31,10, па се надевам некој дека ќе пријави дека сега му закажале операција
Јас чекав цел месец за на крај да ми кажат дека нема да има интервенции поради вирусов,вчера отидов да си ги повлечам документите зошто ми рекоа дека ќе потрае повеќе а за тоа време додека јас чекам треба да ги пијам микрогинонот.јас секако си ги земав документите и ги прекинав таблетите.инаку ми лажаа дека не прават операции и не закажуваат термини
Оф леле, џабе труење со апчиња, ццццц, катастрофа, и сега што да правиме? Пари да збереме за приватно да идеме ццц
Девојки кога ги собирав документите за во фондот на 4 д, Д-р. Ми кажа дека имам матка во форма на Т . И дека со хистероскопија може да се среди тоа. Почнав да пијам микрогином од денеска 2 ден циклус и на 7 ден (вторник) од циклус ми е закажана хистероскопија. Ме интересира дали има некоја од вас со иста дијагноза за форма на матка Т, да сподели искуство.. исплашена сум дали ќе може да се направи нешто. Дали ќе може да се среди матката..