1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хитлер

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од N1ky, 8 јули 2012.

  1. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Мислам дека сите сме запознаени со Холокаустот и со тоа кој е Хитлер. Ме интересираат ваши мислења за овој човек.(ако може да се нарече така)

    Јас кога ќе му го слушнам името косата ми се дига.Како можел тоа да им го прави на Евреите.Поготово на мали деца кои уште ништо не преживеале.Тој е човек без душа,без срце.Не можам да ви опишам како го мразам :@ :swear: И не требал да се самоубие требало да го фатам и забите да му ги ваѓаат со клешти и на раните сол да му ставаат и на крај жив да го запалат!!
     
    На Istata od vcera, bed и angelche16 им се допаѓа ова.
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Мислењата околу делата на овој човек се поделени, но јас лично го осудувам, сметам за монструм, а она што го направил за најголема трагедија во историјата на човештвото.
    Самото име отвара големи прашања, но за сето тоа нема никакво оправдување. Одамна сакам да ја прочитам таа неговата борба, но не верувам дека нешто ќе го смени моето мислење околу овој монструм. Штета што не ја преточил својата интелигенција во позитивна енергија.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас се чудам како можел тоа и воопшто да го направи, каква ли душа имал што тоа го сторил :^) Никој нема право да одземе нечиј живот, апсолутно никој, а нити пак да се самоубие.Полошо од тоа нема.Не може никој да одреди дали некој треба да живее или не.И да не ги сакал Евреите, немал право да го направи тоа, за негова трагедија, Евреите се тие кои ден денес владеат со светот, под чија контрола ја имаат Америка.Некаде е спомнат и како антихрист, а и со право, дозволил злото да го надвладее.Што направил тој сега? По што го памти светот? По злобата негова, на таков начин се манифестира лошото како противник на доброто.Останал во историјата како таква личност, но сметам дека воопшто не ни треба да се спомнува, таков човек не заслужува внимание.Не остава добар впечаток, нешто што би направило да биде самиот инспирација за следни генерации.Само ете, наместо да се пишува за луѓе кои направиле добро нешто во светов, се пишува за луѓе кои не правеле добро, со самото тоа поинаква прецепција за животот се дава.Страшно е тоа што го направил :x , не би сакала да помислам низ што не поминале Евреите :( која болка, тага ја имале... :(
     
    На Istata od vcera, Little-Mk и pamelche им се допаѓа ова.
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Море камо денес да постоеше денес и да ги сотреше "браќава". Па Македонија еднаш засекогаш да беше чиста.

    Шала на страна. Хитлер бил многу интелегентен човек и аправил моќна земја од Германија. Бил многу добар политичар.
    Имал цел којашто ја остварувал.
    Инаку, имам доста читано за него, пошто стварно ме интересира како човек.
    Бил одличен уметник, цртал многу убаво и сакал да се запише на факултет, арно ама евреите не го примале никако. Бил изреволтиран. После тоа мајка му била многу болна, неа многу ја сакал, и барал помош од докторите и сите евреи и не сакале да му помогнат, и по некое време умрела мајка му.
    Подоцна увидел дека го бива за лидер, и така почнал против евреите и влегол во водите на политиката одмаздувајќи им се на евреите.
    А колку ми е тапа кога читам по форуми како некои се убедени дека Хитлер избегал во последен момент со жена му Ева од бункерот. Па живеел во Америка... кои глупости.
    Кога веќе русите биле навлезени во Берлин, Хитлер се венчал со Ева Браун во бункерот и двајцата се самоубиле, таа со отров цијанид, а тој со пиштол. Наредил да ги запалат телата, не сакал никако да бидат предадени на русите.
    Еден од нацистите што биле во бункерот е сеушта жив и се вика Рохус Миш, и самиот кажува дека е сведок на самоубиството на Хитлер.
    http://www.youtube.com/watch?v=Oy6Z133mcJU

    Ви препорачувам да ја прочитате "Мојата борба" , па да дознаете малку повеќе од политички аспект, а не одма да осудувате.
     
    На Istata od vcera, Bescheiden, praski4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Факат е дека бил надпросечна интелегенција, имал голема дарба за цртање, љубител на животните, посебно на кучињата, имал едно јајце(маденце :rofl: )

    3а Tоа дека бил мнострум спрема луѓето, веќе оддамна е Jасно.
    A најтрагичното е што мајка му имала Eврејска крв!


