1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомофобија во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од LGBT, 1 мај 2012.

  1. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Доколку се прашувам јас, во образованието на Балканот има дупка, барем што се однесува до оваа тема. Затоа што доколку дојде до разговор на тема хомосексуалност многу од професорите почнуваат со теории како тие луѓе се болни, треба да се лечат и му пречат на општеството и слични работи. Во учебникот по социологија за 2ра година хомосексуалноста е наведена како девијантна појава, а во учебникот за 3та година дури пишува дека тоа е изопачена сексуалност и дека не е природна. Со тоа ддаваат зелено светло на исмевањето и зголемувањето на хомофобијата во ова општество, а резултатот е деструктивен. Невини луѓе се комплексираат и страдаат во тишина затоа што некој е назаден за 40 години (во 1970 отприлика во Америка хомосексуалноста е тргната од листата на болести). Дали мислите дека ова може да се искорени, и на кој начин?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Еве и тука ќе ти кажам дека ти имаш некои др. комплекси.
    Живееме во Мк. и по никое мерило не можеме да се мериме со Западот. Додека во некои држави се регулира проституцијата, марихуана, хомосексуалност и др. за нас тука сеуште ќе биде девијантна појава.
    Хомосексуалноста не е природна. Прост пример ти е проста репродукција на човекот, животните, растенијата.
    И ти живееш со Балкански синдром ,,што ќе каже комшијата,,. Ако си се определила за хомосекс. што ти е гајле за другите, живеј си го животот.

    Можеби за едно 100год :x :x
     
  3. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Многу погрешно хомосексуалност во америка е тргната од листата на болести многу покасно ,и тоа не поради научно докажани факти туку поради јаките педерски ( геј ) лоби групи.
    Хомосексуалноста е генетско пореметување и тоа е научно докажано, а секое пореметување се нарекува деформација или БОЛЕСТ.
    Те молам немој политички одлуки да мешаш со научни факти, мене лично не ми сметаат хомичите и се додека се подалеку од мене и немаат никаква врска со мене, нека прават што сакаат нека кршат глава.
    За крај во педеризмот нема ништо нормално нити природно тоа е девијација,а како и се во природата секоја девијација е осудена на пропаст и не прифаќање од околината.
    Денес хомосексуалноста,утре педофилијата ли треба да биде окарактеризирана како најнормална и најприродна појава кај човекот ?
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Немаше да реполицирам додека не ја вмеша педофилијата. Со кое право ТИ ме споредуваш МЕНЕ што само сакам да бидам во врска со исти пол со некој што трауматизира деца и им уништувам цел живот и ги сексуално осакатувам? ДО КОГА ЌЕ НАУЧИТЕ ДЕКА ХОМОСЕКСУАЛНОСТ И ПЕДОФИЛИЈА НЕ Е ИСТО? Немој те молам, имам пријателка што била злоупотребена многу добро сум запознаена со таа тематика, и не ме чепкај повеќе. И, да, јас не се определив за тоа мене природно ми иде привлекувањето кон женски. И пронајдено е хомосексуалност во над 450 видови рбетници, хомофобија само во 1. Which one is unnatural?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.986
    Допаѓања:
    279.084
    Мислам дека никаде не беше извршена споредба на хомосексуланоста и педофилијата ниту помешување на поими.

    Беше употребено набројување и запирка при употребата на терминологијата, што асоцира на потенцирање на два сосема различни поими.
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Во ред во поглед на репродукцијата, но хомосексуалноста како појава е позната и кај животните. Неретко се среќаваат и хомосексуални животни и тоа почнувајќи од лав, завршувајќи со сите други.
     
