А кој ти кажа денес да провериш, докторот? Обично на трет ден од циклус се проверуваат. Затоа естрадиолот, ФСХ и ЛХ се многу ниски.
Е па не знам тогаш. Тироидните и' се океј, пролактинот е малку височок иако е во граници, но можеби е моментално, тој е хормон што може да се покачи од стрес, ненаспаност, претходно ако имала физичка активност, вечерта пред да проверува ако имала секс... Но за тие трите што ги спомнав погоре треба да се испитаат на трет ден од циклус, а не пред добивање.
Задолжително да ги проверис на 3 ден. И покрај тоа што е пред менструација, не треба ваков резултат. Добиваш редовно?
@Pepi17, кажи и на другарка ти обавезно, под итно! да го повтори испитувањето. Без разлика на денот, fsh и lh се прениски. Претпоставувам дека е некоја грешка од лабораторијата, ама мора да ги испита повторно. И не мора да се чека на трети ден, си има на табелата во која фаза од циклусот која вредност е нормална.
Многу чудни хормони. Уште еднаш да испита , на 2-5 ден. И според ова што гледам, обавезно и тестостерон да се испита
Не и треба тестостерон. Има дефицит на FSH, LH, estrogeni, гонадална оска од хипофиза е засегната. Тестостеронот се лачи од прекурсор од надбубрег.
Таа има полицистички јајници,т.е имаше па и препишаа апчиња за контрацепција и се уште има нерегуларен циклус и сега кога и рекоа да направи хормони вакви и испаднаа резултатите. Ќе иде на лекар секако но сепак сакам да ве прашам на што се сомневате вие поточно? На што упатуваат резултативе? Ви благодарам однапред.
Е тоа е друго. Како прво кај пациент што е поставен на хормонална терапија, не се проверуваат FSH, LH (имаш надворешна стимулација и нормално и очекувано да се ниски). Треба да прима најмалку 6 месеци па прекин за спонтано да добие. PCOS не е едноставен и треба да биде следен од ендокринолог.
Девојки здраво. Сакам да ве прашам кој хормони се испитуваат на 3 ден од циклус? Мене ми требаат хормоните кои влијаат на забременување. Бидејќи ќе ги испитувам приватно упут не ми треба а и матичниот гинеколог ми е во друг град. Ако сте запознаени ве молам кажете ми. Фала ви
Хормони што се зависни од трет ден на циклус се ФСХ, ЛХ И Е2. Во пракса, со нив на трет ден се испитуваат и Тсх и Пролактин бидејќи се поврзани со забременување, но тие не се врзани за ден од циклус, можеш и било кога да ги испиташ.
Не мора да си гладен. Освен за Прл. За него е пожелно пред да го испиташ да си убаво одморена и наспиена, пред да ти земат крв да поседиш 10 тина мин ако си пешачела, без секс претходниот ден.