За најмеродавни резултати, хормони се испитуваат на почеток на фоликуларна фаза, односно на 3 ден од циклус (докториве во некои случаи толерираат и резултати на 2ри, 4ти и 5ти ден). Ова што е се на десетти ден ништо не кажува зашто во зависност од должината на твојот циклус може фоликуларната фаза веќе да поминала и да си во овулаторна фаза и не е јасно според кои референтни вредности да се толкува резултатот. Повтори ги на трети ден од циклус, државните лаборатории работат и сабота и недела.
Девојки во случај на некого да му треба инфо, денес бев на клиничка биохемија, моментално немаат реагенски за естроген, кортизол и амх.
.... Fala za informacija... Znaci jas pak na privatno ke treba da si gi dadam parite za amh... I prethodniot pat koga ispituvav nemaa za amh... Greota i sramota, neznam sto drugo da kazam.
На ГАК имаат реагенси за АМХ, испитував пред една недела. Тогаш имаа и за сите други хормони, освен за кортизол. @Oksitocin
На ГАК мислам дека имаа и почнаа со анализи, но од пред некој ден повторно имаат медицински персонал во изолација и позитивни на корона вирус, не знам дали примаат сега или не прават анализи. Најдобро прашај дали и покрај тоа ќе те примат, да не одиш џабе.
Во петокот на вести така кажаа дека има позитивни и во изолација медицински сестри. И не знам колку е гужва и дали се чека долго. На клиничка биохемија јас завршив за 5 мин со плаќање со боцкање со се. Дополнително пред да влезеш во кабина дезинфицираат и во кабина и столот кај што седнуваш. Со бројчиња е викаат еден по еден.
Мене матичната ме испрати на Гак, ќе се јавам пред да треба да одам ако во случај не прават ќе треба да си побарам нов упат.
Штом ти извадила упат за ГАК, значи дека биохемиската лабораторија продолжува да работи нормално. Инаку ги информираат матичните и системот не може да отвори упат. Јас кога бев немаше живо пиле и завршив работа за 10 мин., од плаќање до земање крв, ама рака на срце беше сабота, во работни денови не знам како е. Инаку имаат сменето протокол за влегување на ГАК доколку одиш за земање крв, не пуштаат од главниот влез, туку се влегува директно од службениот влез на другата страна (кај главниот влез на Клинички центар). Обавезно мерат температура и правиш дезинфекција и нормално цело време носиш маска.
А дали можеби кажаа кога ќе имаат. Јас имам упат за среда за амх. Или ако има некоја бројче да се јавам да прашам ??
драга упатот за хормони од матичен гинеколог има времетрајност од 30 дена можеш било кога да отидеш во тие 30 дена може ќе добијат во меѓувреме јавувај им се на телефон за да дознаеш кога ќе имаат или нека ти даде матичната нов упат за во ГАК ете таму имало реагенс
@LunaGrey Знам дека е така. Погрешно се изразив Идам во Скопје СРЕДА на контрола ама бидејќи не сум од ск да не барам пак слободен ден од работа Да завршам тогаш
Чисто информативно Се јавив во ГАК, ми се јави една пријатна госпоѓа. Ми кажа дека има реагенси за АМХ и слободно можам да појдам од 8 до 12 секој ден. @ladystardust Од кој влез поточно се влага, ако можеш подетално да ми кажеш, да не лутам.
Вака, кога ќе поминеш низ главниот влез на Клинички центар (пишува со големи букви Клинички центар Мајка Тереза), ГАК (зелената зграда) ќе ти дојде на лева страна. И ќе видиш има три влезови, едниот - најлевиот е за ковид пациенти, па има еден среден и ти треба да влезеш низ тој третиот што е најдесно(мислам дека пишува службен влез ама не сум сигурна). На врата стои обезбедување, така да нема шанси да утнеш. Значи влезов му доаѓа на другата страна на зградата, за да отидеш од главниот влез до него треба да направиш круг околу зградата. И кога веќе си внатре право одма ќе ги видиш амбулантите 35 и 37 и одма до нив е биохемиска лабораторија. Е сега, пред да ти земат крв ќе треба прво да отидеш до шалтерите што се во главниот ходник да платиш и после со листата се враќаш назад да ти земат крв.
Откако ја отворив темава со милион прашалници сум во главава. Утре ми е 3ти ден од менструација ќе испитувам хормони на клиника на биохемија. Е сега за пролактинот никој не ми кажа дека треба предходниот ден да не сум физички активна, јас цел ден сум во движење и нема да успеам да се наспијам, а и едно парче торта си лапнав пред пола саат. Што мислите ќе ми влијае ли многу ова на резултатот? Исто се изнервирав не ми ги ставил во упатот андрогените хормони. Мораат и тие на 3ти ден од циклус или може било кога?
Информативно Бев вчера во Гак Немаат реагенси за АМХ Сестрата ми даде бројче од лабораторија да прашам пред да одам. Ако на некоја му треба ќе го пишам покасно сега сум на работа, дома ми е. Јас го испитав приватно. Поздрав