Па, не е само скромноста проблем... побогу. Конзервативноста, прекривањето на идентитетот чиј составен психолошки дел е сексуалноста се исто така проблематични и тешко надминливи сегменти кај причинската примена на бурката и хиџабот. Инаку, да е само скромноста проблем, ќе облечеш маичка со ролка, долги широки панталони и готова работа. Не е дека сите девојки шетаме голи, нели?
Колку се измешани брзините, ништо не разбирам. Каква скромност со 10кг злато на нив, ташна од 2-3к евра и брендирани од глава до петти под мантијата како и да е терминот?
Проблемот кај нас христијанките генерлано со покривањето кај муслимаските жени е тоа што не ја разбираме нивната религија и нивните правила на живот. Додека во нашата држава до пред неколку децении одење во црква и да бидеш верник беше против законски, во муслиманските земји, вклучувајки ја и Турција која од како стана република, никогаш не беше против одење во џамија и учење на верата. Муслиманите си имат почит кон својата вера и ја гледаат како дел од себе и живеат по нејзини правила. Секако има и модификации но, генерално младите кон постарите се уште се држат до тие религиски обичаи, без разлика колку да се модерни и современи. Местото на жената кај муслиманите ( зборувам кај нормалните не оние екстемисти и психопати кои тепаат, малтретираат што е спротивно од нивната вера ), е на пиедестал и таа е украс во домот. Затоа во Куранот нејзините гради, раце, колкови , нејзиното тело се нарекува украси, во кои треба да ужива нејзиниот сопруг а не секој на улица. Се надевам дека успеав да ви објаснам. Кај нас тоа го нема и затоа ни е чудно. Затоа не можете да сфатите дека некој како членката ете носи хиџаб по нејзина волја, дека си се свртела кон верата поинаку од нејзините дома. Ве молам, почитувајте други вери и да не ве засега дали им е топло или ладно во лето или зима. @Jana06 Златото го носат на себе зашто во нивната култура ако мажот те остави, те избрка тогаш си одип со тоа што е на тебе. Златото им е после начин на преживување, го продаваат додека не се снајдат.
Јасно, знам и дека ги 'купуваат' за одредена сума и злато кои ја договараат фамилиите со оџата на чело. Барем вака ми раскажа една девојка од тетовско село со која бев блиска еден период. Само не разбирам на која скромност се мисли?
До некаде, да, нелогично, до некаде не, не е нелогично. Скромно можеш да изгледаш и денес, независно од вера, облекување во согласност со верски толкувања, а да е модерно. Е сега ти сакаш да кажеш дека под ова твоево модерно горе подразбираш да е скапо, екстравагантно нешто. Ама сите знаеме можеш да изгледаш во исто време модерно и скромно да де не е гротескно, екстравагантно. Еве нови трендови има да си скромна на изглед, значи најобична еднобојна блуза, неупадлива боја, а е скапа зошто е преработка од други материјали, еко-фендли, органски продукти се користени и материјали и се тоа е скапо, а е во исто време модерно на изглед, а скромно. Плус се грижиме за околината и светот. Јас повеќево ве разбирам зошто вака размислувате за хиџабот и од што првично тргнувате и сметам дека не дека немате право и основа за тоа, ама овие што го носат не размислуваат и тргнуваат да мислат така. Иако и меѓу нив кои се вернички и не носат хиџаб некои размислуваат така како вас и како мене делумно. Ама поентата е да ги прифатиме различностите, сите нишани и параметри кои нас жените не прават уникатни кои генетски ги носиме во или на себе, витилиго, пигментациони пеѓици еве јас ги имам, црвена коса, албино бели и руси жени, стекнати лузни, не знам нешто друго, еве куса коса ради одредени транзиторни здр. состојби. Или ги носиме како навики и традиции или од религиски почит, не знам еве накит со крст, раката на Фатима, она урокливото око, некоја може има тетоважа со цитат од светите книги, од светица/светец не знам сега што конкретно која има во ваква чест. Муабетот е да се сакаме и прифаќаме разнолики по сите основи, јер сме исто