Ах.. каков почеток. Јас прв пат се сретнав со овој термин сега. Затоа „изгуглав“ и наидов на овие информации: Хомеопатијата е ефикасен, холистички систем на лекување. Зборот хомеопатија потекнува од грчките зборови “homoios“ што значи сличен и “pathos“ патење, слично на болеста или тегобата. Хомеопатијата се темели на законот на сличноста кој гласи similia similibus curentur или слично со слично се лекува. Основни принципи на хомеопатијата Витална сила Ова е првиот принцип по кој хомеопатијата се разликува од класичната медицина. Виталната сила е енергија која го анимира телото, ги одржува неговите функции, се однесува како негов регулатор, се со цел да ја одржи хармонијата на телото. Таа не може да се измери, но со набљудување може да се процени колкава е животната сила на некоја особа. Во кинеската традиционална медицина оваа енергија се нарекува чи, а во ајурведската прана. Со други зборови тоа е виталноста на еден организам. Законот на сличноста Ова е основниот принцип на кој се базира хомеопатијата. Тоа значи дека супстанцата која предизвикува одредени симптоми кај здрава особа, може да се искористи за лекување на истите симптоми кај болна особа. На пример Allium cepa – кромид се користи за лекување на состојби кои имаат исти симптоми и сензации како кога сечеме кромид (солзење на очите, надразнување на носот). Предизпозиција Секоја особа има одредена склоност и предиспозиција и различно реагира на различни болести. Ова зависи од квалитетот на виталната сила и таа воглавно останува иста во текот на животот, но некои фактори можат да ја влошат состојбата (пушење, алкохол, лоша исхрана) и да го направат организмот поподложен на болести. Затоа, избалансиран урамнотежен живот, правилна исхрана и добар хомеопатски лек можат да ја намалат склоноста кон многу болести. Мијазми Мијазмата е пореметување, грешка на животната сила. Ханеман во почетокот од применувањето на својот нов хомеопатски начин на лекување имал добри резултати, но со тек на времето приметил дека симптомите или болеста по извесно време се враќаат. Со години ги анализирал хроничните случаи и дошол до заклучок дека причина за тоа се мијазмите. Испитување на лековите Секој лек кој се користи во хомеопатското лекување поминал низ процесот на испитување. Приготвениот лек се дава на група здрави испитаници (со контролна група – едни го добиваат лекот, а други плацебо) се до појавувањето на првите симптоми. Се прави прецизно и детално забележување на сите симптоми на физичко, емотивно и ментално ниво. Вкупните собрани симптоми ја представуваат сликата на лекот. Потенцирање на лекот Хомеопатскиот лек делува на виталната сила и причината за појава на болеста, а не на симптомите кои се последица на истата. Бидејќи виталната сила е динамична и лекот кој го даваме мора да биде динамичен, што се постигнува со потенцирање на лекот. Потенцирањето на лекот е посебна постапка кој се состои од разблажување-разредување и силно протресување на шишенцето во кое се наоѓа лекот (удирање на шишенцето од тврда подлога), така да во хомеопатскиот лек нема ниеден молекул од основната супстанца од која е направен. Правило на препишување на еден лек Хомеопатијата е холистичка метода и затоа симптомите ги посматра како израз на пореметена витална сила и врз основа на тоталитетот на симптомите се препишува еден лек кој го покрива основното пореметување на виталната сила. Херингов закон – насоки на излекување Овој принцип го поставил Константин Херинг, следбеник на Ханеман. По овој закон го пратиме текот на хомеопатското лекување, односно движењето на симптомите. * Од внатре кон надвор – ако симптомите се движат од внатрешните органи кон кожата тоа значи дека препишаниот лек е добар и лекувањето се одвива во вистинска насока. * Од поважни кон помалку важни органи – ако симптомите се повлекуваат од срце и одат на зглобови, лекувањето добро се одвива. * Од горе према долу – ако пациентот има кожни проблеми на лицето, а после дадениот лек симптомите се спуштат на кожата околу половината, тоа значи дека пациентот се подобрува. * Од симптомите кои последни се појавиле кон симптоми кои први се појавиле – добро е кога симптомите се повлекуваат по обратниот редослед од нивното настанување. Извор: http://biohol.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=104:2009-09-15-08-29-40 _______________________________ Е сега, искуства?