    A сите оние Aнтисемитисти, кои упорно и упорно сакаат да го негираат холокаустот, треба да седнат и убаво да ги разгледаат сите документари.
    Eдни велат тоа е идеа на Eвреите, тие намерно вака направиле, за да го добијат израел, демек да си добијат земја!
    Jас длабоко верувам дека холокаустот е вистина!

    Eден руски војник, кој присуствувал на кремирањето на Xитлер, изјави дека никогаш не би кажал каде му е пепелта, бидејќи Hео Hацистите би изградиле споменик на тоа место!

    Eве дел од цртежите на Aдолф, нели рековме дека уживал во цртањето
     

    Прикачени фајлови:

    • hitl.jpg
      hitl.jpg
      Големина на фајлот:
      20,6 KB
      Прегледи:
      853
    • hitler.jpg
      hitler.jpg
      Големина на фајлот:
      18,6 KB
      Прегледи:
      852
    • adolf-hitlers-paintings06.jpg
      adolf-hitlers-paintings06.jpg
      Големина на фајлот:
      24,1 KB
      Прегледи:
      852
    На Istata od vcera и tessie им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Перцепцијата која ја имал кон светот, просто била неверојатна.
    Но она што го направил на Евреите - непростливо.

    Бев во Аушвиц годинава, логорот каде што се убивани Евреите.
    Луѓе, страшно е. Не знам каков човек би бил тој што би издржал да помине низ тие блокови а да не му се крене косата, да остане рамнодушен на тој мирис на смрт што просто уште се шири наоколу. Мислиш ѕидовите ти вриштат, ко да има заробено беспомошни души кои ѕвискаат и бараат спас. :|
    Уште помалку знам каков е тој човек што би создал некое вакво грозоморно место.
    Е сега, за тоа дека мајка му била Еврејка, он не ги мразел само Евреите, сакал да ги уништи сите нации.
    Неговата тактика е апсолутно неповторлива, тешко дека ќе се роди некој таков што ќе може да организира така беспрекорно и да стори толкаво злодело без сите околни сили и големи начела да забележат. Особено при такви услови и во такво време.

    Но, за тоа дека за такви работи во денешно време се треба само болен ум - точно е. При ваква технологија, при вакви работи кои ни се при рака, денес би можел да се случи поголем, помасовен, уште пострашен холокауст од тој на Хитлер.
    У прилог со постот, еве една слика од оние шо ги шкљоцнав у логорот (у спојлер).

    [​IMG]
    Се работи за куферите на Евреите кои доаѓале во логорот, со име и презиме на сопственикот, на некои од нив и датум на раѓање. Сопствениците на овие куфери се убиени најдоцна 1942, па видете по колку години имале некои од нив.

    Едит, кога се спомнуваат филмови, го имам препорачано, ќе го спомнам пак The boy with the stripped pajamas. :!:
     
    На Istata od vcera, Bescheiden, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Сега кога ќе речат каде е Хитлер или за овие само Хитлер се потсеќам на филмон Schindler's List , се ежам и солзи на очи ми идат.Иако има многу филмови за Холокаустот сепак овој ме остави без зборови. Тој не сакал само да ги истребе Евреите туку и Ромите , Словените а да не зборам за лицата со посебни потреби ...Сакал да се одмазди за поразот на Германија во Првата светска војна , да создаде надмоќна ариевска раса , да создаде голема германска држава а притоа за се ги обвинувал Евреите ...Можеби дека Евреите биле секогаш најбогати па не помогнале ама сето она што тој го сторил било навистина лудо .Никој нормален човек тоа не би го сторил ...

