Хиџаб

Дискусија во 'Мода и стил' започната од RIRIFENTY, 27 октомври 2013.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.688
    Пол:
    Женски
    испрани мозоци тоа тоа ти е кога се смалуваш за да оправдаш некој чин. кој сака цел живот шамија да носе и зошто зар облеката ни открива колку сме чесни, зошто мажите не го носат тоа на глава
     
    На Mikha4 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Вие да мора да носите хиџаб, па да видам дали ќе ви изгледа ко право, или опресија.
     
    На mode-kristina, Mikha4, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Искажав мој впечаток од она што е напишано од повеќе луѓе на темава, затоа не е цитиран никој директно. Не е еден цитат па да се надоврзам на него. Ќе треба на пола народ овде цитат да му правам. Искрено не ни сакам да се конфронтирам со поединци, сакам општо сите да размислите малку од различен агол. Но еве, ќе направам исклучок за вас, и ќе ве цитирам, бидејќи така барате, а и лично ми се обраќате и го јавно го оценувате мојот карактер, големината на моето его, моите ставови, иако не ме познавате. Се надевам и другите нетагнати ќе прочитаат:

    Да расчистиме прво некои факти:
    - Не е точно дека никој никаде не коментира за изгледот и облеката на жената под марамата. Препрочитајте ги убаво постовите од сите и ќе видите дека не спомнувам јас прва, напротив, функцијата на марамата беше тема на муабет на многу други постови, јас само реагирав на нив.
    - Не е точно дека никој никаде не зборува за статусот на таа што ја носи марамата. Има многу постови во кои се коментира дека носењето марама сигурно не е од лична желба, туку дека е наметнато, исплатено или дека е присилно од некој (маж) околу жената. Со тоа таа автоматски се етикетира како потчинета и со понизок статус во однос на другите, зошто некој одлучил во нејзино име. Опцијата дека е можно таа да си решила така од нејзини лични причини, не се зема во предвид во тие коментари или се отфрла како неточна, невозможна и итн.

    Да расчистиме за предрасудите и пристрасноста:
    Кога се поаѓа од личниот став, емоции или искуство за нештата при размислувањето, при што другите информации однадвор (од другите) не се зимаат во предвид (или се немаат други информации од Х причини), значи дека гледате низ филтер на работите. Не сте објективни, туку субјективни или пристрасни. Па со такво размислување се стигнува до еден заклучок кој не е реален, туку субјективен и тој заклучок потоа се генерализира за цела една група луѓе. Со тоа и таа слика за таа група не е реална туку е субјективна, пристрасна или е предрасуда.
    Во конкретниов случај поаѓаш од идејата или од својот став на кој цврсто стоиш дека - ова е грдо, ова е ненормално, немордерно, ова е само средство за угнетување и сл. Во тој случај, секако дека нема да ви е јасно зошто воопшто некоја би сакала да ја носи и нема да се има разбирање за причините на другиот.

    Не дека ви должам објаснување ама за да бидеме на чисто, ќе објаснам за своите намери:
    Мислите дека бранам и поддржувам нешто. Прво грешите што мислите дека сум на било чија страна, па најмногу дека сум за сите овие негативни појави кои ги спомнавте (угнетување, репресија, ограничување). Не пишувам со цел да се поставам на било чија страна. Од почетокот реков дека не сакам поделби на ние и тие, играта на непријатели е шема. Лесно се паѓа во таа замка и после се вртиш само во круг и во взаемни обинувања. Од авион да гледаш ќе видиш дека овде на оваа тема во форумов, се игра и се врти таа шема и треба да се издигнете сите над неа и да се престане со ние и вие поделби. Почнете да гледате малку поопширно на темава и да дозволите и жените што носат марама (намрено не велам муслиманки зошто марама носат жени и од другите вери и култури) и се членки на форумов да си ги кажат своите ставови без страв од јавна осуда. Не мора да се согласите со нив, доволно е да ги ислушате и да не ги поткопувате. Ако ги оставите личните перцепции на страна, можеби тогаш ќе разберете дека не сите гледаат исто на марамата како вас. Она што таа е симбол за вас, за некој е симбол за нешто сосема друго. Пред да носите заклучоци и пред да ги генерализирате тие заклучоци, ПРАШАЈТЕ ги тие што ја носат, што таа претставува лично за нив. Потоа обидете се да ИСЛУШАТЕ што тој другиот има да каже, бар со трошка трпение и со минимум отвореност кон зборовите на некој што не размислува исто како вас.
    Еве можевте и мене да ме прашате нешто пред да носите заклучоци за мене и моите намери ама не го направивте тоа. Заклучивте дека имам задни, егоистични намери, дека нешто манипулирам јас со вистината итн. и го шлапнавте тука. Прво заклучивте погрешно дека знаење за некоја земја мора да дојде од нејзина посета и од некој што многу патува. Второ погрешно заклучивте дека се фалам со мојата прошетаност. Ама ок, полесно е да се прифати дека некој постапува од егоизам, него ли да се прифати дека тој можеби има различен став од вашиот од друга причина.
    Ниту многу патувам ниту имам пари за тоа, за жал. Не сум „нашетана„ ако се споредам со другите колку патуваат. Да имам финансиска можност, радо би патувала. Не се сметам ниту за светска жена, ниту за прогресивна. Ама сум вистинска бубалица и сум многу љупобитна. Читам, истражувам на интернет, гледам документарци и се интересирам за работи за кои пола свет овде во МК ми се чуди што му посветувам време. Додека други скролаат на инста и фб, јас гледам сосема трети работи. А најбитно од се е, најголемото богатство што го имам се луѓето со кои што се дружам. А се дружам со сите. Имам пријатели од сите вери и националности. Разговараме со саати и се ислушуваме. И учам од нив и сум преблагодарна што ги имам во животот. Затоа сум алергична на поделби.

