Верувам дека за некои е избор. Е сега избор е колку што некое дете би избрало да е христијанин, а е растено во муслиманско семејство или обратно. Мислам дека тие што навистина одбираат да го носат сами без притисок се сепак многу ретки. Прашањето на слободен избор може подобро ќе се види ако се решат тие жени од утре да престанат да го носат. Дали ќе бидат третирани скроз исто?
Јас никаде не реков дека цела религија е таква, јас кажав дека кај нас во земјава е така во најголем број случаи, нигде не спомнав за пошироко.
Веќе пишав зошто. Ако се работи за мода и стил, не би го носеле нонстоп, туку кога сакаат. Тие го носат затоа што мораат. Баш оти сум либерална ми смета ширење на вакви шовинистички доктрини поразителни за слободата на жените и девојчиња, без разлика дали доаѓа спакувано како ислам, христијанство или будизам.
ајде ајде сега .... сакале повиени од гла до пети да шетаат. Да да поверувавме дека на +45 на сред бит пазар тие од гла до пети се повиени оти ТАКА САКААТ
Во гностичките движења, кај катарите имало одредници. Е сега, патријаршии не се сеќавам, може да грешам и да употребив погрешен термин зошто во поново време се користи истиот. Тогаш имале одредници, скалила на Висост по чин... Како и да е, баш од редовите на Римокатоличката Црква биле палени Богомилите (вештерките). Имаш видено, жени со црвени и црни долги коси. Тоа им било архетипен показател дека истите биле нечисти и зли. Овој прогон се случува далеку уште пред 16ти век, ама трае до 18ти некаде.
А нели имаше некоја принцеза, дали од Саудиска, шо јавно се бунеше против носење хиџаб.Шо бидна со тоа?
Либерал не тврди дека носат оти мораат,туку признава дека некои носат оти самите сакаат и не му смета тоа.
Ред, океј, до некаде во право си. И конзервативизмот е избор, исто како и прогресивноста. Но, кажи ми искрено, за каков избор зборуваме, кога станува збор за една просечна Албанка од рурално селце која за пример од мали нозе гледа илјадници генерации баби и тетки завиени во хиџаб? Или за било кое девојче од исламска вероисповест кое од мало е задоено со идејата дека женското тело е грев? Бидејќи покривањето на телото токму затоа првично ѝ служи. Таа традиција произлегува токму од тие сфаќања, кои не може да се гледаат одделно.
Не знам шо кажува во другата тема, ама за ова е во право и во основа, и на другата тема, патернот е ист. Имаш избор кога имаш избор. Кога немаш избор, не е тоа избор. Затоа реков погоре, не сум начисто со деца со шамија. Да, Виена е чудесно место, и 5годишно девојче имам видено со некоја варијанта на џихаб. И девојчиња по скопски села имам видено, и студентки на факултет. И вработени во државна администрација, со критериум да најдат маж кој нема да сака да ги забули. Значи притисокот постои. И религиско заведување/индоктринација постои, веројатно сега многу поизразено од порано. Јас само за себе можам да кажам дека имам избор, и мое е дали ќе носам или не шамија, дали ќе одам ваму или онаму, дали ќе бидам или не верник, христијанка, муслиманка, џедај. Како е на другата страна, секој за себе знае.
А зошто на никоја од немуслиманките на темава не ви се пројавила онака желба да изберете да носите хиџаб?
Точно е тоа дека хиџабот е исламски конзервативизам, но да внимаваме да не ја претставуваме и другата крајност како нешто „прогресивно“. Кога велам другата крајност, мислам на полуголи девојки и мажи, извадени цицките на изволте, промискуитетен живот кој шири зарази, сида, секс без граници, секс со мажени/женети луѓе, па разводи итн. Не, ова не е прогресивност. Ова е морална деградација на општеството денес.
Значи мажите НЕ СМЕАТ да им кажуваат дали да го носат или не.Ама мислам ова никој не го почитува. Дека братот на мажот не може да ѝ фрли око Најлошото нешто шо сум го прочитала ever.Као ,,ај нека се замота да не му ги троши парите на мажот за облека и накит, епа сегде да им дозволуваа да работат жените немаше да ,,мира да им ги трошат парите на мажите”.А за 4тото да не зборам Невкусно
Верувам дека на некои им е избор, ама факт е дека најчесто, тоа е “наметнато”, макар и подсвесно. Живеам во град, во чија близина има муслиманско село, во кое се ептен религиозни. Да не фрлам бројки од ракав, ама 98% од возрасните жени, носат хиџаб. Муабетот ми е, очекувано е некое девојче, кое цел живот расне во дом и средина, каде што сите жени се забулени, вклучувајќи ги и неговата мајка, баба и сл., да сака и тоа да се забули. Природно е да биде под влијание од околината. Во клас имав едно 10тина девојчиња, муслиманки. Од нив, 2 носеа хиџаб уште на 14-15 години, фактички од прва година во средно; без хиџаб, не сум ги видела. Нивните мајки, од што сум ги гледала по родителски, сите беа забулени, освен една. А, девојчињава, скоро сите ставаат хиџаб откако ќе се омажат, а тоа е некаде на 20-22 години. Не знам колку им е избор, ама во тоа место каде што живеат, мислам дека би ги гледале на криво, ако не се забулат, што пак ме доведува до заклучокот дека до некаде е наметнато.
Добро прашање, ама сакам ти да ми дадеш одговор ако сакаш. Знаеш дека феминизмот опфаќа повеќе правци, односно движења. Радикален, социјалистички, култоролошки и либерален. (Најбитните ги набројуваме само). Во овие определби каде може да се смести религиозната жена, што мислиш ти?
А,на жена болна од рак која ја покрива главата дали би ѝ рекле дека ви смета тоа? Дали би ѝ рекле дека сигурно ја покрива главата оти и други болни жени така прават? Или тогаш ќе признаете дека тоа е нејзин избор?