1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Камелиа, ако ја следиш дискусијата, погоре една членка го спомна добро познатиот ЛГБТ аргумент дека „хомосексуалноста е природна затоа што се среќава и кај животните“. Во тој контекст спомнав дека ако животните се репер за тоа што е природно и нормално за човекот, тогаш, според таа логика, и педофилијата и некрофилијата се природни работи бидејќи и овие се среќаваат кај животните. И не само тие, туку кај животните среќаваме и јадење на сопствениот измет, лижење на анусот после нужда, јадење на сопствените деца - работи за кои верувам ќе се сложиме дека се неприродни и ненормални за човекот. Затоа сметам дека животните не треба да ни бидат репер за она што е „природно“ или „нормално“.

    А дека може да се споредуваат педофилијата и хомосексуалноста како девијации на сексуалниог нагон - секако дека може. Знам дека не убава таа споредба, но може. Верувала или не, и двете сексуални девијации стојат една до друга во универзитетскиот учебник по медицинска психологија. Еве ти принт скрин:
    homo1.jpg
     
    Последна измена: 3 јули 2019
    На Laufinam, Petra777 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos ај са сликни од истата книга, едиција 2018. Не се мешам натамошно во твоја дискусија али одамна ти имам кажано дека книгава е изменета и зошто. Ја користиш како доказ, нешто кое поќе не се смета за релевантно во мои кругови. Читај психолошки.
     
    На Lella, staycalm, lovestoneddd и 7 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.052
    :)

    Ај убО ти рече @theowndemon - побарај понова едиција :)
     
    На lovestoneddd, Animali, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Последното издание јас што го имам видено на оваа книга од доктор Чадловски е од 2004 година и многу од овие термини уште пред минимум 3 години не се користат.
     
    На lovestoneddd и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Знам дека е сменета, откако дојдоа Заев и Царовска на власт. Лобито на ЛГБТИ со политичко дејствување успеаа да ги отстранат хомосексуалноста и трансџендеризмот дури и од листата на психички растројства на СЗО, а не па од една Македонија која за ситно евро ќе смени се што ќе и кажат.

    И не е ова единствената цензура, и не е само кај нас. Една од главните цели на ЛГБТИ движењето е менување на образованието, цензурирање на научни факти (како што се статистиките за големиот број на хив позитивни меѓу хомосексуалците, заразените со сифилис, хепатит). Ќе слушате наскоро и на вестите, ќе дојде и ова на ред на агендата на Царовска, ќе има и реакции и протести на оваа тема од совесните граѓани. Памтете ми го постов :)
     
    На Laufinam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Евангелос, ќе те цитирам само за ова, иако најверојатно ќе отидам оф-топик од темата на дискусијата.

    Ова може да биде само аргумент во дискусија во која едниот тврди дека хомосексуалноста е човечка измишљотина - не е, затоа што се среќава и кај други животински видови. А тоа дали секое однесување кое се среќава во природата може да се окарактеризира како „нормално“ и „прифатливо“ во човечкото општество е нешто сосема друго.

    Се слагам дека сите работи кои ги наброја се среќаваат кај животните. Ама мислам дека сите ќе се сложат, без разлика дали се религиозни или не, дека човекот како суштество функционира врз нешто повеќе од нагони и инстинкти, т.е. ја користи својата свест и разум.

    А човечкиот разум и свест го дефинирал сексот како консензуален однос помеѓу две единки - и тука е клучната разлика меѓу хомосексуалноста и педофилијата и зоофилијата. Дете нема доволно развиена свест за да може да даде согласност за сексуален чин, ниту пак да ги согледа можните последици од истото. За животно да не правиме муабет.
     
    На Lella, staycalm, Animali и 16 други им се допаѓа ова.
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Причината за тоа е некористење на кондоми, со оглед на фактот дека не може геј луѓе да останат трудни од логични причини. :)
    Дека многу се запна со болестиве, иначе и стрејт луѓе имаат сексуално преносливи болести и се промискуитетни :)
     
    На Lella, Animali, Lianna Anna и 9 други им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Е ај ако не да препишеме научни докази, откритија и слично на сегашнава власт м?

    Книгите се сменети ради напредок во медицината и психологијата. Не е се во светов пропаганда на ЛГБТ. Не ја имаат таа моќ да влијаат врз научни истражувања, i am sorry. Како што се напредува, така и науката прогресира.

    Јасно ни е на сите што сакаш да постигнеш, треба веќе да престанеш да провоцираш. Кажи нешто што е потврдено со научни факти, а не твои теории на заговор и наметнување лични ставови каде што не те засега.
     