    Точната бројка на жртви на холокаустот не може со сигурност да се утврди, но располагајќи со документи кои не биле уништени од нацистите, научниците и аналитичарите, пресметале дека се работи за бројка помеѓу 6 и 7 милиони убиени, отруени и потоа кремирани затвореници од логорите на смртта. Таа бројка вклучува 5-6 милиони Евреи, од кои дури 3 милиони биле полски Евреи, 1.8 милиони полски христијани (бројка која не ги вклучува оние кои се приклучиле во антифашистичките движења и така го загубиле животот и оние кои биле депортирани од Советите во Централна Азија и Сибир), околу:
    300.000 Роми,
    300.000 лица со физички недостатоци,
    100.000 европски Масони,
    околу 100.000 комунисти,
    25.000 хомосексуалци и
    околу 5.000 Јеховини сведоци.
    Постојат статистички податоци дека уште:
    3.5-6 милиони цивили Словени,
    2.5-4 милиони Советски воени заробеници и
    1-1.5 милиони политички десиденти биле стрелани од страна на нацистите,
    но за нив нема поткрепени со факти податоци.

    Менгеле - Ангелот на смртта само ја спроведувeдувал идејата на Хитлер за чиста , надмоќна , ариевска раса .Баш гледав една емисија на Дискавери и има докази дека тој ја продолжил својата луда идеја во едно село во Бразил каде има многу близнаци и всушност сите имаат германско потекло .
    http://www.femina.mk/out/?id=882dcbde58 ... razil.html
     
    На Istata od vcera, Natali.3, encimenci и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hацистите највеќе мразеле
    Eвреи, роми, Cловенските народи како русите, пољаците, украинците, хомосексуалци, комунисти...
    Cтрашни работи се случувале, се надевам дека нема повторно да се случат!
    имам гледано документарен филм, за Mладината на Xитлер, како им ги миеле мозоците на малите дечиња, и за убава аријанска раса се сметале сите девојчиња и момчиња, со бело лице, плава коса, и сини очи... :x

    Eдит- и дефинитивно HAJголеми загоби доживел Cоветскиот Cојуз
    дури

    20,000,000 луѓе, цивили и војници се заедно, како 10 Mакедонии :x
    A да не правиме муабет пустите Pуси што биле приморани и умрените луѓе да ги јадат, за да не умрат од глад
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Па сосем нормално дека ќе биде грозоморно местото, кога зрачи од негативна енергија-болка, тага итн., и целата концентрирана на тоа место.Јас и незнам како тие што му помогнале на Хитлер, слепо му верувале |( |( па и тој Менгеле кој ја продолжил таа луда идеа, според тоа што го прочитав во претходниот пост.Очигледано сакал да глуми божество па си одредувал каква раса требало само да има и незнам што... |( Џабе му била интелигенцијата на Хитлер, кога не ја искористил како што треба...Само човек треба да знае што е нормално, а што не.
     
  10. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Ако не е проблем постирај повеќе слики многу ме интересира! :)
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Eве ви слики од Aушвиц, A јас мислам дека Hикогаш не би можела да влезам во вакво ужасно, ужасно место

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На doll.a и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.
  12. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Овие па ама се окезиле мислиш Нобелова награда за мир добиле :^) :x |(












    Го имате ли посетено Музејот на холокаустот во Скопје? Јас го имам посетено ,излегов наежена и преполна со информации ..Собата со вагонот дали е намерно толку ладна или не ама ептен е морбидна .
     

    Прикачени фајлови:

  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    измиени мозоци тоа е.
    Hо, не сите нацисти биле Mонструми, имало и многу меѓу нивните редови, кои се обидувале да ги спасат Eвреите
    Eве ви неколку

    Oскар шлиндер- богат бизнисмен, кој успеал да спаси преку 1200 Eвреи, во својот камп, погребан е во израел, крај неговите деца, како што тој самиот си ги нарекувал Eвреите

    [​IMG]

    Wilm Hosenfeld
    Cигурно се сеќавате на филмот пијанист, епа ова е тој Hацистот кој што го спаси пијанистот, ама притоа има спасено и безброј други Eвреи, за жал бил земен како воен заложник од страна на Cоветските сили ако не се лажам, и таму умрел од тешка физичка работа, и покрај сета потера што ја направил пијанистот по него, дури од после се докажало дека грешно го осудиле,дека не бил воен злосторник како што го сметаа, туку сосема обратно, како и да е, сепак го прогласија за херој во полка

    [​IMG]


    Karl Plagge има спасено преку 1200 Eвреи, 500тина мажи, а останатото жени и деца

    [​IMG]


    Albert Göring германски бизнисмен, Aнти-Hацист, кој спасувал Eвреи

    [​IMG]

