1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хитлер

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од N1ky, 8 јули 2012.

  1. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Леле какви се :( :o :o Па како може така бе? Да ги пика во гасни комори и уште што не само затоа што се Евреи? Болен човек бил овој Хитлер.
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Вообичаено, како и за секој владетел, тој само си ја вршел функцијата, а други го извршувале тоа што тој наредил, но не се исклучува можноста и да присуствувал на лице место.
     
  3. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Адолф Хитлер бил генијален на свој начин. Но својот потенцијал го искористил за нечовечни цели - директно бил одговорен за смртта на 60 милиони луѓе, стотици милони ранети и безброј разурнати градови и така на светот му нанел поголемо зло од било која личност во историјата.
    Како и да е, тој бил вегетаријанец, ги сакал децата, ги сакал животните, не пушел и не пиел, но користел амфетамини и до самиот крај и останал верен на својата љубовница, Ева Браун.

    ги сакал децата, :^) |(
    http://en.wikipedia.org/wiki/Responsibi ... _Holocaust - Одговорност за Холокаустот
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Дека позади Хитлер стоеле мнооогу луге на кои им одговарала Втората светска војна и уништувањето на Евреите тоа е факт.Постојат докази дека Хитлер бил производ на самите чистокрвни Евреи, кои сакале да ги уништат оние кои не се чистокрвни Евреи. На поголемиот дел од Германците Хитлер им е на црна листа и се срамат од него, го мразат бидејки Германија со години ги исплаќаше долговите од Хитлер. Сепак постои група Германци кои го поддржуваат и денес иако тајно. Дел од нив се оние кои искористиле од богатцтвото кое го земал Хитлер од другите земји, а дел од нив се млади деца кои имаат нацистички погледи. Се дружат само со Германци ги мразат другите националности, го величат Хитлер.

    Многу сум слаба по историја ама негде читав дека хитлер во неговата карта ја претставувал Македонија како цела држава од пред Букурешкиот договор. Значи ако победел тој, ние ке сме биле кар.
     
  5. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163

    Мхм,е тоа ме интересираше.Затоа што прочитав нешто на википедија дека тој и покрај тоа што го правел,воопшто ги сакал децата,животните и до крајот на својот живот и останал верен на својата љубовница.Ова многу ме зачуди,за да сакаш било што треба да имаш срце,чувства и затоа ме интересираше дали присуствувал на лице место кога тоа се случувало.Ако со својата љубовница на која и останал верен чувствувал љубов,тогаш сигурно ќе се смилувал над евреите,на тие напатени живи скелетчиња кои ја чекаат смрта.Тоа што он се го смислил можеби било поради преголемата омраза кон евреите.
    нели кога мајка му била болна тој сите доктори што ги молел не му помогнале,сите биле евреи.Исто на некое градилиште на кое работел имал многу недоразбирања со некој ,поради тоа бил избркан и случајот завршил трагично.И тој бил евреин.Сите луѓе кои ги молел за помош најверојатно биле евреи и затоа тој има толкава омраза према нив.
    Ама да гледаш како бебе/дете па и повозрасен човек а поготово страи лица како ги измачуваш е нешто страшно.Секој човек има барем ронка љубов во себе.А поготово бил со некоја,треба да имаш чувства за тоа.ѓаволот влегол во него,јас стварно не го разбирам овој болен ум.. :?:
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Токму така, ако човек знае вистински да сака и ако има срце, немало да го направи тоа.Тоа е исто ко сега некој да рече дека ги сака животните, а всушност ги малтретира.Не му е оправдание тоа што било поради неговата мајка, ако тој бил свесен немало воопшто да го направи тоа, голем број на луѓе да убие.Тоа што не помогнале на неговата мајка, не значи дека треба да убие друг, со цел да им плати.Вусшнот тој со тоа ништо не направил,само направил полошо да биде.Разбирливо е да ако настрада родител, да се биде во таква ситуација каде што и во момент на шок, би направил се за да плати и не би размислил на последиците.Но откако тоа ќе помине, после следат полошите работи.Затоа што ако човек земе со некого да се тепа, па и противникот би му возвратил, нема да има крај.Што ќе направат? Ништо, само така ќе одат до бескрај додека не се случи најлошо, а откако ќе се случи, после ќе биде зошто се случило така.Е зошто де? Што дека имал интелигенција? Ништо не му вредела, наместо да помогнел некому, тој убил луѓе.Дали тоа што ги убил, би било доволно за да биде отплатен тој долг кој што го чувствувал спрема другите, кои не сакале да му помогнат на мајка му.Место да си го барал чарето за да си ја спаси сопствената мајка, тој земал испоколил луѓе, ни криви ни должни.И Хитлер бил интелигентен? Ама ајде :fubar: |( Јас незнам како воопшто го спомнале во историјата, не ни заслужил.А нормално дека сега местото ќе изгледа морничаво, кога штрчи од таа тага, болка која ја оставиле тие што ги убил, затоа е морничаво, не за друго.Ама тоа е, секој има памет, само треба да знае како да го искористи.
     
