Јас не можам да разберам зошто Хитлер сакал Германија да ја направи моќна кога тој бил од Аустрија .За германци ги сметал сите тие што имале плава коса и сини очи?? А која боја на коса и очи ја имал тој ? Тоа ти е лудост.Катастрофа
Свастиката т.е. кукастиот крст е симбол превземен од источните религии - првенствено од хиндуизмот, но присутен е и во други култури напр. кај словените и може да се види на некои православни храмови од средниот век. Во хиндуизмот се претставува вака: Свастиката во Германија не ја употребил прв Хитлер, таа била во употреба низ разни окултни и политички здруженија. Почетокот на 20. век во Германија биле популарни теориите дека Аријците, за кои некои теоретичари велеле дека се посебна, над-раса, потекнуваат од Индија. Хитлер во голем дел ги прифаќал тие теории а самиот симбол го сфаќал како симбол на создавање и нов живот. Симболот го искористил како дел од знамето кое самиот го смислил за својата националсоцијалистичка партија, а подоцна станало и државно знаме : Црвената боја го симболизира социјализмот, белата - националната идеја а црната свастика - задачата за борба на ариевската раса и победа на идејата за кретивна дејност. Воедно црната, белата и црвената боја биле боите на старата германска империја која постоела од 1871-1918. Кога станува збор за знамето на нацистичка Германија кое било во употреба од 1935-1945 симболиката која јас лично ја гледам од денешна перспектива, е: бела топка = светот; црвена боја = крв; црна боја = смрт, тежина; кукаст крст = нацизам Со други зборови кажано: светот потопен во крв под доминација на нацизмот. п.с. инаку кукастиот крст е и ден денес во употреба на знамето на финската авијација но нема никаква врска со нацизмот и Хитлер. Тогашните американски мултимилионери, особено Хенри Форд (основачот на Ford автомобилската компанија, инаку голем антисемит) компанијата IBM и други, сèсрдно му помагале на Хитлер. Од тоа тие имале голем профит но и намалување на еврејската бизнис конкуренција низ Европа.
...бил романтичен морбид. Зошто?-Затоа што за време на Холокаустот(требењето на Евреите поради религиска причина, теоријата дека тие биле виновни за смртта на Исус Христос), Хици, знаејќи што се` ги очекува во логорите на смртта, им пуштал романтични песни. Тие-кутрите(или сепак не), биле приморани да ги слушаат љубовните песни, што Хитлер налагал да им ги пуштаат. Доказ за горе наведеново е песната „Dance me to the end of love“ Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=7pA5UhNaYw0 преубава песна. на Леонар Коен. Таа твори, за двајца вљубени кои знаат дека за нив нема утре, и сакаат да ја искористат љубовта, и времето што им преостанува, заедно. Дури, се спомнува, како вљубениот ја повикува љубената, да танцуваат за децата што никогаш нема да бидат родени. Нивните деца. Леонард Коен бил од еврејско семејство, и од голема потреба и желба, ја напишал песната. Жално, зар не? Сепак, теоријата на Историјата, дека Холокаустот се јавил поради религиска причина, според мене не држи вода. Тоа се само теми на заговор. Зошто?-Затоа што, во историјата да избувне нешто се дешава само поради политички причини. Хитлер бил човек со преголем коефициент на интелигенција. Бил сликар, и свирел. Пишувал поеми. Бил вегетеријанец. Имал само еден тестис. Најголем фетиш му било жена да му се помоча на градите.
За никаде бил навистина. Што и да била причината не смеел да „истребува“ одредена група на луѓе. П.С Ако тие црежи навистина се од него, тогаш убаво цртал.
Изопачен психопат,колку невини луѓе умреле,од една страна ако сам го смислил сето ова му пуштам рака,ама ако бил само марионета управувана од Американците или во најлош случај од самите Евреи како што кажа некој,се било наместено за Евреите да добијат своја држава,тогаш значи не е виновен тој,никој не може да знае,како и да е останува најозогласената личност на сите времиња,ах да беше жив да ги истребеше непослушните браќа
Некои многу позлобни и попаметни луѓе ја искористиле неговата тага, огорченост и омраза и направиле психопат од него кој за нив ги вадел костените од жарта. Единствен светски диктатор кого го сожалувам.