    Claus von Stauffenberg- Hацистот кој што се обиде, за жал безуспешно да изврши атентат врз Xитлер, беше
    фатен и погубен

    [​IMG]


    и уште еден куп други Hацисти, кои не се согласувале со лудите идеи на Xитлер и неговите ментални пријатели.
    A верувајте во тоа време да спасиш еден Eвреин било ненормално тешко!
    Cекоја чест за ваквите луѓе :)
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Да да има многу такви ..И самите Нацисти сакале да го ликвидираат Хитлер ,иако можеби најпознат во тоа бил Ервин Ромел т.е Пустинска лисица . Бидејќи бил познат ,Хитлер се одлучил тивко да се реши од Ромел па со уверување дека неговото семејство ќе биде поштедено тој се согласува да изврши самоубиство.


    Raoul Wallenberg

    Вооружен единствено со својата храброст и со морална сила, Раул Валенберг спасил десетици
    илјади евреи од Холокаустот. Тоа е приказна која го инспирирала светот. Постигнувањата на
    Валенберг се потсетување за постојаната потреба да се бориме против расизмот
    http://www.sweden.se/upload/Sweden_se/o ... donian.pdf
    а види го ова: http://www.plusinfo.mk/vest/48626/Hitler-spasil-Evrein

    Алал да му Albert Göring ,со оглед на тоа кој му бил брат Hermann Göring, успеал да спаси многу Евреи и политички дисиденти .

    http://en.wikipedia.org/wiki/July_20_plot Еве и за Јулската завера за неуспешниот обид да се ликвидира Хитлер.
     

    Прикачени фајлови:

    На ku4ence и ludoto19 им се допаѓа ова.
  15. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Го немам посетено но сакам,каде се наоѓа :tmi: и колку пари е влез?
     
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Бевме у крематориумот меѓу првите слики што го ставила Лудото. Веднаш е до гасната комора. Им гаселе светло, им затворале се и им пуштале гас од четири отвори на секој агол од таванот на просторијата такозвана гасна комора. Но не сите биле убивани така. Тука е и ѕидот на кој биле стрелани. Многумина умирале од глад, од болести, од жед, а други поради ужасните експерименти на Менгеле, и сите оние кои од тешка физичка работа потклекнувале на смртта.....
    :tmi: Друг пат пред да влезам психички ќе се подготвам. Сакам да го посетам местото пак, да знаете дека ко сте со водич, и човекот ви раскажува, ќе сфатите дека уствари да го посетите местото не е страшно. На крајот на денот (цел ден изгубивме низ блоковите, логорот е огромен, бескрајни згради вакви и дворишта со патеки) ќе видите дека всушност е многу храбро да решите да отидете таму, не да се присетите на ужасните судбини на овие луѓе, туку на самите нив. И тие заслужуваат да не бидат заборавени во сиот овој ужас. Да знаете дека ѕидовите пред да си заминете ќе ве погалат од далеку, и дека ви благодарат што сте дошле.

    Зборот ми е, не само од љубопитство да се посети ко некое место останато од ужасната историја, него со намера да се потсетиме на историјата, оти оној кој ја заборава е осуден да ја повтори.
     
    На praski4e, ku4ence, sweet-star и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Од овој човек самите германци се срамамт и не го сакат...ејјј кути јас полани кога бев 5 вечери не сум можела да спијам...
     
    На Istata od vcera и gingerchild им се допаѓа ова.
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Одамна имам читкано и разгледувано ствари на интернет за Хитлер и општо за Аушвиц, ама сега еве темава повторно ме заинтригира да побарам нешто плус. Сликиве кои ги видов од логорот во Аушвиц просто ме ужаснаа. Ова се дел од луѓето кои биле оставани самите на себе.

    [​IMG]
    [​IMG]

    А јас би се осудила да посетам едно вакво место, иако е слика и прилика за една ужасна историја.
     
  19. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    biggirlsdontcry
    Музејот на холокаустот во Скопје се наоѓа до Музејот на ВМРО ,кога ќе поминеш на другата страна на Камени мост од плоштад .
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Дали хитлер го гледал сето ова мислам додека ги измачувал евереите или си имало други задолжени за тоа а он си ги вршел функциите што му ги налагала власта..? Зашто нели бил на некоја висока позиција во партијата незнам како било тогаш..политики.. :?: