Наметнато е и тоа го пишува. Жената нема слободна волја. Малала е млада, значи и денес денес истиот терор го поминуваат милиони жени. Тоа не се случило пред 2 века, па да речеш ок, одамна било, денес е поинаку. Исто е и денес.
Во право си. Се сеќавам во средно кога на часот по физичко една девојка која учеше со мене мораше да носи марама и наметка над тренерките и со наметката да трча за да не и се открива задниот дел од телото. И се виткаше и и сметаше цел час тоа чудо на нејзи. Има многу млади девојки кои се приморани да го носат тоа, иако не сакаат. Многу жално.
То шо се покриваат е за да не 'предизвикуваат мажи на грев'. Демек јас ќе сум крива, ако ме силува некој, оти ми се гледала косата. Стариот Завет е дел од Куранот, исто како во Библијата.
Кралицата носи марама, може денес да ја стави, утре не, шешир ќе си стави. Апсолутно е слободна по тоа прашање, слободна жена нема никогаш да стави хиџаб, прав хиџаб околу вратот се носи, не овие марами што се постираат овде. Кога ги спомна членките веќе, ги прашав конкретно дали може да си го носат кога сакаат едната рече дека не се осудува да го извади. Пак ќе се повторам. Модата претставува слобода на изразување, хиџаб нема никогаш тоа да биде.
Aбе што се чудите, на крајот и овде има луѓе кои велат дека празни муабети се ако жената работела и учела, зборела за сертификати, требало да раѓа 4-5 деца, а таму во тој радикализиран свет, на пример Ирак, Иран, С.Арабија, Индонезија, каква почит да имаат кон жените? Искрено и овде има многу луѓе што жената ја третираат како стока, а жена ги родила, и веројатно ако имаат деца еден ден, жена треба да ги роди. Во земјите кои ги наведов се знае или жената ќе живее по правилата на мажот или нема да живее.
Така жените ја осудуваа нели, нешто познато ти е тоа? Погледни ја темава. Ама кој и дозволи и и беше поддршка, татко и така, почит за него од мене и кон сите такви мажи Бунт портив тие мажи кои како радикалисти си ги малтретираат жените, против сите жени вербално што малтретираат други. На темава нидена ни муслиманка или не знам која друга, еве христијанка, атеистка не го оправда радикалниот став и однесување на некои на истокот, како што не го оправдуваме тоа однесување на некои од западов. За лицемерие станува збор, се удараат во гради за нештото во медиуми, да читаме, пред камери да гледаме, поминале 5те минути слава и после која беше ти е работава. Подразмисли малку за тоа и што сакаш да кажеш, која е контрадикторна повеќе Малала како единка што истапила, направила нешто ново, некоја промена или ние како цели општества, народи што тапкаме во место, ама презагрижени за другиот двор, не си гледаме да си го зачистиме сопствениот?
Еве за пример, дека е некоја мода кај нас, ќе ја земам заменичката на Народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа. Женава до пред 2- 3 години, нормално се облекуваше, сега постојано е вака облечена (не знам ова како се вика ова) Ама вака кога си облечен, има предности. Фризура тип - топ не мора да имаш - покриена ти е косата. Ова не знам, мантил ли е, бидејќи е долг, пижами можеш одоздола да носиш - кој ќе те знае што носиш, па не се заморуваш со модни трендови и дали е оваа сезона модерно нешто или не.
За Васка Бајрамовска и јас се зачудив. Таа претходно си се облекуваше нормално. Се облекуваше убаво, баш како за функцијата, со црна коса до рамена, исфенирана пред камери. Јас не сфаќам од каде им потреба за таква промена после години и години? Инаку, и Смаиловиќ раскажуваше дека се носела модерно, со фармерки, маици, се додека не го прочитала Куранот, и решила да се покрие.
Мислам дека немуслиманските македонци имаат многу предрасуди кон муслиманите, а ова што го читам тука, само ми го потврдува тоа. Прво се работи за неинформираност второ за предрасуди. Прво луѓето не знаат доволно за нивната култура, вера и обичаи. Добар дел немаат ни желба да ги запознаат, избегнуваат да се дружат со муслимани, зошто поаѓаат од некои свои предрасуди. Луѓето се плашат од нештата што не ги разбираат добро, сакале да си признаат они или не, така е. А на страв се реагира со напад или со бегство (повлекување). Еве ви пример, најобичен. Повеќето мислат дека жената под облеката и марамата не е средена. Дека марамата е параван за нехигиената или за старата облека или дека се препотуваат под неа. И да има таков случај, тоа не е правило што важи за сите. Реално постојат жени што не се покриваат, не користат сапун и вода и носат скинат веш. Сите ли се во ист кош? Кој бил во Дубаи на пример или во муслиманска земја ќе ви каже дека луѓето таму многу внимаваат на хигиената, дека секогаш мирисаат и на 50+ степени заносно и мажи и жени и дека многу пари трошат на мириси. Облеката ја кадат над запалени латици од цвеќиња кој може да бидат и многу скапи. Кога ќе помине жена пред тебе зад себе го влече тој мирис. За нив непристојно е да мирисаш на пот пред други луѓе. Европјаните може на нив им делуваат нечисто, испотено и усмрдено, стегнати во полиестер припиен до телото.