    На Lella, CameliaMiller, Lianna Anna и 11 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Ако верваш еднаш на авторите, ќе верваш и после. Јас лично имам зборано со дел од нив и знам дали е цензура или не. И ти имам друг пат кажано. Теории на заговор чувај си ги за друг. Факт е дека сликата која ја шириш со месеци назад, дури ни самите автори не ја признаваат.
     
    На Lella, Someonespecial, CameliaMiller и 10 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Најдобро е да се игнорираат Евангелоси.
    По сите 'контроверзни' теми, на десетици, стотици страници се повторуваат истите-па истите објаснувања.
    Ако до сега некој не разбрал, нема никогаш.
     
    На Lady D ❤️, Lella, Lianna Anna и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Ах, професорот Чадловски. Книгата се промени, ама тој не. Човек што никако не би сакала да биде пример и репер за многу идни лекари. Можеби солидно образован и искусен, ама далеку, далеку од пример за човек чии дела треба да се следат.
     
    На Someonespecial, lovestoneddd, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Токму ова го пишав и на темава, не сме животни па слепо да се водиме по нагоните, инстинктите, чувствата, похотите, импулсите. Доволно сме развиени со свест и разум да распознаваме што е машко, а што женско т.е. барем повеќето луѓе.

    1. Човечкиот разум и свест го дефинираат сексот како консензуален однос помеѓу маж и жена. Исто така, разумот и свеста аналниот отвор го дефинираат како излез, а не влез. Извини, ама тоа го велат разумот и свеста.

    2. Лобито на ЛГБТИ користи контрадикторна логика коста станува збор за консензуалниот (согласниот) однос кон животните. Тие велат дека човек не може да има секс со животно, затоа што тоа не може да даде вербална согланост за тој секс, но затоа пак човек може без согланост да го заколи животното, да го исецка на парчиња и да си направи бургери од него :^) Доколку некој од форумов присуствува на следната ЛГБТИ конференција, нека го постави ова прашање на агенда, за да се договорат дали треба или не треба да се бара согланост од животните.

    Извинете вие што ви е гадно да читате за ова, но нажалост да, тоа е причината што лобито на ЛГБТИ ја даваат за немање секс со животно :puke: И мене не ми се веруваше на почетокот дека некој само заради оваа причина не ја оправдува зоофилијата, но ете, тоа е.

    Жал ми е, но не е така. Просечен хетеросексуалец има околу 3-4 сексуални партнери во животот. Знам дека има исклучоци што имаат и по 8-9 и повеќе, но има и такви кои имаат по 2-3.
    Додека просечен хомосексуалец маж има стотици сексуални партнери.

    И едните и другите некогаш користат, а некогаш не користат кондоми. Еве ти и една научна студија (наспроти „логичните паушални претпоставки“) каде што направиле истражување и заклучиле дека хомосексуалците користат дури и повеќе кондоми од хетеросексуалците:
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3334840/

    Не е се, ама ова е докажана пропаганда на ЛГБТИ движењето. Како што кажав, хомосексуалноста и трансџендеризмот (мажи што се замислуваат дека се жени и обратно) беа отстраните од листата на психички растројства исклучиво за заради тоа што медицината напредна или дека имаше некакво ново научно откритие, туку единствено поради притисокот на ЛГБТИ движењето врз СЗО, а потоа и локално во државите.


    Не се теории за заговор. Уште пред 2 години кога пишував за агендата на ЛГБТИ за Македонија, овие ЛГБТ патрониве на форумов сакаа да ме претстават дека сум параноичен, дека измислувам, дека лобито на ЛГБТИ немаат никаква агенда и сл. Кога пишував за Истанбулската конвенција и подмолното одвојување на полот од родот (кај луѓето, не во граматиката) и неговото редефинирање како „општествен конструкт“ и за други точки што го задираат образованието, исто така ми приговараат дека измислувам (иако наведов и цитати од самата конвенција.

    Веднаш потоа се измени и законот за недискриминација при што се исфрли ставката која ја штитеше хетеросексуалната заедница - бракот - како заедница меѓу 1 маж и 1 жена. Со новиот закон сега дефиницијата за брак се смета за дискриминација. Значи наместо лобито на ЛГБТИ да си дефинираат и регистрираат своја хомосексуална заедница (и други заедници), туку за цел си ставаат да ја менуваат хетеросексуалната заедница (бракот). Кој кого дискриминира тука? Кој на кого му ги загрозува правата?