    На Lolo5 и LGBT им се допаѓа ова.
  7. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Во тој случај се извинувам, затоа што одблизу го имам видено хоророт на децата злоупотребени од педофилија и тоа ми е премногу чувствителна тема :(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    LGTB еве јас искрено мислам дека хомосексуалноста не е природна и не ја оправдувам баш, ама не ме свакај погрешно, немам ништо против тебе или некој друг поединец. Само сакам да ти кажам дека мораш да бидеш посилна затоа што како што гледам по теми само се жалиш, паѓаш во депресии, па и ти се граничело со самоубијство :o Добро бе ти знаеш ли за нас протестантите што зборат??? Секташи, чудаци, заостанати, ограничени во мозокот и ред други работи. Еве конкретно за образованието, македонски ни кажува дека библијата била книга на еврејски легенди, а биологија учиме за теории на еволуција и за биг бенг. Многу професори имаат кажано дека тоа се само прикаски, а и на форуми тоа читам. И сега јас што треба да направам, да се убијам ли? Немој да бидеш толку искомплексирана, и јас бев во основно затоа што бев поразлична од другите( на пример нејќев да пцујам, или да пушам, и такви некои работи), а учев со многу огранилени деца и ме исмеваа. Ама сега во средно секој си ја гледа својата работа и сите се различни и се прифаќаат. Ти викам не се добри комплексите. Ако веќе си решила да бидеш поразлична мораш да бидеш силна.
     
    На matea2331 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Како и во се друго, така и во прифаќањето на несекојдневни појави, ние како една држава на Балканот сме уназадени.Во главите на луѓето во државава сеуште несекојдневни појави се разводите, хомосексуалноста и уште многу други работи.И тоа со тек на времето ќе се смени, сигурна сум.Луѓето се повеќе ќе се навикнуваат на овие работи, а доаѓаат и нови генерации на кои тие работи им се сосема нормални.Но, не очекувај дека ти, како една личност, можеш да смениш нешто сама.За да се направи било каква промена, потребно е здружување и обединување со луѓе кои размислуваат и се чувствуваат исто како тебе.Мој совет ти е, ако веќе си дефинитивно сигурна дека ќе ја одбереш хомосексуалноста како твој животен избор, за почеток од професорите, а и од другарите и другарките, би можела да ја скриеш.На семејството можеш да му кажеш и би требало да му веруваш, ако се во состојба да те разберат.Но, знај дека секогаш, што и да правиш, некој ќе те осудува, некој ќе биде незадоволен и некој нема да го разбере твојот избор.И ова се однесува на се, од најбаналните работи како што е каква облека ќе носиш денеска или која серија ќе ја гледаш, па се до важни животни одлуки, како избор на професија или сексуална ориентација...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    2.735
    Јас лично, немам ништо против хомосексуалноста. Да, сметам дека не е најприродната работа во свет, али секој си има право на сопствен избор, нели? А секако дека има и многууу полоши работи што не опкружуваат.

    Што се однесува до образованието, не знам како очекуваш денешниве наставници да не бидат против тоа. Тие се растени во времето на Тито бре, каде се знае, балкански менталитет, машкото е глава во семејството, неговиот збор се слуша, патријахат до немај каде. Оние помладите, можат да отскокнат, али сепак повеќето не се согласуваат.
    За тоа нема лек, нема што да се нервираш. Кај нас нема уште воведено сексуално образование, а камоли хомосексуалноста да почне да се зборува во образованиево.
    Ти биди си тоа што сакаш, не мора наставниците да се согласуваат со тебе. ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Не само направив споредба,што ако утре се појави јако педофилско лоби и успее да издејствува дека сексот со полово не созреани личности е легален, што тогаш.
    Дали и тогаш и тоа ке треба да го прифатиме како природна и нормална појава ? Се разбира дека не.
    Одговорни за хомосексуалноста се X Y хромозомите, недостаток или вишок зависно од случајот.
    Е сега прашање дали таа девијација на хромозомите треба да се смета како болест ?
    Дали генетското пореметување даунов синдром се смета за болест?
    хемофилијата исто е генетско пореметување, и таа е болест.
    Затоа и хомосексуалноста е болест,иако со помош на јаките лоби групи имаат издејствувано да се тргне од списокот на болести.
    Да кај 450 видови е откриена хомосексуалноста,но тоа најчесто кај единки кој што неможат да се спарат со друга единка од истиот вид, предизвикано од генетски недостатоци.
    Па инсктиктот за спарување и секс најчесто го задоволуваат со исто полов партнер, но добро ке беше да го кажеш процентот на тие единки.
    Во една колонија на морски Галеби се среќаваат хомосексуални партнерства на две женски единки кој што прават гнездо, несат јајца, ги квачат ( но јајцата не се испилуваат бидејки не се оплодени од мажјак) и се така во круг.
    Но забележително е што тие единки се во близина на колонијата,не во самата колонија малку понатака се. Отфрлени и на некој начин изолирани од останатите, кога некоја лисица или друг предатор ке ја нападне колонијата - сите птици заедно ги бранат јајцата и малечките,додека на хомич двојката никој не им помага да си го одбранат гнездото.
    Да ја има и во природата хомосексуалноста, но сите единки се отфрлени и изолирани од групата.
    Ја има и кај животните кој што се во заробеништво, но претежно се јавува поради потребата да се задоволи инстиктот за секс, или на тој начин се манифестира потребата од парење и спремноста на некоја единка да биде оплодена или да оплоди.
    Значи и во природата не е баш „ Природна“ и не е баш „ Прифатена“ како нормална појава.
    На крај краева незнам која ти е целта,дали очекуваш од професорите на час да речат - Деца хомо-сексуланоста и хомо сексуалната определба се нормална и природна појава, зошто упорноста да се докаже дека ете тоа е нормално и природно, дали на себе си докажуваш или на сите други ?
    Ете мене ми е сеедно сега ти реплицирам,пишувам овде одкако ке напишам и ке стиснам испрати, мене ми е сеедно дали ти си нормална личност или ненормална. Истото важи и за цела останата популација, неможеш на некого да му наметнеш нешто како нај нормално кога не е истото такво, па и во земји каде што се дозволени хомосексуални бракови, НОРМАЛНИОТ дел од популацијата го смета тоа за неприродно и ненормално,само се помирува со фактот дека секој има право да прави што сака во приватниот живот и никому не му е гајле, за хомо популацијата. Не дека ги сакаат или почитуваат .
     