Точно. И, женски на мои години во Дубаи се шетаа со шорцеви покуси од моите, додека некои носеа хиџаб. Ама, предрасудите постојат со причина, иако многу членови кои ги прочитав работите ги однесоа до екстремизам, што е жално..
Затоа јас спомнав да се гледа подалеку од носот, да се излезе од кутијата, да се мрдне подалеку од дома, еве некои ми пререкоа зошто напишав да прошетаат по светот да видат, согледаат и научат нешто ново, еве не мора низ светот нека отидат до населбите каде доминантно живее муслиманско население. Ама не ни мораат таму да идат еве на работа, на факултет, околу нас има се, малку помалку предрасуди, подавање рака и желба да се сослуша, увиди и разбере не ќе е лошо. Иако предрасудите се лесни за создавање, ама тешко е да се руши ѕидот и увиди како е реално и ако има опресирани жени, да им се даде можност да ни се приближат и искажат. Ама не полни со предрасуди сите ќе ги ставаме во ист кош, ќе ги потценуваме и се гадиме зошто се покриени. Погоре објаснија точно материјалот на покривката е различен за оние кои се носат во лето и зима. Хигиена, естетика, стил на облекување, исклучиво скромен или модерен тие пак ги негуваат независно дали се покриени или не, ама од предрасудите не сакаме да погледнеме подалеу од носот. Први сме да осудиме и да го фрлиме првиот камен, а дали ние сме безгрешни за тоа. Лошо е кога како жени се разединуваме и делиме по различни онови кои се имагинарни, нереални, ама сами ги креираме т.е. ни се наметнати така да му доаѓа и ние сме опресирани од агенда која некој над нас ја смислил за тие намени и ја сее и не разединува. Не треба така, треба да сме силни и обединети како жени, независно каде живееме, на која религија припаѓаме, кои адети и начини на живот ги применуваме и негуваме.
Како го извртевте муабетот, алал. Важно да се каже колку сте вие нашетани, светски жени, а другите полни со предрасуди. Никој ама баш никаде не напиша ништо во однос на лична хигиена, некаква лична карактеристика или било каква предрасуда во однос на нечие образование, статус, ако има баш цитирајте. Првпат вие овде го спомнувате тоа. Мојот став е дека не можам да прифатам средство кое служи за угнетување на жените во било која религија да се промовира како нешто модерно и стилско, како сакате спакувајте го. Ако ова е предрасуда, гордо ќе ја имам, а вие носете и понатаму предрасуди кој колку и дали доволно прошетал, може егото ќе ви се наполни, нека е на моја сметка ве частам.
Види кој и што извртува, а да ме частиш на твоја сметка нема потреба, поарно почасти си се себеси очен преглед од сметката и остај ме мене настрана, не ми пикај твои зборови. Јас за хигиена никаде не напишав нешто се надоврзав на муабетот на членката погоре. И дали шетам или не, учам од тие околу мене или не, најмалку е твоја работа. Гледаш и претходно најкултурно ти реплицирав и се објаснувавме зошто ваков напад и испад од твоја страна не разбирам, сепак ти најдобро си знаеш зошто и како, ама поштеди ме од вакво извртуваење на тоа јас што сум пишала на оваа тема.
Зошто претпоставуваш дека не сум била во муслиманска земја или населба? И што има врска тоа со значењето на хиџабот? Пак не посочи каде виде предрасуди.
За тебе ништо не претпоставив, те цитирав и ти реков еј Микха ти не си била во Дубаи, спомнаа погоре пример така? (или Чаир пример исто беше спомнат на темава) Друго не е финтата сум била еднаш сум посетила, од една посета не се учи нивната култура, начини на живот, начела по кои се раководат, не можеш да сфатиш во каква средина живеат и што е примарниот проблем таму. Треба почесто идење или живеење натаму меѓу нив, а не понастрана од се и само бев таму, видов и ништо не уочив. Една членка погоре спомна нешто што јас само го навестив како нивни лични причини. И така има тоа огромна врска со носење на хиџабот. Други пак што рекоа се муслиманки иако различно гледаат кон тоа дали е или не е религиски наметнат погоре објаснија дали го носат, зошто да или не, какви гледишта имаат кон тие што го носат или не носат хиџаб. Предрасуда имаше спомнато дека се одвратни ни се гади од нив, па ако не биле скормно облечени а носеле хиџаб биле контрадикторни итн. па Малала зошто како правела, сега да не ги прераскажувам последниве страници во една реченица. Сепак најиронично е што темава е во мода и повеќе е отворена за друго, претпоставувам, или па е отворена ние очи да си вадиме? Стварно небитно е и ова сега што го пишуваме двете и другите зошто темата се уште не е разделена за да е соодветна да зброруваме за тоа како се доживуваат тие што носат хиџаб, зошто воопшто носат и други теми кои баш би биле поврзани конкретно за хиџаб ама да не се во категорија мода.