жени, да сме силни, обединети задно по цел свет, да не се разединуваме и двоиме по ниедна основа и наметнуваме униформност, сувопарност, како од ист калап да сме излезени. Женското тело има уникатна убавина, нема срамење и криење од тоа кои сме, ама ако некоја сака да се покрие од др. причини не смееме да ја осудуваме и да и браниме да го прави тоа и таа е исто жена како нас. И тие жени муслиманки кои носат и тие кои не носат треба да се еднакви во наши очи, нема ништо одвратно, подолно во мои очи кон таа што носи и таа што не носи а е муслиманка. Јас пишав што најмногу ме тишти и ми е жал, кога жената не навлегувам од кои причини е забулена, а сопругот до неа шинува врат од зјапање во други западноевропски жени. Тоа ми е лицемерие и ако во тој случај на тие жени им е наметнато тоа, а видете мажите како се однесуваат или ако им е платено или ако малолетнички се присилени не го оправдувам. Ама пак се отвара друга тема дека ние нема никогаш 100% да знаеме која е принудена која не, и затоа ако мислиме сите се принудени и ги презираме истовремено ради оваа наша предрасуда не е фер на тој начин истовремено да ги презираме и тие кои своеволно носат, без наметнатост. И друго верувајте ми многу се полиберални од порано и во голема мерка не им се наметнува, ако не сакаат не носат. Ама има и затуцани и конзервативни земји, народи еве членки муслиманки и самите го наведуваат тоа и јас и тие, а и вие претпоставувам тоа не го оправдуваме и треба да најдеме начин без осуда да ги прифаќаме и тие жени, да ни се дел од живото, да ни се приближат и отворат. Ако е за водење кампања да се ослободат од тоа наметнатото, тука сме секогаш со нивна дозвола се разбира да им помогнеме да се изборат за своите права, ама треба да прифатиме нешто за нештото да ни се отвори, објасни итн.
Баш ова ни е проблемот и заради ова е дискусијата (да ги оставиме на страна тие што носат по своја волја). Мислам дека ниедна жена нема да осуди друга жена заради хиџабот туку заради причината, позадината за која 'мора' да ја носи. Со самото тоа што сме жени не можеме да останеме рамнодушни на чинот. И ако една жена 'мора' да го носи, се отвараат куп други прашања што се друго мора да прави или не смее да прави зад затворените врати во секоја една куќа. Е тоа ме тишти мене.
Кој рече дека се скромни они? Си видела како живеат богатите муслимани? Со најскапи парчиња облека, па и Хиџабот и облеката од најскапи материјали, ташни Хермес и слично, чевли скапи.. Нивната скромност е во тоа што своето тело и коса ( косата на главата кај нив е украс за жената) е само за очите на нивниот сопруг, а не за сите други. Аман малку прочитајте, запознајте туѓа религија пред да судите за неа,
Леле аман кај виде осуда во моите мислења? Очигледно имаме различни дефиниции за скромност. Ќе ја покријам косата и скромна сум. Жити се. И мојата вагина е само за мојот сопруг, фала богу без гаќи од дома немам излезено. Што сум скромна
Во никој случај скромност не е истакнување со најскапи парчиња облека, скапи автомобили и сл. тогаш контрадикторно е носењето хиџаб.
Прво да кажам темава не и е место во мода,туку во религија. Инаку воопшто не ми смета ако некој носи хиџаб,ако е дел од неговото верско убедување.Носат и докторки ,политичарки секаде низ светов.Не би требало да им се забранува,за хиџаб мислам, како тоа што се направи воГерманија и Франција, но исто не би требало некој да ме условува да носам хиџаб во Саудиска Арабија а не сум припадник на Ислам. Ми смета ако нешто добива фанатични размери.Еве како пример ,во банка седев до жена со бурка,превез,ракавици.Мажот ја извади нејзината лична карта.На местото на фотографијата имаше ставено фластер,да со фластер беше покриена сликата .Да ви кажам страв ме фати,тоа е веќе фанатизам .Иначе овде се практикува умерен Ислам,а нашите сонародници од муслиманска вероисповест и самите говорат дека не ги оправдуваат ваквите од примерот и ги сметаат дека се секта,која прима пари за тоа.
