Знам дека има тема за Хитлер,но оваа тема е посветена само за евреите кои биле жртви на Холокаустот. Исто така и за оние кои го преживеале. Еве нешто за почеток од мене. Депортација на Евреите од Македонија од Скопје 5000 лица во 5 воза од Битола 3000 лица во 3 воза од Пирот 2000 лица во 2 воза од Горна Џумаја 3000 лица во 3 воза од Дупница 3000 лица во 3 воза од Радомир 4000 лица во 4 воза ---------------------------------------------------------------------------------------------------------- Меѓу 7215 души што беа затворени во магацините на Државниот монопол имало: деца до 3 години: 539 деца од 3 до 10 години: 602 деца од 10 до 16 години: 1172 старци преку 60 години: 865 тешки болни врзани за постела: 250 бремени жени кои се породиле во логорот: 4 при самото пристигнување во логорот починале: 4 ---------------------------------------------------------------------------------------------------------- Еве и слика од Македонските евреи во тутунскиот комбинат во Скопје. Спојлер Епа навалете девојки,што мислите вие за ова.Има многу да се зборува
Ооопс епа ајде и јас да се вмешам..кога ние учевме на училиште за Холокаустот значи јас се расплачив..наставникот наш по Историја ни пушти едно видео со слики и јас едноставно не можев да се воздржам..Навистина толку убиени луѓе за некаква си ментална болест која ја имал Хитлер Остави тоа што се децата виновни.. но сепак оваа бројка најјмногу ме натажи-деца до 3 години: 539- Па што се тие виновни бре..имале само 3 години..
Тоа е бројката на децата само од Македнонија кои завршилие во Логорите на смртта .Но сепак не е сигурна
Единствено добро од тоа е што поради експериментите на Менгеле врз Евреите се развила медицината. Ништо друго. Кутрите луѓе. Полошо од нешто од гасна комора,амин. Можел да се обиде со некоја депортација на остров или што ти знам што,не морал со комори.
Спојлер Хах абе каква медицина..Зарем медицина е да го сечиш стомакот на мајката и да го вадиш бебето Да можело да ги носи на остров но човекот си имал ментална болест и решил да убива се што е наречено ЕВРЕИН Се верува дека татко му бил евреин и ги оставил мајкаму и него..Епа ако тоа е вистина тогаш и тој е евреин.. Но исто така дека мајкаму била болна и дека умрела а ја лечел доктор евреин и не успеал да ја излечи.. И што можеби имала неизлечива болест што е докторот пак виновен..Речи зошто и во двата случаи еден евреин испаѓа виновен а не МИЛИОНИ Немам зборови за човекот
Да се надоврзнам и + уште ни закрепнето да му правиш некои чудни твои експерименти? Да му ставаш вакцини за очите да му бидат сини,за да е плаво или пак за да е високо? Хитлер и Менгеле според мене влегуваат во листата на најнајретардирани суштества и уште некои..!
Ние пред некои време учеме за тоа и сега кога ни кажа шо правел овој лудиот Менгеле....вршел оpерација на мозок бев анестезија...ги оплодувал девојките вештачки за да абортират после...хемикали му ставал на децата и бил фасциниран од близнаците и нивната генетика(како се создаваат) па ги држел како робови таму Плус и правеле перници од косите на жените...Болест...Мене не ми е јасно нешто....Се сметало дека нели нивната раса сите биле плави и затоа и оние шо не били плави сакал да ги измене.Е сеа шо иам гледано слики од Менгеле и Хитлер и двајцата се црни? WTF???
Секоја чест за темата. ОВа придонесува да не се застари и заборави историјата, и да им посочиме на другите и на младите генереции дека НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ НА ЧОВЕКОТ Е ЧОВЕКОТ! Во Европа секоја година 12 месеци се одржуваат настани т.н. Remembrance days во кои се вклучуваат сите генерации, целта на овие настани е да не се заборави минтаото за да се ѓиваа подобра иднина. И да не се повтори никогаш повеќе!
Извини вака ама како мислиш преку мајката а не преку таткото.. Секако дека се пренесува и преку таткото
Спојлер Навистина се расплачив..па зарем е можно деца кои имаат 8-9 години на нив да имаат само кожа и коски Што биле тие виновни..Затоа никој и никаде не смее да го црта тој знак..Бидејќи никој не сака овие работи што се случувале да се случуваат пак.. Затоа кога цртате и зборувате пазате што цртате и што зборувате..Никој не сака Рацизам..НИКОЈ Како што кажав..Хитлер за мене е едно обично животно кое требало да биде обесено..Обичен ментално болен човек
http://wiki.answers.com/Q/How_do_you_kn ... h_heritage http://en.wikipedia.org/wiki/Jews#Who_is_a_Jew.3F http://en.wikipedia.org/wiki/Who_is_a_J ... h_by_birth ЕДУЦИРАЈ СЕ!
chips.for.free Не извнини вака ама ТИ едуцирај се..Мисли малце кај нас има дете..мајкаму е бела а таткому црн..па и детето е црно!!! Доволно сум возрасна за да ги знам овие работи и не треба никој да ми кажува да се ЕДУЦИРАМ И секако дека се пренесува преку таткото..ако таткому на Хитлер бил евреин..тогаш и Хитлер бил половина евреин половина германец (ако мајкаму била германка,секако)
Спојлер Да секако..можеби не си доволно голема за да ги разбериш овие работи со пренесувањето.. И сеуште си нова така да..намали малце со твоите занесувања..
Погоре го погледнав видеото и длабоко ме допре и ми ги насолзи очите Имам една комшивка која има Еврејско потекло,родена е во тој период и секогаш кога и да ја видам, ми текнува на монструозното дело од втората светска војна и секогаш ми се тркала по некоја солза по лицето. Еднаш така кога беше на муабет, на ТВ кажуваа за музејот на Холокаустот (тогаш кога го отвараа) и таа веднаш стана и рече: Добро ајде сега морам да одам имам работа, и веднаш потрча кон вратата, си го покри со рацете лицето и излезе за кон дома.Сега секогаш кога доаѓа кај нас,сите се пазиме на некој начин да не ја повредиме и да не се спомне во никој случај втората светска војна. (до душа не зборуваме за такви работи, но сепак..) зошто очигледно е дека ги има изгубено најблиските . Кога ќе се каже монструм,ѕвер,животно, (не)човек без срце..секогаш станува збор за човекот на кого ни името не сакам да му го споменам а не пак да пишувам за него И да,цврсто ги осудувам сите оние кои го цртаат кукастиот крст затоа што на тој начин го поддржуваат страдањето на едно невино население,на едни невини луѓе кои се што сакале било да живеат на овој свет.
Во склоп со темава ја препорачувам книгата Ден после ноќта од Анита Дајамант во која раскажува за 4 девојки и она низ што поминале тие за време на Холокаустот.
Колку словени се изгинати за време на II Светска војна? Или само евреите се битни? Полска го извлече подебелиот крај, милиони пољаци, руси и украинци изгинаа. Ама само евреите се битни.
Заборави да спомнеш и други не по националност/етникум групи кои страдале од Хитлер, како што се хендикепираните, а и хомосексуалците Ама се сомневам дека за нив би се бунел Сите се битни, убивањето на сите е одвратно и го прави Хитлер онаква историска фигура каква што е. Но во дефиницијата на нацизмот една од првите ставки што ќе ги најдеш во секој учебник по историја е антисемитизмот. Факт е дека најголем таргет му биле Евреите. И што ти е поентата, зарем има смисла тука мерење и споредби?