  7. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Хитлер бил полн со болести па не е чудно да имал и голем број психолошки нарушувања. Во некои извештаи се наведува дека бил невротичен психопат ; имал Паркинсонова болест која во подоцнежниот стадиум предизвикува деменција ,проблеми со спиењето и со емоциите ;имал сифилис кој исто така во подоцнежниот стадиум може да предизвика ментални пореметувања; користел амфетамин од кој бил зависен и кој при предозирање предизвикува халуцинации и параночни идеи а некои го поврзуваат користењето на амфетамини со неговото нефлексибилно однесување т.е никогаш не дозволувал воени повлекувања ;имал Синдром на нервозно дебело црево кој се јавува поради стрес и се лекува со психотерапија ;бил вегетеријанец ,не пиел , не пушел бидејќи бил исплашен дека може да почине од рак како неговата мајка итн; имал кожни болести ; за време на војната пиел 9 видови на лекови за за стомачните проблеми и другите заболувања и итн.
    Се на се една ептен
    отидена
    личност . :^) :envy:
    Зборот љубов наспоти Хитлер е иронично и да се спомне , барем за мене ....Затоа и ги спомнав сите овие заболувања бидејќи само човек со психички проблеми може да стори такви гнасни работи ...Хитлер бил забеган ама и тие покрај него кои слепо ги спроведувале неговите сулуди идеи ептен бладале и отишле во крајност . Секој има право на избор освен кај Хитлер ,Сталин ....убаво рекле моќта е слепа....

    А прочитајте го ова : Evil is cumulative. It happens. People believe that they’ve got to do a job, they’ve got to take on an ideology, that they’ve got a life to lead; they’ve got to survive, a job to do, it’s every day inch by inch, little compromises, little ways of telling yourself this is how you should lead your life and suddenly then these things can happen. I mean, I could make a judgement myself privately, this is a terrible, evil, horrific man. But the job was to portray the man, the human being. There’s a sort of banality, that everydayness, that I think was important. And it was in the screenplay. In fact, one of the first scenes with Oskar Schindler, with Liam Neeson, was a scene where I’m saying, 'You don’t understand how hard it is, I have to order so many—so many meters of barbed wire and so many fencing posts and I have to get so many people from A to B.' And, you know, he’s sort of letting off steam about the difficulties of the job.- ова го рекол Amon Goeth (Schindler's List)

    Како бе работа , какво преживување , какво измачување за бодликава жица за Амон Гот кога милиони Евреи ,Роми ,деца,близнаци биле најбрутално измачувани ,изгладнувани ,изживувани и оставени да умрат додека тие си ги остварувале своите хирови ,уживале во забави , во малтретирањето на невините души .. :envy: Нема оправдување за неговите идеи , за неговата одмазда ,за неговата желба за колонии кога во тие концетрациони логори живи се спалувале , се труеле и масакрирале невини луѓе .



    Еве го и создавателот на логорите ..Хајнрих Химлер бил главен заповедник на нацистичката паравоена организација СС и еден од најмоќните луѓе во Нацистичка Германија, втор по моќ, зад Адолф Хитлер, во хиерархијата на Нацистичката партија. Како рајхсфирер на СС, управувал со СС и Гестапо. Како основач и главен управувач со нацистичките концентрациони логори и одредите на смртта Einsatzgruppen, Химлер ја имал главната одговорност за истребувањето на „подлуѓето“ кои биле недостојни за живот. Кратко пред крајот на војната, тој понудил да ја предаде цела Германија на Сојузниците, ако го поштедат од судење како нацистички водач. Подоцна извршил самоубиство со цијанид кога станал заробеник на британската армија откако Германија ја загубила Втората светска војна.


    Еден забеган лидер го следат само луди следбеници ,додека оние со здрав разум се секогаш на вистинската страна и придонесуваат за негово отстранување..Затоа голема почит за оние кои спасиле голем број на Евреи ...
     