    Следно на агендата на ЛГБТИ движењето беше парадата што се одржа. Следно на агендата им е менување на законот за брак и семејство и менување на образованието со цел промовирање на родовата (џендер) и ЛГБТИ идеологија, со цел да ги индоктринираат децата уште од мали нозе.
    За „постарите деца“ си имаат други методи. На пример серијата „Преспав“ е една од нив каде што се промовира хомосексуалноста преку Марио и Тони. Тој проект чинеше илјадници евра. Немој да мислиш дека „ЕУ за тебе“ донираше илјадници евра за да не насмее нас македонците :D
    Исто и отварањето на телевизијата на Боки 13ка (1ТВ) и нејзиното протнување во „национални телевизии“ е дел од нивната агенда. Таа ќе се користи за медиумско промовирање на идеологијата на ЛГБТИ. Сичко е наредено и прецисно испланирано. Проблемот е што сега се создаде какво такво граѓанско тело за одбрана на традиционалниот брак и семејство и заштита на децата од родовата (џендер) и ЛГБТ идеологија, па тоа им ги изремети и одложи малку плановите, па веројатно некои работи што требаше да се случат за неколку месеци, ќе се случат за некоја година. Но бидејќи следат избори за 2 години, или ќе треба да дејствуваат брзо, за да има време да се подзаборават глупостиве што ги донесуваат, или да ги одложат за после избори. Ќе видиме баш како ќе биде :)
     
    На Laufinam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    А зошто да стојат во листа на заболувања? Постирај ми едно истражување, научна студија каде пишува какво заболување е, кој орган и заболен и патофизиологија на тоа заболување. Нема. Па како тогаш бе златен да стои во болест кога луѓето се комплетно здрави? Не може оти тебе и на останатите Евангелоси (твоево име ќе го земам за синоним за хомофобија, мислам нема поголем хомофоб од тебе) ви прднало на умот дека некој е болен па ќе го ставаме во книги како таков. Кога ќе искочи студија со точен механизам на таа "болест" тогаш ќе си ја пишувате како таква.

    Како и секогаш евангелосите се дискриминирани, нападнати, сироти они како некои луѓе се дрзнале да си бараат право да си ја овековечат љубовта, да бараат брак, институција која никако не е ваша па само вие да имате автономија над неа. Кога таму кај тебе у група ќе си патентирате некоја институција, нешто, тогаш ќе си одредувате правила, вака немаш апсолутно право да сепарираш од други луѓе нешто кое не е твое in the first place.

    Можеш до утре да си збориш и да си се тешиш дека конзервативноста победува, ама кога дури и во една Македонија се охрабрија луѓе да искочат се направи еден stepping stone кој тешко дека некој ќе го запре. Убави работи го чекаат светов а вие може само од страна да гледате и контра протести да правите со молитви, зурли и пцовки.
     
    На Lella, WildMk, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Кој орган? Па може да биде и мозокот. Поточно хипоталамусот. Има научни студии кои покажуваат дека хипоталамусот не е доволно развиен кај хомосексуалците. Одреден регион од хипоталамусот (INAH 3) е двојно помал кај хомосексуалците.
    Еве ти една научна студија: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/1887219
    Еве ти уште една: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/7560933

    Но, не секогаш хомосексуалноста се јавува од биолошки дисфункции на телото (мозокот). Понекогаш е чисто психичка девијација - инверзија на сексуалниот нагон. Некои луѓе биле сексуално злоставувани како мали, па подоцна реактивно кај нив се појавиле хомосексуални чувства. Други биле зависни од порнографија и тоа им доволо до се здобијат со чудни перверзни нагони, меѓу кои и хомосексуалност. Трети од трети причини и сл.

    Затоа што се сексуални девијации. Зборот „девијација“ токму тоа значи, отстапување од нормалното, од природното. Некој може исто како тебе да праша и зошто зоофилијата, некрофилијата, педофилијата се третирани како болести? Може и слично на тебе да праша кој орган им е заболен и која е патофизиологијата на тоа заболување? Психичките пореметувања поинаку се дијагностицираат. Не секогаш таму на ренген ќе се види „скршеница“ или да се детектира инфекција.
    И како што кажав, од листата на психички девијации не беа отстранети по научен основ, туку затоа што ЛГБТ движењето изврши политички притисок на СЗО.
     
    Последна измена: 4 јули 2019
    На Laufinam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Напна веќе со зборот брак, еве хомосексуален брак, северен брак ќе биде од денес ако толку имаш проблеми со името.