И мене потполно истото ме тишти. Работата е да не осудуваме никоја без да и ја знаеме главната причина, за да ни се отвори, разбереме и им помогнеме. Колку жени активистки имаат учинето подобро за многу други жени низ светот. Ама тие не пристапиле со осуда, девалвација, омраза, гнев кон пример туѓата религија, навики, традиции, обичаи, сфаќања. Нема осуда, си зборуваме само. За скромност ја сметаат покиреноста, а која како се кити со колку скапо злато, накит и облека тоа кај нив е повеќе статус, израз на тоа на која класа припаѓаат, тоа нема никаква врска со религијата делумно. Како да кажам како кај нас што има фалбаџилук, престиж ете тоа им е тоа облекување и стил. Инаку дека си одат одма од кај мажот со сето злато на нив, тоа е од старите времиња, и дека три пати ако каже мажот Те разведувам си оди. Тоа е по старите законици, ви пишам многу се помодерни од порано си почитуваат закони и правила и правда која е легална и званична во нивната земја. Друго еве Трурциве порано пишуваа на арапско писмо ама имаат во историјата реформатори како Ататурк пример што ги модернизира да пишуваат на латинично писмо да се разбираме низ цел свет. Има источњачки еве и африкански земји итн. на кои тек треба допрва да им се појави реформатор/ка да ги водведе во нов свет, затоа ни треба единство на сите жени и да гледаме подалеку од свој двор, да сме широкогради и космополити, да се учиме, гледаме од личен пример и на тие околу нас, да имаме разбирање, емпатија и толеранција, а истовремено да сме мудри, да ги предвидиме пречките по патот и поминеме и помогнеме на сите жени во светот да имаат свое право на избор. И оние жени кои практикуваат да носат хиџаб бидејќи имаат свое право на избор, за кое ние се бориме сите да го имаат како и тие, да се обидеме да не ги девалвираме и осудуваме. Тоа е и нашата душевна мудрост и скормност во однесувањето и прифаќањето кон нив што можеме да ги имаме и нудиме, не не кошта ништо, а менува многу нешта кога рабираме и прифаќаме туѓо, а почитуваме свое и на тој начин и на нив им укажуваме почит со овие гестови, зборови и дела. Да ја гледаме поголемата слика или се трудиме да наѕираме на неа на глобално ниво.
Јас сосема разбирам некој да носи хиџаб ради вера, поради тоа што се држи до светата книга од својата религија. Но, тоа треба да го прави баш така, а не само како што им одговара, па ќе го правиме хиџабот да е модерен и иако сме покриени пак ќе мамиме воздишки на улица. Нели е целта да се скријат од другите погледи? И не, модерно и скромно не оди заедно, не може да сакаш да се облекуваш модерно и да привлекуваш погледи, а да носиш хиџаб за да се скриеш од погледи. Темава е отворена во мода и стил, постирани се на почетокот секакви хиџаби со модни комбинации, а сето тоа е контрадикторно.
Не е тоа скромност, мислам дека соодветниот македонски збор е чедност, да не соблазнува. И сето тоа има некој поинаков општествено историски контекст, жената во ретки случаи, кога излегува од дома, да не привлекува туѓи, машки погледи. Ако е поврзано со постигнување женска зрелост- менструација, или општествена зрелост- полнолетство, кога истиот степен на зрелост ќе го постигне, надвор оди покриена, на сопругот му се покажува откако ќе склучат брак веројатно. Значи првичната намена е да биде чедна и незабележлива во јавност, не да работи во банка, со римел, вештачки трепавици и Хермес чанта. Има право Реин, контрадикторно е.
Во ток Ајет се вели да се спушти поглед и да не се гледа на срамни места, и да се покријат срамните места. За мажи и жени важи истото. Да бидеме експлицитни во објаснување? Куранот вели да се облњкуваме скромно и честито, а не да се покриваме во марами и мантили како правило. Ниту мажите да одат со оние бизарни панталони до глуждови. Носи ако сакаш ти, секако твој избор, но правило во Куранот не е. Не пропагирај лажни информации
Најголемата трагедија ја гледам во тоа што мислиме дека имаме избор. Дека е наша воља. Ох уел.. Да отвориме тема колку пати во денот правиме избор по наша воља ќе доеме до заклучок дека и ручекот што сме го избрале за денеска е само сплет на околности. Марама по моја воља е кога ја вртам на глава и се чварам цел ден на плажа во бикини. Или шат пат уз аутфит за во ресторан. Марама на глава во ниеден друг случај не е слободна воља. Ниту за монахињите не е. Туку доаѓа во склоп со тоа што сакаат да му служат на Бога па го прифаќаат како дел од истото. И не се потепуваат колку слободна воља било, после тоа. Хиџаб е се, ама никогаш и во ниту еден случај нема да е сопствен избор.
Малце е глупо што од дискусија дека хиџабот ги опресира жените преминавме на тоа дали сепак се доволно скромни тие што се дотерувале модерно со хиџаб. Никој не може да победи на крај. Сигурно има муслиманки што сакаат мода, сакаат да комбинираат и фала богу во оваа време треба да си го прават тоа и сепак истовремено да се искажуваат како муслиманки. Тоа може да биде симбол само.
Mхм. Се изврте дискусијата надвор од контекст и се остави во категорија мода. Многу е модерно да се биде опресиран. Сува лепота.