    Прикачени фајлови:

  8. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Женски
    Еве нешто поврзано со ова :)

    http://www.fakulteti.mk/news/12-02-24/p ... ogash.aspx

    Само се изнервирав зошто на женава не и ја дале наградата за мир зошто многу заслужува а ја дале на некои си за глобално затоплување ебате нема везе едно големо браво за женава и тоа што го правела :)
     
  9. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Е тоа што викаш.Како не ја добила бе :o |( Таа го жртвувала својот живот за другите и направила толку добрини и не ја добила наградата,а ја добил некој што изработил презентација за глобалното затоплување |( После него,наградата ја добил Обама поради неговата листа на ветувања :fubar: :fubar: :fubar: Жената навистина заслужува нобелова награда за мир и повеќе од тоа!
     
    На sweet-star и doll.a им се допаѓа ова.
  10. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    За хитлер има само два збора шо го опишуваат- коњ, коњосан
     
    На lattie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    33
    Хитлер бил натпросечно интелегентен само што ја искористил својата генијалност на тотално погрешен начин. Холокаустот бил поттикнат од тоа што Хитлер бил упорно бркан од работа поради некои евреи и му „пукнал филмот“. Тој се преселил во Берлин по смртта на мајкаму која премногу ја сакал. Нејзината смрт толку го погодила што човекот се преселил во друга земја дури. Се обидел и да стани уметник но не му успеало. Мајката на хитлер била еврејка (не сум сигурна дали пола еврејка или не). Јас мислам дека таа омраза кон евреите што ја имал тој е од психолошки причини. Смртта на неговата мајка толку го погодила и го направила толку огорчен што него само му требало мал поттик за да направи огромно дело. Тој сакаше да створи нова раса - ариевска раса - од луѓе со плави коси и плави очи а ни самиот тој не одговара на тој опис, сакаше да ги истреби евреите (во Mein Kampf тие се опишани како штетници) а и самиот тој половично беше евреин. Сето ова ме тера да мислам дека сепак желбата на Хитлер да ги истреби Евреите е од психолошка причина - тој сигурно бил ментално болен. Неговата омраза кон Евреите и желбата да владее со целиот свет кулминира со опустошување на многу држави, палење на синагогите (тој им забрани на пожарникарите да ги гаснат синагогите, со што тие само внимавале пожарот да не се прошири и на соседните згради), сериозно ослабување на европската економија со што Америка го зазеде местото на економски најразвиена земја во светот и најважното - милиони изгубени животи меѓу кои и невини мали дечиња без разлика на религијата.

    Јас не ги оправдувам делата на Хитлер никако, но ситуацијата на германците со евреите, може да се спореди со нашата ситуација со албанците кои дојдоја по војните на територијата на Југославија кај нас.
     
    На Istata od vcera и Purelove92 им се допаѓа ова.
  12. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    За Хитлер само едно мислам-болен психопат.
    Толку!
     
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Јас не го осудувам. Неговите постапки се резултат на постапките на Евреите. Тие тогаш уживале, буквално, ги имале сите права, како што јас знам. Не сакале да и‘ помогнат на неговата мајка која била на смртна постела, всушност тие се виновни за нејзината смрт, зашто не ја излечиле. Неговото место честопати било превземено од Евреите. Кај него тоа створило револт спрема нив. Нормално не го ни оправдувам Холокаустот, милиони и милиони биле убиени во тие логори на смртта. Не знам многу за Хитлер, баш би сакала да ја прочитам Mein Kampf.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Па баш постојат некои муабети дека неговата омраза кон Евреите се развила токму поради неговата неостварена љубов да стане уметник. Евреи биле тие кои не го примиле на ликовната академија иако се пријавил двапати (неколку години откако останал сирак) со објаснувањето дека „немал талент за сликарство, туку неговиот талент може подобро да се искористи во архитектурата“. Така тој останал сиромашен сирак, живеејќи по куќи во кои живееле сиромашните работници. Ова ме потсети на дел од еден филм кога еден психопат (млад научник) разговараше со психијатарот и тој вака му рече: „Човек кој има силна страст кон наука/уметност и тн. е способен да направи големо и прекрасно дело. Доколку има пречки на тој пат, тој го прави токму спротивното, големо дело кое не е ни малку прекрасно, туку деструктивно.“

    Не го оправдувам ни најмалку за она што го направил, напротив го осудувам и го поздравувам фактот што куќата во која живеел во Австрија денес е ментална институција, а не музеј како на повеќето други државници, туку ете дадов своја претпоставка откога почнал да му се раѓа тој гнев кон Евреите. Сигурно полесно му било да живее во заблуда дека Германец сигурно не би му ја направил истата неправда.

