Во Џамија не можеш да влезеш без марама на глава и по кратки пантолони или мини сукња. Во Туција фино си зедов марама си се покрив и си влегов во Аја Софија.
Тоа е почит кон верниците. И чевли соблекувам. И во наш манастир долга суќна носам. И така е правилно, за да не ги навредиш верниците.
Мене не ми смета шо носат хиџаб, мене ми смета што јас на 40 степени носам фустанчиња, маици на прерамки а они се изнапокриени, ми смета шо нивните шо си ги забулуваат жените нѐ зјапаат нас непокриените (ми се десило сто пати), ми смета шо ја пливам во купачи слободна ко рипка а они се тегнат со тоа марамите низ вода и после им држи ладно. Ми смета што мислат дека ако ги замонтираат дека нема никој да ги глеа и дека не смее да ги глеа, ма немој молим тее.Машките смеат да гледаат и да бидат гледани, а жените не?Е мало морген. Не ми смета хиџабот ко хиџаб него неговата заднина,а за лепота никој не ја носи. Имав другарка Турчинка, помодерна муслиманска фамилија немам видено, и она и мајка ѝ шо сакаат си носат, од маици на прерамки до миничи фустани сѐ.А гледам низ Чаир девојчиња шо уште да ме извините гзот не знаат да си го избришат а ги заблиндирале синкир ќе се е** со првиот шо ќе ја сретне. Ај ви се молам у 21ви век треба сѐ да е нормализирано. Џабе се бориме за феминизам и права на жените коа и жени поддржуваат вакво нешто
Искрено, баш и не ме засега бидејќи нема врска со мене. Ниту ми пречи, ниту поддржувам. Мислам дека во секуларните земји, одамна е опаднат процентот на муслиманки кои се покриваат. Јас имам комшики муслиманки од по 50 години кои кога бев дете излегуваа надвор со покриени коси, а сега не. Се се прима и учи од околината. Опресијата на жената во исламските средини е друга тема која посериозно ја доживувам, не би сакала да ја мешам тука.
Дали убаво прочитав?! Ако ми смета мода и стил кои претставуваат опресија над жените, значи сум нешетана и не излезена од дома? Да, ми сметаат. Секое прифаќање на таа покорност значи опасност за уште еден маж плус кој мисли дека има право да фрла киселина по некоја затоа што не му обрнала внимание. Извини што не сакам во таков свет да ми живеат децата. Модата отсекогаш претставувала слобода, а хиџабот нема никогаш тоа да биде.
Зборајте ми за еднаквост и своеволно носење на бурки, кога таа е замотана во црни чаршафи на +40 степени, а Мажо до неа се луфтира во бермуди и блуза на куси ракави. Да, ептен своеволно. И не го споредувајте тоа со кодексот на облекување во цркви и манастири. Нормално е кога влегуваш во некоја институција да ги почитуваш правилата за тоа како треба да изгледаш. Ниту ми било проблем да ставам суќна и шамија, ниту ќе ми биди. Ама тоа да ми биди "животен стил" , насекаде да одам покриена за да не предизвикувам машки погледи??? Наместо да одиме напред, ние назад.
Reality.. Пред мене во Ница 2013та (а во 2010 та забранија носење хиџаб или бурка исти курац) влага во вода замонтирана цела Само очите и се гледаа, надвор беше оган значи мислевме со моите ќе умреме. И кожата шо ја имам ми сметаше од жешко.И тогаш прв и последен пат видов таква ситуација и ептен неубаво се осетив. И баш им реков на моите ,,не ли им е жешко? Зашо не се соблечат” и татко ми ми рече ,,така им налага верата”
Немој да поистоветуваш насилство на жена како фрлање киселина, ете и сакатење кај некои на клиторисот на девојките со носење хиџаб. Иако разбирам како размислуваш и ги поврзуваш работиве, што можеби и јас така сум ги поврзувала некогаш, ама како што наведов и јас и друга членка сменети ми се перпективите по тоа прашање за хиџабот и сега бидејќи е во оваа категосија и тема кај што е го дискутирам од аспект на мода, нечиј стајлинг. Бидејќи убаво потврдивме погоре не оправдуваме кога е наметнато, особено на малолетнички, а за се друго како некоја решила да се покрива или не стварно не е моја работа.
