Здраво девојки да ви соопштам јас правев лапаро и хистеро кај димитров и супер поминав. Отидов поради тоа што на хсг се виде дека и двата канали ми се запушени од сам почеток како да не постојат а матката уредна. По баранје на димитров правев лапаро и хистеро и на крај канали скроз проодни а во маѕката пронајден субсептум од 1,5 цм и е одтранет така да мој заклучок хсг (толовски го правев ) не дава точна слика кај мене беше 100 % погрешен. Поздрав и ви посакувам се најдобро
Да,во право си. Цело време истото го зборувам дека апаратите кај Толовски се прастари и сите снимки се црни,ништо не се гледа. Исто се сомневав,па морав хистероскопија да правам и јас.
Девојки, да ве прашам. После хистероскопија колку време е препорачливо да се нема односи? Помина 1-недела и веќе овулирам,па да искористам момент
Заборавив. Излезе дијагностичка немаше ништо, а и скречинг заедно. Само неколку дена имав црвено на хартијата и толку.
Jas vo remedika plativ : dijahnosticna laparaskopija 50 000, operativna histeroskopija 51 000 (imal mala pregrada vo matkata od 1,5cm )
Јас на 5 ден хистеро. Од 5 до 10, сите различно кажуваат,тука читав некои и после 10 ти ги викале. Во консултација со докторот најдобро.
Здраво. Треба да правам лапаро и хистеро во чаир кај доктор Илиевски, па сакам да слушнам ваши искуства со докторот. И што ми е потребно за во болница дали се оди еден ден пред закажаната операција или како? Чекам да ми се јави сестрата за термин па да се спремам психички
Кои фактори за хемостаза треба да се направат пред интервенцијата? Освен ддимер и протромбинско време, кои други треба? Ми рекоа 4 треба ама не знаеа точно
Веројатно ова Активирано парцијално тромбопластинско време и тромбинско време се останатите две Фала ти
4 времиња на хемостаза се Време на крварење, Време на коагулација, Протромбинско време и Тромбинско време.
Мила нз кај ќе правиш хистеро но мислам само димери и хемостаза(таму се времињата) ..и ако имаш некакви предиспозици ќе треба 7дена клесани да боцкаш од ден на интервенцијата