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Нема потреба воопшто да се вмешува хомосексуалноста во образованието. Тоа за учебниците нема да го коментирам, затоа што и јас сум учела/студирала социологија и психологија, па никаде не сум сретнала дека хомосексуалноста е наведена како болест.
    Сметам дека тоа е исклучително лична работа која никако не влијае врз образовниот процес (тие луѓе нити се поглупи, нити заразни) па воопшто да паѓа на тема муабет.
    Е сеа, тоа што повеќето наставници и професори се со тесни погледи, тоа е друга работа. Ама ако е за тоа, зар не патат оние кои се без еден родител а секаде среќаваат примери за нуклеарно семејство како да е единствената формација на нормално функционално семејство? И јас сум стискала заби кога ќе се спомнел татко, ама нит сум се искомплексирала, нит сум дозволила тоа да влијае на мене на каков било начин.
    Нема потреба се да се зема при срце, особено не кога си поразличен од другите. Велиме дека бегаме подалеку од затуцаниов менталитет, а пак ни е важно што ќе кажат другите. Од истава причина сум и против веронаука во училиштата. Некои работи едноставно се лична определба и не треба да се суди според тоа. Ама жалење, лелекање, офкање, форсирање не е арно за што и да е.
     
    На Breezy и Hipster им се допаѓа ова.
  13. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Би сакала да поразговараме поповод денешниов марш на ЛГБТ групите маршот на толеранцијата и нападот на двајца учесниц. Кажете ми кое е вашето мислење од каде толкава хоофобичност кај маживе? Дали е тоа поради нивната несигурност во својата сексуална определба, или незнам од каде би извирала толкава доза на омраза кон луге кои ништо лошо не ти сториле. А, пак од друга страна се толерантни кон една друга група на луге како што се наркоманите, и не им пречи да имаат за пријател наркоман а им пречи хомосексуалец. Оправдување им е децата да не гледале хомосексуалци демек и они ќе станеле хомосексуалнци од гледање. Ма немој! Човек се раѓа како хомосексуалец а не се станува. ако е така треба да им ги земат компјутерите бидејки таму врие од хомосексуалци и лезбејки каде шо се прикажува експлицитни сцени за разлика од обична прошетка. И што е уште полицемерно немаат ништо против лезбејките не се плашат дека нивните ќерки ќе станат лезбејки па дури и со задоволство ги гледаат категориите Лезбиан на порно сајтовите бидејки е тоа една од најпосетуваните категории.
    Додека пак изгледа ние жените сме посигурни во себе со самото тоа и потолерантни. Па затоа би сакала да подискутираме на оваа тема ако ништо друго барем помладиве генерации ќе може нешто да научат од нас, и да извлечат сопствени заклучоци.