Нацизам нема врска со фашизам тоа мислам дека знаеш нели. Татко на фашизмот е Мусолини а сите сте се фатиле за Хитлер. Не ми е поентата таргетот на Хитлер туку зошто никој не се соживува и не ги споменува Словените како најбројни жртви во II Светска војна, туку само се споменуваат евреите и хомосексуалците, како да се свето нешто. Поентата ми е зошто се занемаруваат другите националности кои биле жртви на војната а се величат евреите. Никој не споменува и ниту некој знае колкава е бројката за убиените домородни американци, а тоа не се знае бидејќи се крие, ниту ќе го сретнеш во учебници тоа. Најголемиот геноцид е извршен врз домородните американци. Ќе се израдувам ако некој дознае колку луѓе биле убиени и кој го извршил геноцидот.. Тешко дека ќе најдеш на интернет. Ете тоа кажува кое е најголемото зло во светот.
Ерммм... не? Можеби има разлика, но дека немаат врска е тотален нонсенс. Нацизмот е форма на фашизмот која во Германија се појавила десетина години после она во Италија. Разликата е во тоа што фашизмот е тоталитарен режим кој се фокусирал на важноста на државата, а нацизмот на супериорноста на Ариевската раса, расизмот, антисемитизмот и слично. Јас сега иронично ти ги споменав хомосексуалците затоа што знам колку имаш против нив, па ги додаде инаку само во набројуванки меѓу последните групи се спомнуваат, ако воопшто и толку. Сега уште да сфатам што имаш па и против Евреите Нели си ја читал и Mein Kampf, ваљда треба да знаеш и од кои лични „причини“ му се создала на Хитлер таа ѕверска омраза и одмазда за Евреите? Нема тука место за никакви споредби, воопшто не е точно дека Словените се занемаруваат - секаде предавање за Втората светска војна нормално се почнува со окупацијата на Полска (затоа и огромниот парадокс е што ти како Полјак можеш да го величиш Хитлер); се учи по историја за партизанските ослободителни движења во сите држави, со акцент на она во конкретната земја. Бројки не знам, ама сум слушала и положила со 10ка предмет за американската историја во која голем дел за окупацијата на домородците, така да и тоа како имам претстава што се случувало И пак нема поента тука. Историски зла не се споредуваат, сите треба да се омразени, да се паметат за да не се повторат.
Доволно е да видиш што прават денес евреите врз палестинците и ќе ти стане јасно што имам против нив. Истражи малку за нивниот режим, дури и од фашизам е полош. Ако сум десничар немора да значи дека го величам Хитлер. Има многу работи кои ги нема во учебници и се кријат од јавноста. Победниците ја пишуваат историјата по своја приказна. Она што го пишувало во книгите пред 10-20 години нема врска со она што го пишува денес а се работи за ист настан. Ништо не ослободиле партизаните, се знае кој го извлече најдебелиот крај. Онаа војна која била на овие простори не е можно да се спореди со она што се случувало во СССР, Полска или Германија.
Воопшто не го оправдувам тоа денес со Палестинците, како ниту една друга опресија и воен конфликт. Ама тоа е друго, а холокаустот е друго. Тоа биле обични невини луѓе во огромен број, жртви на изопачен психопат. Има и многу сведоштва од преживеани (меѓу кои и македонски Евреи), види и прочитај и ти нешто од „мејнстрим“ и „познатата“ историја. Релативизирањето е многу лоша работа