    Знаеш колку глупаво звучиш што си се закачил за еден збор и го користиш како изговор да плукаш по хомосексуалците? Ама по тоа си и препознатлив.
     
    На Lella, Lianna Anna, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Дефиниција за брак е-двајца што се сакаат и сакаат животот да го поминат заедно.
    А не двајца кои народот сака да се заедно..
     
    На hermosa, sweet-cherry, staycalm и 9 други им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos ако ја прочита статијата што ја лупна тука златен, ќе прочиташе дека пишува оти нема промена во волуменот на хипоталамусот.

    Најдени се повеќе клетки меѓутоа не се знае потеклото на тие клетки и дали тие имаат origin ради сексуалноста. Ама најлесно е да најдеш нешто и да залепиш, а тоа дека треба да разбереш што авторот сака да ти каже е малце потешко нели.

    За некрофилија, педофилија и зоофилија ти имам напишано сто пати, тебе педофилијата те тригернува само ако е од хомосексуалец. Не дека мене не, сакам да скапат у затвор сите, ама ти ниту еднаш не си оклеветил хетеро педофил, религиозно поврзан човек па ич да не правиме муабет. За тебе педофилијата е инклузивна на хомосексуалците и тоа кажува доволно за твојата игнорантност.

    Нема ни да се повторувам, ама дека ќе пуштам тука да читаат збунети лица кои уште не знаат дали сакаат момци, девојки или двете дека се болни мало морген. Затоа не те блокирам, мора некој да им каже на тие луѓе дека се совршено здрави кога "доктори" како тебе кои абер немаат од медицината им викаат поинаку.

    Патем другарчињата твои еве што правеле за да "лечат хомосексуалност":
    Извор: https://www.google.com/amp/s/amp.theatlantic.com/amp/article/304683/

    Со оштар предмет лоботомија на мозокот им правеле. Ги полнеле со хормонски инекции. На жените матките им ги ваделе. Ама геј луѓето не чинат нели, не тие кои нож у здрав мозок им ставале.

    Вие од повозрасните што читате и сакате да си ги праќате децата на лечење еве видете како иде лечењето. Ако порадо би им ја ваделе матката или би правеле подвезување на семеводи оти не ви е по шаблон детето ваше не го заслужувате. Сори нат сори.
     
    На sweet-cherry, Lella, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Како што кажав погоре, кај хомосексуалците е забележано дека одреден дел од хипоталамусот на мозокот не е доволно развиен. Станува збор за областа именувана како INAH3.

    No differences were found between the groups in the volumes of INAH 1, 2, or 4. As has been reported previously, INAH 3 was more than twice as large in the heterosexual men as in the women.
    Извор: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/1887219

    Верувам дека знаеш англиски. Овде пишува дека областа INAH 3 од хипоталамусот кај хетеросексуалците е два пати поголема. Што значи дека кај хомосексуалците е два пати помала. Истото го имаш и во другата научна студија. Значи кај хомосексуалците оваа област не е доволно развиена. А добро знаеме дека хипоталамусот е жлезда во мозокот одговорна да лачи многу хормони.


    Никогаш, никогаш не сум направил разлика помеѓу педофил и хомосексуален педофил. Ако сум пишал некаде нешто вакво, те молам повели цитирај ме. А доколку не, верувам дека си ме помешала со некој друг и дека ќе бидеш доволно доблесна да се извиниш.

    Тоа што го наведуваш се средновековни небулозни методи. Вакви методи денес не се користат во развиените земји. Еве јас имам 3ца пријатели кои порано биле геј, а денес не се. Ниту еден од нив не поминал низ овие „методи“ за да се оправи.

    А кога сме кај „хормонски инекции“, ЛГБТИ движењето е тоа што промовира хормонски терапии на мажите што се „чувствуваат како жени“ и жените што се „чувствуваат како мажи“. Значи денес, во 21 век, пропагаторите на ЛГБТИ идеологијата се тие кои што „лечат“ мажи со цел да ги направат жени и жени за да ги направат мажи.

    Така иде лечењето ако се вратат со временска машина во 14ти век. Денес лечењето е со давање многу љубов на детето, грижа, разумно советување итн.
     
    Последна измена: 4 јули 2019
    На Laufinam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    :D Good one (y)
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Жал ми е, но во нашиот закон заедницата брак е уредена вака:

    Закон за семејство на РМ, член 6:
    „Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.“

    Извор: http://www.mtsp.gov.mk/wbstorage/files/zakon_semejstvo_osnoven.pdf
     
    На Laufinam и fana им се допаѓа ова.