Девојки, дали некоја била во последно време во Јане Сандански за дали ги имаат сите хормони да ми каже?! Фала ви
Ги добив резултатите. Би сакала да Ве замолам некој што има слично искуство/знаење околу овој проблем да ми пише.. Немам никакви симптоми, влакнетост или млечна секреција, ништо освен акни заради кои и го добив упатот..Циклусот ми е редовен секогаш. Благодарам
Здраво на сите. Денес правев хормомален статус денес ми е 2 ден бидејќи утре имам полагање и немаше можност да одам ова се моите резултати LH=3.43 E2=76.8 PRL=16.82 DHEA-S=301.01 TST=96.9 TSH =1.37 FT4=11.1 INSULIN= 12.2 FSH =4.80 Ќе може ли некој што повеќе се разбира да ми каже дали е за паника или не. Благодарам однапред
јас бев кај Бранка во Срце али искрено не бев многу задоволна не ми даде никаква терпаија и ми ја промовираше нивната исхрана преку нутриционист,а доста пријателки ми ја фалеа,
Мене никој не ми дава терапија со години. Само тсх прави кај мене проблем. И не можев да останам трудна,после еден ипол месец терапија останав, па ме убедуваа дека не е од тоа. Во бременост исто така не ми требала терапија, не се сложувале со гинеколозите, еве сега пак не се фаќа а јас не сум под терапија зошто тсх е во граници, а за бременост треба да е 2. И веќе памет немам. На 4 различни места бев.
Да сите гледаат под 2 да е тсх, а Што точно терапија вие земавте и јас имам исти проблем? моментално сум со еутирокс и бромергон ама пак не бива работава...
Не мила, брзо се закажува, еве јас вчера закажав за Понеделник, е сега ако ти треба некој посебен термин во ден што тебе ти одговара, ќе треба да видиш она како е со смени зошто оди и прва и втора. Јави се на бр.на пултот ден два пред да одиш и закажи си. Инаку јас платив 2500ден за ехо на тироидна и консултации со резултати. Јас сум пре задоволна од неа, зошто со соодветна терапија, хормоните сега ми се одлични, што никогаш така не ми биле
Јас сум сега со резултат 2.11, баш ќе видам што ќе ми каже, дали е доволно за бременост или не. Јас мислам да отидеш кај неа, она ќе ти каже нај убаво што и како за понатака.
во прилог моите последни резултати од хормони висок гледам дека е ФТ3- некој искуство како да се намали..