    Во никој случај не оспорувам дека бил човек со врвна интелигенција, а на многу места читам дека бил и човек со голема харизма и беспрекорен говор на тело. Сепак, штета што бил таков монструм.

    Според мене, таа негова омраза уништила еден човек со навистина висок потенцијал.
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    За да ја разберете омразата на Хитлер кон евреите, потребно е да бидете запознаени со политичките сфаќања на не мал дел од луѓето низ Европа во тоа време. Хитлер само овозможи технички услови да дојде до холокаустот но омразата кон евреите била всадувана со векови наназад низ Германија и Европа. Уште Мартин Лутер (1483-1546) основачот на протестантската реформација беше голем антисемит и активен подбуцнувач на екстремна омраза кон евреите во своите теолошки списи и проповеди. Низ царска Русија почетокот на XX век се случуваа тнр. погроми врз евреите (Киев, Одеса, Дњепетровск) но и на почетоците од СССР.

    Освен тоа првобитниот план Хитлер и компанија не била да ги испоубијат евреите, туку најпрвин им нуделе со „убаво„(вршејќи притисоци и заплашувања) да си заминат во Палестина(Израел не постоел тогаш како држава) со обезбеден превоз во еден правец. Но повеќето биле незаинтересирани - едноставно тие биле родени и научени да живеат во европа а не во некои блискоисточни услови.
    Следна предложена алтернатива 1938 год. бил тнр. „Madagaskar Projekt„. Идејата била присилно и масовно да се депортираат европските евреи на Мадагаскар, демек таму никому нема да сметаат, нека си живеат со автономија(контролата сепак би ја имала Германија преку марионетска влада, но евреите би живееле далеку послободно). Хитлер, Хајдрих, Химлер, Геринг сите биле задоволни од планот и почнале да ги превземаат првите конкретни чекори, дури било и стопирано градењето на Варшавското Гето бидејќи се чинело непотребно. Се планирало за транспорт да се искористат бродовите на британската поморска флота бидејќи нацистите сметаа на тоа дека на брзина ќе ја поразат Велика Британија. Меѓутоа британците пружиа отпор, а есента 1940 планот Мадагаскар бил откажан, и потоа се донесе одлука за тнр. die Endlösung der Judenfrage (Конечно решение на еврејското прашање) која почна целосно да се имплементира 1942 год.

    Инаку препорачувам два филма во врска со темата за Хитлер, ги има низ јутјуб во делови:

    Hitler: the rise of evil - Хитлер: подем на злото (2003)

    Канадска играна мини тв серија за почетоците на Хитлер и неговото доаѓање на власт, безмилосна пресметка со политичките неистомисленици, замолчување на тогашните германски медиуми, но и убивање на сопствените поданици. Филмот ги раскажува настаните до 1935 год.

    http://www.youtube.com/watch?v=6Gsy4xs02Hs


    Der Untergang - Пропаѓање (досл.заоѓање, залез) од 2004 год.

    Филм за последните денови на Хитлер и третиот германски рајх(=царство) а правен е врз основа на сведоштвата на последната Хитлерова секретарка Траудл Јунге (1920-2002)

    http://www.youtube.com/watch?v=U7AGbgzfXis
     
    На tessie и marijaz им се допаѓа ова.
  16. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
  17. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    а што претставува неговиот кукаст крст?? ај некој ако сака нека ми објасни :D
     
  18. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Толку ме нервира тој :x
    Што не им направил на луѓето, Катастрофи..
    Па и мали дечиња :( Без душа :worried:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Многуу ги сакам германцитее ама Хитлерр незнам што да кажам.....изродд излезен од германија.. :@
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Мене ми е поверојатно дека Хитлер бил нечија маша за вадење на костените од огнот, марионета преку која која се спроведувале гадни работи кои му паѓале на памет на некој сосем трет...некој кој седел во сенка и уживал во реализацијата на своите луди идеи. Очигледно е дека кај него постоела омраза, но исто така многу ми е веројатно и дека таа омраза некоја убаво ја искористил.
     
    На Istata od vcera, babaDara, Divajn и 1 друга личност им се допаѓа ова.