Јас сум го слушнала зборот хомеопатија, ама не сум знаела што точно значи, фала за информциите Bright. Не знам кој се занимава со тоа кај нас, инаку сум слушнала за лекување со дроги и отрови кои во мали количини се лековити, тоа е хомеопатија така, добро сум разбрала ? Или што би рекле србите, КЛИН СЕ КЛИНОМ ИЗБИЈА
Ама јас прашав за искуства. За тоа што е и како функционира знам поприлично, и под хомеопатска терапија за мигрена сум година и пол веќе. Сакав само да знам дека и други луге имаат позитивно искуство од Хомеопатија.
Zdravo , se sekavam kaj Janko - Jadi burek imase eden gostin koj sto lekuvase ako ne se lazam so metoda na cist kislorod nekako taka bese , i mislam deka migrenata ja vbrojuvase vo onie problemi kaj koi sto so ovoj metod se postignuva golem procent na uspeh ... ako nekoj znae nesto ili se sekava neka pise , ili ti mozebi veke go imas isprobano toa . p.s a za necie iskustvo do sega so h.t nemam slusnato , ako mi pomine niz usi ke ti pisam pozz
јас имам поголемо искуство со хомеопатијата.се лечам хомеопатски веќе 4 години. и сум многу задоволна! Треба да се почитуваат правилата од хомеопатот и да се има трпение.Доброто во хомеопатијата е што не ја лечи одредената болест само туку цел организам во целост и плус хомеопатските лекови немаат несакани дејства-ги користат и децата животните, бремените жени.
јас сум корисник на хомеопатија и тотално ја подржувам ефикасна е т.е најефикасен метод имав проблеми со јајниците и со кожата а за тоа користев апис тоа е отров од змија се прима во вид на зрна се става под јазик нема никаква хемија туку хомеопатијата е информација која мозокот ја прима дека нешто не е во ред во телото и потоа организмот целосно се насочува кон негово лечење
и заборавив да споменам дека исто имав и нередовна менструација и сега се се среди Опомена од модератор: Не пишувајте две мислења едно по друго. Наместо тоа, користете го копчето Редактирај.
Bi sakala ako moze da mi ispratis broj od tvojot homeopat. Blagodaram! [mod-kirilica:1itlwy4a][/mod-kirilica:1itlwy4a]
vE MOLAM AKO NEKOJ ZNAE DALI IMA HOMEOPAT VO BITOLA,NEKA MI ISPRATI BROJ ILI ADRESA ZA KONTAKT...POZZ [mod-kirilica:3txqs2i9][/mod-kirilica:3txqs2i9]
Мајками сега студира за хомеопатија. Јас веќе 5-6 години се лечам со хомеопатија и многу е добро. Редактирано од модератор: телефонски броеви и слични податоци испраќајте само преку лична порака.
Здраво на сите , јас поцнав да го носам моето дете на хомеопат кај Ели , и можам да ви кажам дека сум задоволна, пред тоа ми ја труеа само со антибиотици дури станавме зависни од нив а има само 2 год, можете да замислите како ми беше мене кога секој месец почнуваше да кашла, и док. одма и даваше антибиотик, сето тоа и се лепеше на плуќа а антиб. и го( зациментируваше). На почетокот имавме терапија со чистење на сите антибиотици сека се лечиме од кашлицата, малку иде бавно но сигурно затоа што има премногу антиб. во неа. Јас верувам во неа дека ке ми го олечи моето детенце. Редактирано од модератор: телефонски броеви и слични податоци испраќајте само преку лична порака.
Јас успешно се исчистив од сите антибиотици што ги имав испиено во тек на 27 години со хомеопатија. Инаку одев кај Гого, човекот е З А К О Н. Веќе неколку години не пијам ништо од антибиотици освен кафетин менструал кога си имам мака а можам и без тоа. Значи кај него одам 1 или ни еднаш во годината, пошо немам потреба повеќе, супер сум си со здравјето, а кога си имам проблем со грлото (инаку имав постојано чепови по крајниците и хроничен бронхитис) само со природни сокчиња, лимонади, и тоа е тоа. А ако запне - тогаш правац Гого и готово за пола ден!
a po pat na homeopatija se lekuvaat li fobii i stravovi?? mislam deka imam citano deka moze, patem imate li informacii za nekoj dobar homeopat???
Јас користам некои хомеопатски препарати за козметика, хигиена и слично (пр. паста за заби). Ги нарачувам од странство, иначе се направени на скроз придродна база, безбедни, без штетни хемикалии и додатоци.
се лекува, прегеска бев на разговор, ти прават еден тест, т.е профил лично твој, опфаќа се и сешто и да не кажеш што ти е ќе те откријат, обично за месец дена терапија помага! ако сакаш број или инфо плус пиши ми лп! иначе женава е од Скопје