А за вакви пропаганди шо ќе кажете? https://m.facebook.com/108867939621...474623369712460/?type=3&source=57&__tn__=EH-R цитирам ,, Алах им препишал на муслиманите да се покријат!Тоа значи да носат хиџаб.Сестро упорно кажуваш НЕ?-Значи си ГРЕШНИЦА." Понатаму од друг сајт: Основните принципи на муслиманскиот кодекс на облекување се содржани во Куранот и прилично недвосмислено се толкуваат од теолозите. Стих 24:31 вели дека муслиманските жени треба да „ги штитат своите гениталии“, „да го покриваат деколтето со ќебиња“и да не ја покажуваат својата убавина на никого освен нејзиниот сопруг и другите роднини кои припаѓаат на категоријата махрам - ова е името на сите роднини за кого жената легално не може да се омажи ова да ги штитат своите гениталии ме потсети на ова (без навреда ама гадно звучи) : Понатака : “I wear this scarf because when I was a child I was socialized to be embarrassed, even ashamed, of my religion and my culture. I was told that to be a Muslim was to be a terrorist and that to be outwardly Muslim was to endorse violence and oppression … I understood that I would be unwelcome as long as I wore symbols of my heritage and chose to, in however modern a way, embrace my ancestors.” https://theconversation.com/why-do-muslim-women-wear-a-hijab-109717
Очигледно не гледаме исто на религијата и религиозните жени. Само мое лично мислење е дека нема никаква врска полот а и генерално нема ништо лошо во почитување на религијата.
Не ме сфатија. Не за си го оправдам,туку за да прочитам размислувања. Сите правиме избори во животот. Се менуваат времињата и размислувањата.
Носам хиџап од мојата 18 та година и не поради мода туку поради себе поради моето верување према мојата вера.. Секој си има свој личен став и свое мислење
Извини што те цитирам ама надвор од разговоров моментално шо го прајте, ме интересира кога може жената да го симне хиџабот? смее ли по своја волја и дали ако "згреши" нешто треба да го извади?
Жената го симнува хиџапот дома доколку нема туѓи мажи и нај нормално кога се бања кога спие.. Една жена кога решила да го стави хиџабот не треба да се вади ама да има и такви кои во денешницава си го вадат хиџабот и си играат играчки .. и на пример што да греши ? Која и да е грешката хиџабот не се вади
Мило ми е што пиша овде и го кажа твојот став, како што гледаш овде се разви дискусија околу изборот и не/слободата околу тој избор. Ќе те прашам нешто, не мораш да одговориш ако не сакаш. Дали доколку сакаш еден ден на пример, ти текне денес сакам со пуштена коса да излезам од дома, дали се чувствуваш слободно да го направиш тоа, без осуди или последици по тебе од твојата фамилија и околина? Нели сепак е почит, но и личен избор самото носење на хиџаб, а вадењето не би требало да значи дека си ја изгубила верата.
Кога веќе еднаш се решаваш за хиџап да ставиш не треба да се вади но штом го извадиш и тоа е грев према нашата вера .. Но секако не мора сите муслиманки да носат хиџап за да ја изгубат верата .. има многу муслиманки што не носат хиџап
Имав една соученичка носеше хиџаб па се омажи, после тоа слушнав муабети дека го изневерила мажот па сега повторно живее кај родителите и не носи хиџаб. Заради тоа прашав но и општо ме интересираше зошто не сум многу запознаена со исламот и со традициите. Фала ти на одговорот
Затоа што тој симбол, без разлика на тоа што тие по слободен избор го носат, потекнува од опресирачка, шовинистичка религија. И без разлика што тие живеат во слободна општество, каде што никој не им го наметнува тоа, постојат милиони и милиони жени за кои тој симбол значи секојдневна опресија, потчинување кон мажот и опасност по живот. Исто како денес некој Евреин доброволно да ги носи жолтите траки од нацистичка Германија.
На тик ток следам еден пар во кој жената е покриена носи помодерна облека но нр претесна и не се истакнува линијата на телото. И двајцата се многу кул модерни, често одговара на прашања од типот дали татко и или мажот ја натерал да се покрие. Одговорот е секогаш дека е грев да ја натераш жената да се покрие против нејзината воља и дека исто е грев да и забраниш да се покрие ако таа самата сака. За ова имам и зборувано со пријателки муслиманки кој некој се покриени некој не и сите го дадоа истиот одговор. Исто има прашања за тоа секако летно време како издржуваат жештина. Одговорот е матријалот на марамите и облеката ( тие целосно што се покриени и со бурка) е лесен и дозволува кожата да дише, штом со години така се носат станува навика, пијат и многу чај што го лади телото. Немам ништо против некоја ако сака да се покрие личен избор. Исто и мажите имаат "правила" за тие што одат според верата како да бидат облечени. Они обавезно носат брада, капче ( познато кај нас како кече), пантолоните треба да се над глужд но не и преку колена исто и горниот дел да се покриени рамената.
Наметнат избор, да. Мајка ти, баба ти, тетка ти, сигурно повеќето од нив носат хиџаб, па така и тебе те увериле дека е тоа добро за тебе. Тоа се тие традиционално религиски преданија обусловени од семејство и околина. Инаку, каде на друго место би научила нели?
Прашав еднаш, никој не одговори. Зошто за чесните сестри во Христијанството е ок да носи марама која е иста со хиџабот, а ви смета на глава на муслиманка? Што ве вреѓа тука? Ако вас толку ве погодува што носат рандом особи, тогаш проблемот треба да го барате кај вас. Јас еве, на ниту една слика не гледам проблем
Чесните сестри се имаат одречено од се во животот што го правиме ние луѓето, живеат во манастир и му се имаат посветено на Бога. Не е исто.
Како не е исто? Викате овие не требало да се покриваат во име на религија ама чесната сестра е ок тоа да го направи, па и плус од други работи да се откаже? Не се жени и тие и тие? Или дека е христијанка е ок?
Ова е исто како да прашаш зошто имате против хиџабот, а немате против заштитните шлемови на градежните работници. Едното е секојдневен живот, другото е посебна ситуација. Чесните сестри живеат и работат во посебно место, кое си има свои правила. Исто како и градежните работници што носат чизми и шлемови, исто како што на театар одиш во малку поотмена облека а не по тренерки, исто како што фудбалерите носат посебна опрема, исто како што во институција не те прибираат по куси шорцеви, исто како што и докторите носат кломпи и мантили. Никој ќе нема против и во исламот да постоело еквивалент на манастирите, па за влез, работа и живот таму да била потребна посебна облека, а да не постоеле задолжителни прописи за облека во секојдневниот живот.