Значи можеме да се согласиме дека исламот налага казна за предбрачен секс, така? Добро бре, жени бранат религија што опресира жени. Сериозни сте?
Мислиш во Сината Џамија, Аја Софија како музеј секогаш сум ја посетувала како што сум била облечена, никој не ми налагал на влез да се покривам. Иако со хиџаб, бурка можеш слободно да си шеташ и низ Истанбул, било каде во Турција и кај нас. Еве дали шеташ тука покриена? Тоа е муабетот дали своеволно избираш да не носиш или носиш, од модни, религиски, еве спомнаа и финансиски или било какви др. причини и перспективи. Јас спомнав не би носела, можеби некогаш имам лични причини зошто сега да не идам во детали. Друго многу измешавте тема во тема да иде до поделби убаво пишала во својот коментар @Cosmic Girl и сега во ист кош ставате места каде владее конзерватизам без приговор, каде слепо се следат религиските начела, традиции и се тоа е во навика претворено и места каде е многу полиберален животот и изборот што ќе носат на глава, а што не. Ете идете видете во еден Истанбул, мешавина од култури, луѓе и народи колку млади девојки си живеат и шетаат слободно без потреба да се покриени, ама има и покриени. Ете погоре спомнаа и во Чаир ги има и на Бит Пазар исто така, што мене лично не ме засега. Доколку мене не ми наметнуваат тие тоа да носам бидејќи е нивни избор и го почитуваат моето не за тоа и јас го почитувам нивниот избор за да, да носат.
Мене искрено воопшто не ме засега само дали е +40 или -40 степени прснете Рексона или Dove под мишки. Толку.
Имаат во покривање на главата. Џаст,претера. Фала,знам многу добро како им е на болни од рак.Ги имам во опкружување. Нема тука нехумано.Нормални прашања се. Кој што сака нека носи на глава.Не ми смета.Негово/нејзино право е. Еве,да се изразам малку поинаку. Дали за секоја жена која ја покрива главата сметате дека ѝ е наметнато оти и други така налагаат или прават, или за некоја ќе речете дека е нејзин избор? Вие треба да размислите како би се чувствувале девојки муслиманки доколку би ги прочитале мислењата против носење хиџаб,а кои носат хиџаб по нивна волја,а повеќето се запнавте дека на секоја ѝ е наметнато? И сега прашање до сите што се против носење хиџаб и што упорно спомнуваат наметнување. Ако во други ситуации велите дека девојката/жената има право на избор и дека нејзиниот избор треба да почитува,зошто не покажете почит или барем разбирање за таа која носи хиџаб ? Зошто ви е тешко да сфатите и прифатите дека некоја муслиманка носи хиџаб оти таа самата сака,а не оти некој ѝ вели да носи ?
Еве јас како противник ќе ти кажам, пошо ја не би носела, не гледам потреба, ја приме верувам во Господ па немам ланче со крст, шо не ме праи помалце верник од тие шо носат ланче со крст.Така и они, ако не носат хиџаб не се помалце вернички од тие шо носат.Плус кој сака бе да шета замотан као мумија на +40?Ај не зезајте, демек попријатно е да пливаш у море на 45 степени со мантил до земја него во купачи?Поубаво е да седиш замонтирана и само фацата да ти се сунча место цело тело? Поубаво е да имаш прекрасно лице и да ти ги гледаат само очите?
Затоа што е многу тешко да поверувам дека тоа е нивен личен избор, а не наметнат. Самата обврска ја нарекуваат compulsory - задолжително носење. Секоја чест на исклучоци, сигурно ги има, но ти се фаќаш за сламки. Дури спомнуваш болни од рак само за да си го оправдаш аргументот. Не ми е намера да навредам ниту муслиманки, ниту христијанки, и за двете групи пишував. Но не можам да се помирам со релативизации дека хиџабот е обична марама и се носи затоа што е модерно, не може никој да ми продава мода, а да вели дека се носи како почит кон религијата, кога баш во Куранот се вели дека облекувањето треба да е скромно, сепак не може тоа да биде во исто време и мода. Сакаш да бидеш модерен, значи сакаш да искажеш нешто и да се истакнеш со тој стил што е против целата поента на носење хиџаб од религиозни причини. You can't have it both ways.