Да бе, еве гледам секој ден со камшици ги тепаат, ги врзуваат за ланци. Облекувај се како сакаш. Не им наметнувај нив како да се облекуваат (ако сакаат така).
Тебе ти одговара што е можно повеќе жени да се затвараат, имплицираат покорност и да се одалечуваат од слободата која и онака дискутабилно колку се има во денешните општества. И логично. Не си застапник за женски права, не те интересира идеологија позади велот што им го гледаш и тоа е тоа. Затоа остави ги овие теми за помудрите, и пишувај си во политика, величи го даскалот. Остави ја слободата за жените (ако тие сакаат така). Заради таквите како вас всушност и ги "учиме" жените да бидат "модерни". Ако сакаат и голи да шетаат по улица.
Мени ми одговора што помалку жени ко тебе да одат и да малтретираат други жени како да се облекуваат, како да размислуваат, што да јадат, за да го задоволат твоето его. Можеби твојата слобода во нивните очи е ропство и глупост. Што ако не сакаат да се облекуваат “модерно“? Што тогаш? Ти, слободарката, ќе им впериш пиштол на чело? Јас на никого не одам и не кажувам како да се облекува. Ти одиш и замараш. Од мене добиваат поддршка сите жени што носат хиџаб и фармерки. Нивна култура, нивно право на избор.
А, во кој тоа закон пишува дека мораш да ги почитуваш религиите? Као, 2 години затвор ми следува ако навредам религија? Озбилни сте со авто-шовинизмов?
Мене ми одговара што е можно помалку шовинисти, припадници на догматскиот демонхристијанизам како твојот да ги едуцираат жените дали да бидат скромни или слободни. И јас никого не малтретирам, тоа што ме напаѓате, значи дека сум боцнала точно онаму каде заболело...со причина.
Мене ми одговара што е можно помалку атеистички шовинисти, припадници на “слободарскиот“ свет како твојот што би пратиле милиони мажи и жени на превоспитување на Гулаг ( ко што правеа твоите слободари во СССР, Југославија, Кина итн..), за да им ја вметнат твојата верзија за слобода. Да, малтретираш. Од тема посветена на мода, за да постираат слики од жени што носат хиџаб, ти дојде да дрвиш дека биле робови и требало да се појави жена херој како тебе да ги ослободи од вечното ропство. Мене ништо не ме здоболе, затоа што ми е гајле дали некој носи капче или хиџаб. Тебе очигледно ти е гајле.
Бреј, заради мојата идеологија оделе луѓе во Гулаг, ич заради садистички командоси како тебе, и после јас малтретирам и навредувам. Па, па... Te тангира и заболе, како не. Едвај наоѓаш дури и за себе покорни домаќинки со затворена уста, не па за други. Ти наоѓаш лична сатисфакција и го храниш сопственото его кога жена прифаќа да биде опресирана. Исто како кога го гледаш новиот фирер на телевизија, што и самиот го потврди пред некој ден на темата. И тука е разликата меѓу мене и тебе. Јас сакам среќно прогресивно општество, и ја ширам слободната волја заради љубов кон мојот род, а ти шириш шовинизам и зла пропаганда заради задоволување на сопствениот себичен принцип. Затоа нема никогаш да најдеме заеднички јазик, и фала богу што е така.
Ако е моден детал , зошто не го носат сите жени на кои им се допаѓа и дали на муслиманките би им било сеедно ако хиџапот се сведе на дел од гардероба,како фармерка,палто,чизма...па една сезона носи,друга немој...
Јас се наоѓам растргната меѓу некои ставови погоре. Со некои се сложувам со некои не. Но, според мене, мислам дека носењето хиџаб или друг вид на покривка врз женското тело е дефинитивно од причина за скромност и покорност, што воопшто не ми се допаѓа. Ама, од друга страна; не оправдувам кога жените кои носат хиџаб се осудувани од страна на останатите кои не припаѓаат на таа религија. Првиот ден кога имав предавање на факултет, професорот баш дискутираше на истава тема, и цитирам: "На улица ќе видиш некоја муслиманка со марама на главата, и си мислиш - Ау види ја каква е, заостаната! Другиот ден ќе земеш свеќа и ќе отидеш во црква, бакнувајќи ја иконата на Свети Марија, која е исто облечена" Приберете се малце и размислете, религиите имаат многу сличности меѓу себе, а жените се покорени и во христијанската и исламската вера.
Ви ги читам мислењава и уште толку докажувате дека единствено разбирање на темава што го имате е само на најповршно ниво и дека не го сфаќате цел културолошки и идеолошки момент.Културата е опресирачка и е повеќе од само покривање на косата.Покривање на косата е симболот.Никој никому не кажува што да носи, јас не им кажувам на муслиманките да го извадат хиџабот ама на форум имам право да го искажам својот став. Иначе хиџаб и штикли не идат исто како што не иде ланче со крст на деколте.
Ако хиџабот некои жени сакаат да го носат како моден детал, значи дека може и да не го носат кога сакаат, можат да ги истакнуваат своите атрибути како погоре на фотографиите, можат да се соблечат во кратки на 40 степени и може да облечат бикини за да се капат. Ако го носат поради религиски причини, сепак е наметнато од страна на религијата жените да бидат покриени, да не им се гледа косата, телото, жената да биде скромна. Како што се изјаснија некои членки нивен избор е да носат, ама избор што го наметнува религијата, каква треба да биде една жена. И во христијанството жените порано биле покриени и со мантии, било забрането да го покажуваат телото. Па покасно ја прекривале косата само со марами. Со текот на времето кај во христијанската вера ова е искоренето, а во библијата не е ништо поразлична од куранот. И во библијата се проповеда жената каква треба да биде, дека треба да му биде потчинета на мажот.
Ова е целосно непознавање на историски факти, но тоа е веќе друга тема. Не сакам да навлегувам во тоа. Можеби во друга тема.
Nema potreba da se izolzuvas so licni fotografii na javen forum za da im dokazes nesto. Ceni si ja privatnosta.