Нималку не ги поддржувам неговите постапки, какви и да се сепак се луѓе, секоја чест на тие што успеале да спасат неколку но тоа е многу мал број во споредба со оние убиените, навистина грозно. Но, ниту вас не ве сфаќам. Ве читам како го грдите со зборови, а потоа читам: „Сега да е тука да ги истреби браќава.“ Навистина не ве разбирам. Вистина е дека поединци не го сакаат македонското население и сакаат да наштетат, но има и такви кои сакаат да се вклопат во заедницата и не сакаат да бидеат омаловажувани и одвоени. Сите луѓе не се исти!
Му се восхитувам за способноста да убеди војска и држава да застане зад него. Реално гледано, станувало збор за еден човек со психичко растројство. Лесно можел да биде сопрен во неговите планови.
Значи и јас така мислам за него, мн грозен човек бил, она е нешто претерано што го правел, па чекај бре човеку и другите имат душа и срце, и другитее сакале да живеат убав живот, ама то е....
Хитлер не сакал да ги уништи само Евреите, туку сите нации кои не се „ариевска раса“. Во ред, бил интелигентен. Само натпросечен човек може да има такви планови кои ги реализира на одреден начин. Непростиво е она што го сторил. Колку невини души НАРЕДИЛ да се убијат. Всушност, имам слушнато дека тој воопшто и не убил човек со свои раце, туку преку други. Сепак, гледано од друга страна, без него Германија не ќе била тоа што е денес, а со тоа и светот не би бил ист. Исто така, голем број откритија се пронајдени како средство за напад и заштита во текот на Втората светска војна. Но ова не е НИКАКВО оправдување. Не може да се прости смртта на милиони невини души. Никогаш. Никако.
Бил и метал пеач... http://www.youtube.com/watch?v=QWOLym9M0f0 Пародијава е направена од спој со инсерти од филмот Untergang и песната Ich will од германскиот бенд Рамштајн.
Требаше да правиме есеј по историја за Хитлер и Холокаустот и мојот беше еден од најдобрите и навистина ме заинтересира за него, па имам доста истажувано... Хитлер бил многу интелегентен човек, но за жал неговата интелегенција не ја насочил позитивно.(Баш читав пред некој ден дека се обидел да го убие Черчил со чоколадо-бомбици- но го откриле Британски агенти ) .Мислам ако не бил тогаш назначен од страна на Паул фон Хинденбург за канцелар на Германија, не би дошло до ова, веднаш по ова стекнал моќ, нели почнал да го воспоставува ‘’ Третиот Рајx ’’ си формирал војска Шуцштафел ( Schutzstaffel- безбедносен одред) и ајде... туку стварно се изнанадив како успеал да направи војската така верно да му служи, никој не му се спротиставил. Се ежам на самата помисла кога ќе ми текне дека од косата на жените биле правени перници и фломастери, а од кожата на луѓето лампи. Баш за ова со лампите била обвинета Илсе Кох-сопруга на прочуениот нацист Карл Ото Кох, таа е позната по тоа што бирала затвореници со најинтересни тетоважи, се со цел да ги убие, и од нивните кожи да направи ламби, шетала гола низ логорите и со камшик ги тепала затворениците. Еве документарецот за лампите. http://www.youtube.com/watch?v=mzpPo_EqSes Како што знам двајца затвореници од Аушвиц успеале да избегаат, Рудолф Врба и Алфред Ветцлер, тие се криеле во куб од дрва цели три дена,стражарите ги барале но не успеале да ги најдат, најпосле тие избегале доцна во ноќта и се упатиле накај Словачката граница, кога стигнале,се упатиле кој Словачката еврејска заедница за да им раскажат што се случувало во Аушвиц, им опишале се до детал и ги предупредиле дека Евреите од Унгарија ќе се следни, и дека логорот е веќе спремен за нивното пристигнување . Бил пратен и извештај до