Можеш да си пиеш Фемибион. Не се сеќавам колку беше, нешто ми се врти околу 600 денари, но не држи ме за збор, не ми текнува колку се. Нека пише некоја ако купувала скоро и ако знае.
610денари... Инаку феминки ќе треба да испитам тироидни и инсулин на гладно тоа се но нешто доплнително да нешто да внимавам претходно?
Резултатот на ТСХ од вчера што го правев во Скопје на приватен ендокринолог е 2 Докторката ми рече да не пијам ништо бидејќи немало потреба Да се направи повторно проверка по еден месец Само да прашам дали прават во Куманово испитување на антитела и тоа за скриен шеќер на државно за да не ми зема пари на приватно чини многу повеќе Незнам што да правам, купив фемибион 1 а денеска да ги земам останатите што ми ги препорача
Девојки до колку треба да биде нормалната вредност на Естрадиолот? Не бев кај гинекологот со резултатот, утре ќе одам кај него, бев кај општата матична и ми рече дека е низок... Мене ми е 180.0, да напоменам дека немам менструален циклус скоро 7 месеци, имам нередовен циклус со години, но последниве три години, немам по цели 7-8 месеци. Хормоните секогаш ми беа уредни( со исклучок на Тсх, бидејќи имам хипотиреоза) и Пролактинот исто само лани ми беше дупло покачен над нормалното, сега тој хормон е во ред. Не знам што ќе правам, имам одено кај повеќе гинеколози, и сите ми велат дека со матката се е сосема во ред, дека немам ни цисти на јајниците, а од друга страна циклус не добивам ни кога пијам апчиња за циклус, долго време пиев Примолут нор и за џабе беше се Многу ме болат јајниците, и ме стегаат градите, ама никако да ми дојде, ќе си препукнам од болка, само си правам филмови дека ќе ме фати ран климакс... Можно ли е на неполни 30 години да ми биде вака??? има некоја со вакво или слично искуство? На последниот Пап тест пред 1 година, покажа дека имам Цин1 и ХПВ вирус, може од тоа да не добивам? Пред неколку дена правев Пап и едвај ги чекам резултатите, за да знам на што сум.... Се извинувам ако мислењево не е за овде, се надевам дека ќе одговори некоја
@Rama Отсекогаш ли ти е таков циклусот? Кои се референтните вредности за Естрадиолот? Другите хормони како ФСХ на пример?
Да, отсекогаш имам нередовен циклус, обавезно ме изостануваше циклусот по 3-4 месеци годишно, ама последниве три години немам циклус по 7-8 месеци, еднаш и цели 9 месеци немав.... FSH ми е 7.02 моментално, не знам која е референтната вредност, пишува поинаку за фоликуларна фаза, поинаку за средина на циклус, поинаку за лутеинска фаза, поинаку за кога се користат орални контрацептиви, значи различни вредности се и нe знам која точно е мојата, под која спаѓа кога не испитав ни за време на циклус, ни за време на пиење контрацептиви... Може е срамота, ама не се разбирам во овие работи баш LH ми е 4.8 Prolactin 297 Tsh 3.380
@Rama, естрадиолот во која мерна единица ти е на наодот? pg/ml ли пишува до бројчето? ФСХ е ок. На кој ден од циклус испитуваше хормони? Од ЦИН и ХПВ не може да не добиваш, не влијаат тие на изостанување на циклусот.
Немам добиено циклус воопшто од септември. Можеби прашувам глупости, ама полесно ми е тука одколку по доктори, 100 сменав и сите креваат раменици, и велат дека се е во ред, а уствари не е.... За естрадиолот пишува дека во фоликуларна фаза е до 587 вредноста. Фоликуларна фаза(ден 2-3) до 308 вредноста. Средина на циклус- 124-1468 Лутеинска фаза- 101-905 Жена која користи орални контрацептиви- до 374 Жена во менопауза-до 110 Значи мене ми е 180.0 pmo|L... Прашањето ми беше дали ми е низок овој хормон, бидејќи не ми е јасно која вредност да ја сметам од погорните??? Матичната рече само низок ти е, и не ми објасна ништо.
Па не ти е соодветно испитан прво, за таа заклучоци да донесува. Најдобро е да се испита на 2 или 3 ден од циклус. Да се индуцира циклусот со апчиња ако не, па пак да се испита. Мораш да си најдеш добар лекар, не смееш да престанеш само затоа што неколку не ти се погодиле. Чаре има, само во добри раце да бидеш, кај доктор кој си ја знае работата.
Години по ред пиев Примолут нор, на почеток ми помагаа за регулирање, последниве години не ми делуваа воопшто, или ќе ми дојдеше циклус само на половина ден или неколку саати, и толку беше....а и многу ми влијаеа на килажа ставање...како тргнало се плашам дека ќе ме изостане засекогаш циклусот, бидејќи и проблемот со тироидната си стои... Во секој случај фала ти Ќе одам утре со резултатот кај новиот гинеколог, и ќе видам што ќе рече....
Девојки дали да проверам уште еднаш хормони на 21ден бидејки пролактинот ми беше 18.8 на 3ти а тестестеронот на 9ти 48... или може да зависи и од дали бев наспана бидејки не бев
Можеш паралелно покрај гинеколог да одиш на преглед и кај ендокринолог, да дадат свое мислење, сепак хормоните се повеќе нивна област.
оди кај добар гинеколог и кај ендокринолог. штом не добиваш,тогаш не ни овулираш. ако сакаш да забремениш во иднина,како ќе забремениш ако немаш циклус ? штом ти е во ред се на ехо, мора да е до хормоните според мене. Не може некој да не добива со месеци без причина. закажи преглед кај добар гинеколог , со матичните ништо не правиш...
Па можеби треба да ти дадат други за регулирање на циклусот штом Примолут не покажуваат веќе резултат. А што е со тироидата? Нели кога ќе се регулира и ќе се стокми соодветната терапија се регулира се'? Се согласувам дека не може да се каже за хормониве кога не се на трет ден, кај тебе не се знае на кој ден се проверени. Но мора да постои начин да се регулира, си се изнамачила со недобивањево И јас мислам дека треба да си најдеш добар ендокринолог, да ти среди се'. За тироидата каде одиш? Едит. Пролактинот ти е 297, а кои се референтните вредности во резултатот? Бидејќи тој не зависи од циклусот и не е важно што не е на трет ден испитан.