    И без разлика што ми препишувате негативни карактеристики иако не ме знаете, сепак не ви се лутам. Прво зошто не ве познавам, не сте ми некој близок во животот за да емотивно се инвестирам, второ зошто мене ми е кристално јасно зошто неможете да ме разберете. А ако некого бар малку го разбираш, потешко е да му судиш.
     
    На Annath, Billy Idol, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    И прашав најкултурно, и одговор добив, за жал само ми се потврди она кое го пишувам. А ти очигледно не си прочитала што се пишуваше туку сама си извлече прикаска за пишување.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Двете бевме опфатени во цитатот и патувањето повеќе на мене се однесуваше, се запрепастија кога им реков да гледаат подалеку од носот и при тоа не наведов само да патуваат итн. туку да идат до соседните населби или ич не мораат ниту до таму, работат/студираат/живеат со/покрај жени со хиџаб.
    Исто како и тебе и јас слободното време покрај за патувања и тоа не за да речам сум била таму, туку патувања кои ми го избиструваат видикот, ме учат за нови култури, луѓе и навики се едуцирам на исти начини како тебе. И да тука таквите сме црните овци, а најлесно е да не нападнат, окарактеризираат како негативки кои поради задни намери браниме некого.
    А на прво место не сме ни влегле да држиме страна, ама кога влијателни личности на форумот поттикнуваат таков ракурс и однесување и другиве си земаат за пример како да тераат, а и при тоа во многу наврати спомнав да се раздели темата и да е соодветна за овие дискусии и пак ништо не се презема решив повеќе немам што да додавам. Ама твоево ме поттикна да пишам, браво, темелно и детално стокмено како што треба и доликува на едуцирана, високосвесна личност за себе и другите, зошто во општествата не живееме сами во излоација.
    Почит, толеранција и многу разбирање, желба за учење и пред се љубопитност и воља за тоа се потребни.
     
    Последна измена: 10 ноември 2021
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Абе во што сакаш верувај.Ако сакаш и не ме читај ич, скокни ме слободно. Ти ме прозва, ничим изазвана. Наречи ми ги објавиве и прикаски и како сакаш називи ставај, нема да ме дискретираш, зошто јас стојам со аргументи зад моите ставови. А кога некој вака штуро како тебе враќа на детални објаснувања, јасно ми е дека тој нема аргументи. До тука било и тоа е тоа.
     
    На Annath и Idedemja им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па да прочиташе воопшто што пишувавме сите ќе ги прочиташе сите мои аргументи, не планирам да се повторувам и објаснувам некому кој сака само да се фали колку е најсвесен и модерен, над сите без никаква намера за дискусија.
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Абе ич не ми е гајле во која група ме ставаат, дали со црните или со белите овци.
    Ако целта на овој форум е да биде платформа на која секој ќе има можност да се искаже, стварно овде нема погодно тло за дискусија, зошто многу се осудуваат мал дел од членките што не мислат исто како другите. Не е во ред и не е фер.
    Ама сепак се повторуваш, особено со одбрамбени механизми и особено со проекцијата.
    Не ти барам објаснување, немам потреба, не го ни барав.
    Напротив еве јавно те молам, не ми објаснувај. Не ми се ни обраќај, што се мене тиче.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    И мене не ми е гајле, ама тука така се делат и ние што мислиме поинаку според нив сме осудувани. Нејсе дека нема погодно тло за дискусија пишав во неколку наврати. И така е кога се нема интерес да продлабочи дискусијата пред се на нова и соодветна тема за тоа, надвор од мода и се гледа на работите преку филтер.
    Јас моето си го кажав и објаснив кој разбра, разбра, кој не ме нападна и пак коректно и културно одвоив време и енергија без при тоа да наседнам на играта ај очи да си вадиме поради личните напади па ете некако се разбравме. Ама не е битно тоа што направивме на форумов и темава, туку надвор од него како се однесуваме кон жените со хиџаб со гадење, одбивност колку се контрадикторни, чудни или со почит и разбирање како еднакви на нас зошто пред се се жени, ете тоа е битно.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.244
    Допаѓања:
    67.770
    Пол:
    Женски
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.