На ГАК почнаа пак со испитување хормони, само сега се влегува од задна врата од кај главниот влез за на клиника.
Ako go donele vo meguvreme jas vo petokot se javiv prasav i mi kazaa deka go naracale reagensot ama ne go dobile...
и на Гак ми зедоа крв и ми наплатија АМХ во петокот (јас не сум јас ако не испитам на две места исто испитување).. утре ќе видам што ќе ми кажат кога ќе одам по резултатот
Два месеци пиев дупли дози Достинекс поради погрешно прочитани резултати за пролактин на Ендокринологија. Ми беше сомнително, отидов на гак да испитам и побарав уште една епрувета да ми земат демек за со едно боцкање да однесам и за витамин Д на ендокринологија, а јас ја однесов за да испитам пролактин.. Резултатот ми беше на ГАК прл 2,4 а на ендокринологија 40,5 Побарав да го повторат испитувањето на ендокринологија, и вториот пат беше и кај нив 2,5 а се спремав за трансфер.. Како се изнервирав тогаш, добро е што никој не си го однесе..
Да беше ситна разлика, ај ќе сфатев. Ама волкава разлика... Страшно навистина. Па зашто после по два пати проверуваме. Еве зашто
Здраво девојки Ве молам за помош од поискусните на оваа тема ако може да ми ги објасни резултатите од хормонални статус. FSH - 6,75 LH - 9,14 Пролактин - 16,5 Андростендион - 5,04 DHEA - 434 Тестостерон - 26,1 TSH - 3,51 FT4 - 11,8 Матичната ми кажа асоциралена полицистични јајници и Андростендион ми е покачен да не јадам благо, да вежбам и сл. Јас пред 3 недели бев на контрола но јајникит ми е чист не ми спомна за цисти и малку сум во бунило. Исто редовно добивам и чувствувам кога сум во овулација. Единствено што изминатиов период пред да добијам 2 дена имам кафеав исцедок и знаат да ми се појават како бранови на топлина првите денови од менструација. Ве молам за совет
Ве молам сите што сте биле на Гак за хормони,да споделите како е таму дали има гужва . Ептен ме фаќа страв од гужви во чекални. Ви благодарам
Јас бев во петокот и немаше гужва, само две бевме. амх се потврди, пролактин и тсх ми се пак различни.. не многу, ама колку да ме јаде црвот.. на исти референтни вредности: клиничка прл-12 / тсх 2,6 на гак прл-20 / тсх 3,3
За хормони само кај ендокринолог, матичните гинеколози не се до толку стручни во таа област... без навреда. 4 години мака мачам со тие хормони на крај отидов приватно и за 1 година ми се средија со редовна терапија и контроли. Посети ендокринолог, хормоните се нивна област. Поздрав
Здраво, дали некоја од вас ги правела испитувањата да ми кажете од прилика колку чинат? Првата е за на ГАК а втората на Трансфузиологија.
Ако си осигурана,хормоните повеќето се по 50 денари од хормон,а на трансфузиологија мутациите околу 700 денари ме чинеа,ама незнам баш дали се исто сум испитувала...