Во ноември, 1932, се одржале последните слободни избори во Германија пред Нацистичката партија да дојде на власт, Хитлер на овие избори изгубил седишта во парламентот, а никој немал мнозинство за влада, на крај (јануари, 1933) мандатот му е врачен нему. Економијата била партал како резултат на Големата депресија пред која што покажувала знаци на заздравување. Не знам зошто сум пишувала обратно, од инает сигурно. Партијата му ја финансирале богати германски и во извесна мера, американски индустријалци. Расизмот и антисемитизмот во тоа време биле вообичаени, за жал, само што нацизмот оди неколку чекори подалеку. Притоа, законите биле суспендирани и за самите Германци, ме зачудува бизарната принудна стерилизација на "генетски", што често во превод значело и политички "неподобни". Ама најголема мета биле Евреите. Mислам и дека економијата зајакнала со одземањето средства и имоти од Евреите. Тие, година по година, останале без никакви права.