Јас на ќерка ми, има 18 месеци и давам 2 пати неделно спирулина, но ептен помалку, бидејќи не и е воопшто вкусна. Кога наполни 13 месеци почнав со зелена магма, во чајче и добро ја прифати. Сега веќе месец дена и давам спирулина, но планирам , одкога ќе ја испиеме, да почнам повторно со зелена магма.
А каква спирулина и даваше? Јас видов во Биокосмос продавницата органска во прав, таму има и хлорела, па затоа се мислев што да дадам. Ајде чекам можеби има некој искуство па ке пише. Ти благодарам!
Зошто да се дава спирулина на толку мали деца ?!?! Слабо им е железото, слаб имунитет, антиоксиданс или од бес 18 месечно дете би требало се да јаде. Спојлер ако ти е за железо претпоставувам да ти кажам дека магдоносот после спирулината има најголема концентрација на железо. Подобро исцеди му 1 каф. лажица сок од магданос и нека ја голтне отколку да му даваш спирулина
18 месечно бебе се јаде да. Ама тргнувајќи во градинка треба да ги заштитиме од вируси, нели? Ке те молам Славица кажи ми дали му даваш некои додатоци на твоето дете? Незнам за каков бес станува збор?
Не давам никакви додатоци во исхрана освен што во променлив период му давам масло од диво оригано. Моето е големо, има 6,5год муабетот ми беше колку е паметно на 18 месечно дете да се дава спирулина, сепак консултирај се со педијатар Спојлер да не навлегувам во тоа кој вид на спирулина му даваш, дали е ГМО или не е... (можеби јас грешам).