Папата, но Папата не го објавил извештајот и не ги осудил овие масовни убиства , туку молчел !, и други затвореници пробувале да избегаат ама не успевале, тие што биле фатени ги погобувале и останатите затвореници биле принудени да го гледаат нивното погубување. Откако Германија ја окупирала Унгарија, почнало депортирањето на Евреите од Унгарија, и СС направиле чекор , се формирал тим предводен од Адолф Ајхман. Тој ја организирал депортацијата на Евреите во логорите, поради ова често пати бил познат како Главен егзекутор на Третиот Рајх. Кога Евреите од Унгарија пристигнале, тие одма биле пратени во гасните комори. На 2 јули САД ја бомбандирала Будимпешта, тогаш возовите биле запрени, и околу 120 луѓе биле спасени. Рудолф Врба и Алфред Ветцлер се придружиле во Чекословачкиот партизански отпор и се бореле против нацистите се до крајот на војната.На 27 јануари 1945 год. Црвената армија го ослободила Аушвиц. Алфред Ветцлер останал во Словачка, каде што се оженил и станал новинар, а Рудолф Врба се оженил со неговата другарка од детството Герта Сидонова и се преселил во Канада. ( делови од есејот мој ) Него нешто што не ми е јасно.. најдов фотографии снимени ( од авион) од страна на Британците, каде што јасно се гледа Аушвиц, па зошто не презеле нешто ? зошто не фрлиле некоја бомба? или барем пругите да ги бомбандирале па за да неможат возозите да приситгнуваат.. кузнае
Не е толку за чудење, бидејќи католичката црква низ вековите честопати ги подржувала војните, а исто така ја поттикнувала нетолеранцијата кон евреите и припадниците на другите вери. А спомнатиот папа Пио Дванаесети бил подоста вплеткан во активностите на нацистите, иако формално ги прекорувал. За тоа документирано зборува книгата: „Кобниот Папа - Пио XII и неговата вплетканост во злосторствата од 20. век и зошто токму него Ватикна сака да го прогласи за Блажен„ - линк На фотографиите не се гледа ништо посебно, само згради. Инаку самите британци им забранувале на евреите да доаѓаат во Британија за време на втората светска војна. Оние кои успеале да дојдат, доколку биле откриени, веднаш биле депортирани назад. На фотографијата долу се гледаат евреи од Чехословачка кои по нивното доаѓање во Лондон март 1939, биле протерани во Варшава, Полска.
Да бил натпросечно интелегентен, но имал психичко растројство предизвикано од психијатарот Едмунд Форстер. Хитлер откако го одбиле на академијата за уметност станал војник. Бил необично добар војник со оглед на неговите здравствени проблеми, но еднаш го погодила бомба и предизвикала хистерично слепило, болест каде пациентите мислат дека се слепи, но тоа е психолошки производ на бомбардирањето. Форстер го лекувал Хитлер прашувајќи го како ќе го оствари својот сон, ако е слеп. Исто така Форстер бил убиен од страна на Хитлер. Еден војник имал шанси да го убие, но се сожалил, бидејќи Хитлер во тоа време бил ранет. Војникот добил повик од Хитлер, кој му се заблагодарил за неговиот живот. На војникот во тоа време сигурно не му било мило со оглед на ситуацијата.
Ненормален човек, само не можам да сфатам како живеел знаејќи дека многу невини луѓе страдале заради тие негови глупави интереси...Каква штета направиле Евреите и останатите за тој да ги убие? Како можел да биде толку нечувствителен човек...Немам коментар,навистина не можам да разберам зошто толку многу луѓе убил,кога никој не му бил виновен што неговите интереси и желби не можеле да се остварат.
Монструм. Не би ме чудело и да бил жив. Човек што убил толку луѓе си живеел мирно до крајот на животот. Не ја добил казната што ја заслужувал.