@Sara B. твојата вредност на фсх пута два ја имав така да, многу добро знам каде ти оди паметот ако си читала со што се поврзува тој хормон Меѓутоа, статистички, на твои години, причината за качената вредност е нешто друго Само смирено, и ќе ја намалиш вредноста. Имаш ли проверено кортисол и глукоза на гладно? Кортисол мислам дека не мора да се проверува на трети ден, само треба да се начека кога има реагенси а глукоза можеш уште утре да провериш, само треба да не си јадена 12 часа. Провери преку крв земена од вена, не преку прст а кога веќе те боцкаат, провери си и триглицериди. Имаш ли вишок килограми и дали исхраната ти е базирана повеќе на јаглехидрати (леб, тестенини, компир, ориз, благо, сокови)? Не мораш тука да пишуваш, ако сакаш слободно прати ми лп. Без разлика на одговорите, имам два совета за тебе. Барај ендокринолог! Значи, не дозволувај гинеколог да ти оправа хормони, уште толку ќе уплескаат ситуација. Распрашај се кој е добар ендокринолог (државно, приватно, не е битно, само најди некој кој стварно има знаење) па ако треба побарај и второ, и трето мислење. Смени исхрана! Јаглехидрати на минимум (леб и тестенини јок, благо и десерти никако! компир и ориз по малку) а можеш: јајца, месо и месни продукти, млеко и млечни продукти, риба, зеленчук и овошје. Физичка активност е секогаш добредојдена ама да биде умерена. Исто, ако имаш вишок килограми, обиди се да ги намалиш што е можно побрзо.
Благодарам за советите од срце, секое искуство е добредојдено. Пред месец правев проширена крвна слика и сите вредности се супер. Со килажа немам никаков проблем а со исхрана мислам дека периодов не ни јадам многу затоа што турбо ми е со работни обврски но стресот ми е на највисоко ниво. Дали можи препорака за добар ендокринолог? Благодарам ❤️
Здраво девојки,ви посакувам убава вечер на сите. Еве ги хормоните,направени на 4ден од циклус(немав можност на 3ден). Лх - 7.79 Фсх - 5.53 Прл - 21 ( спуштен со 1 таблетка Достинекс,претходно ми бил 50). Естрадиол - 75 Тсх - 1.58 Фт4 - 16 И од 3 ден од циклус почнав со Кломифен 2тбл дневно. И уште едно прашање,почнав Кломифен,и купив и тестови за овулација,дали е паметно да ги правам,по завршување на Кломифен? Ајде и овде може ќе добијам одговор @Bubce38 @Nade-sunrise @LunaGrey
Андрогените хормони како ти се? Сo ПЦОС мислам дека беше ако не се лажам. Претпоставувам ќе правите фоликулометрија. Кога ти е закажано првото ехо по завршувањето на кломифенот?
Не ги испитував Андрогените хормони,да со Пцос ,претходниов месец Лх 5.60 и ФСХ - 5.53 ми беа. Два дена по Кломифен ќе одам на мерење.
Не само тие, сите треба на тред ден од циклус да се проверат. И андрогените се гледаат на трет ден. На 21ви ден од циклус само прогестерон се проверува @lakygirl444
Фала ти,за бременост не се лоши многу така ? Ќе видам може и воопшто да не ги искористам или неколку дена по Кломифен
Ништо не значи еден единствен резултат. Затоа ќе направиш додатни испитувања да се види целосната слика и состојбата на јајниците. Јас исто имам контрадикторни резултати - невообичаено висок ФСХ што упатува на предвремена оваријална инсуфициенција, односно намалени резерви, а од друга страна сум со полицистични јајници и голем број антрални фоликули и добиени јајце клетки при стимулации. Значи кај мене вредноста на ФСХ апсолутно нема везе со реалната состојба на јајниците. И АМХ ми е висок. Докторите немаат објаснување за моите резултати, во странство единствено ми рекоа дека може да се работи за некаква генетска мутација на рецепторот на ФСХ и затоа се добиваат такви резултати. Ехо на 2 ден на циклус и АМХ со ИГФ-1 и од таму ќе знаш што и како понатаму.
@Sara B. Сакав уште вчера да ти пишам да не читаш ништо за резултатите за да не се испаничиш зашто стресот ќе ти направи беља. Ама не сакав да направам контра ефект ама гледам веќе си читала па ќе ќе те посоветувам само да ги послушаш советите од членките тука да повториш хормоните и да испиташ и амх и каков и да е резултатот имај во предвид дека ти си млада и квалитетот на твоите јк е добар и секако дека постои шанса за бременост зашто ти треба само една јк за бебче. Секако консултирај се со ендокринолог и специјалист гинеколог ама не се опседнувај со резултатите, имаш опции и ќе си дочекаш бебенце. Ти посакувам среќа
Јаааас . И кај мене е помало од 2. Кога почнав да читам на нет си реков готово имам дијабет..нели низок инсулин висок шеќер . Се консултирав со повеќе лекари и одговорот им беше супер е штм е низок.
Zdravo devojki da se nadovrzam so pisanoto gore, vaka jas ispitav hormoni i insulinot mi bese dosta visok i prolaktinot za prolaktinot piev dostinex i genikologot me prati kaj maticen opst da ispitam sheker i na internist veli ova deka za na interno e insulinot ne e za kaj nego,dali e mozno da imam sheker?
За ендокринолог е. Јас имам низок инсулин под 2...ама бидејќи немаше термини а и матична и гинеколог ме уверија дека е супер што е под граница не ни отидов. Дали арно направив еден господ знае.
Некоја од поискусните членки да ми каже мислење? Прв пат испитувам хормони и немам појма кое што значи и како треба да е. Да напоменам дека вчера се испитани хормоните а јас денес добив, така сметаше докторката дека е најдобро да пратиме бидејќи ми се појави водна циста па ми се исмеша и поремети со минатиот циклус. Утре ќе одам кај докторката но нестрплива сум па некои мислења и искуства добро би ми дошле.
ДХЕА е покачен и тестостеронот може малце иако е во граници треба,да биде понизок мислам. ФСХ низок,но штом си ги правела пред циклус ќе мора со доктор да се консултираш сепак и да ги повториш кога ќе ти се регулира циклусот.