https://kupikniga.mk/product/mojata-borba/ само колку е добар преводот, незнам. Јас ја имам на бугарски.
@Feminka22 @quattro Оваа одамна ја имам Еве и линк онлајн се продава https://kupikniga.mk/product/mojata-borba/ Ова е најпродаваната книга после библијата, вреди да се прочита. Феминче книгата ќе ти се допадне, има многу добри видувања како треба да изгледа едно здраво опшество и да стои на цврсти нозе, човек кој успеа да ја воздигне разрушената Германија и да ја претвори во светска сила, човек кој за време на првата светска војна се бореше за својата Германија во првите борбени фронтови, фасцинантно и по поразот на втората светска војна Германија цела срамнета со земја и пак денес важи за држава со најстабилна економија.
Германската економија започнала да застанува на здрави нозе токму пред Хитлер да дојде на власт. Тој едноставно го начекал и продолжил текот. Исто така е интересно да се напомене дека не победил на изборите во 1933, но поради неможноста останатите да формираат влада, мандатот му бил доделен нему. Мојата борба ја имам читано, ми беше кринџ фалењето дека како дете бил вагабонт во школото. Инаку еден период се имам изначитано за фирерот се што може да се знае. Не го завршил средното образование бидејќи му било преку глава од професорите и децата, сметал дека не ги бидува, а мајка му му дозволувала се и многу го разгалувала.
Бројките покажуваат дека Вајмарската Република во втората половина на 1920-те економски се опоравувала од воениот пораз и репарациите кои ги плаќала, потоа Големата Депресија т.е. светската рецесија со почеток во 1929 повторно го закочила нејзиниот развој, но Германија како богата индустриска земја сигурно немало да пропадне да не биле нацистите. Колку Германци на крајот пострадаа брутално само следејќи ги идеите и директивите на партијата која им ги скрати граѓанските слободи и ги судри со целиот свет? До денешен ден се извинуваат нивните потомци. Хитлер предизвика Сојузниците на чело со САД и СССР да одлучуваат за судбината на Германија и на нив Германија им се заблагодарува денес.
Големата депресија уште толку ја доослабнала таа Вајмарска република која и онака била опустошена со огромен број на невработеност и сиромаштија. Нели ако добро се сеќавам Хитлер и става крај на таа република. За време на нацистичка Германија вработени се околу 6.000.000 германци, во тоа време изградени се автопати кои и ден денес германците ги користат, затоа биле и толку популарни во нивно време и народот слепо им верува, факт е дека нивните идеали се изопачени, таа ариевска раса чиста глупост. И за Берлинскиот ѕид да не треба да им се заблагодарат на САД и СССР? Потомциве и од времето на Ленин и Сталин треба да се извинуваат
Видеава се право богатство за гледање. Толку хумористично и интересно што ќе привлечат и помлада, и постара публика, и онаа која не знае ништо, и онаа што знае се.
Ги извлече од сиромаштијата, за по 12 години власт да ги фрли Германките во канџите на советските орди. Звучи како лажен месија. Ова не е тема за Ленин и Сталин. Мечката нема да се извини, бидејќи победниците одредуваат услови, а и реално, таа не нападна прва. Германија е денеска држава за пример, затоа што Американците пред се, а потоа Советите не ги послушале предлозите таа да престане да постои. Не поради Хитлер. Германските племиња уште Цезар во антиката ги опишал како трудољубиви и дисциплинирани луѓе. Cамите го заработиле секој прогрес, не се должи на еден човек, ниту на партија. Да, во ред, водел сметка за работничките права повеќе од западните капиталисти, но затоа на поле граѓански слободи каскал назад нагазувајќи народ под чизмата. Не треба да се величат лидери кои поттикнуваат крвопролевање, уште помалку Хитлер кој ептен ја напрај големата. Не оти го мразам, и тој бил под страшно влијание на опкружувањето, и велат дека приватно со луѓето бил ОК, барем откако станал канцелар, ама диктатури и култови на личности нема да оправдувам.
Чек да почекаме, дали до трето колено наназад ќе проверуваат вакцинална книшка. Или пак дали внуцине наши ќе си бираат дете од прележана/ непрележана фамилија.
Здраво дали може некој да ми каже каде да ја најдам Мојата борба од Хитлер, распродадена е на купи книга.мк
Хитлер не ги има извлечено од сиромаштија, туку со помош на минималецот и корка леб успеал да ги изманипулира и да се претстави како спасител и добар реформатор. Дека ја крева економијата и индустријата, не може да му се оспорува и дека Германија напредувала на секое поле е факт кој не може да се оспорува и негира. Но со неговата искомплексираност и неразумни потези направил многу повеќе лоши работи од кои страдале луѓето во тоа време. Само контра ефект се создал со тоа што се борел за чиста Германија, односно производот на тие негови политички одлуки е оваа Германија која ја имаат денеска.
Хитлер не се родил злобен, но општеството го направило таков. Му се исмевале и го одбивале. Го манипулирале. Во ова има остра порака. Да не се газат слабите оти многу лесно можат да се претворат во монструми. Имам гледано разни емисии за него и плус учено на факултет. Повеќето се согласуваат во тоа дека некаде во тин периодот почнал да му се расипува умот под туѓи влијанија. Еве и Израел многу сака да го имитира. Ист мотив, а различен метод.
Малиген нарцис бил Хитлер. Психопатите не се толку садисти како малигните нарциси они се повеќе индиференти и идат кон целта без да ги имаат у предвид туѓите емоции/животи но малигните нарциси уживаат во садизам, деградирање, понижување, мачење. И за детето Кецмановиќ психијатар утврдил дека бил малиген нарцис. И оној Chriss Watts што ги уби на свиреп начин ќерките е малиген нарцис. Овие се најгадни. Језиви се и потешки за детектирање од типичен психопат/социопат. Глумат специфична претерана љубезност, неприродна дури...