ако може некоја да сподели доколку имала висок инсулин што терапија почнала, ми препорачаа интернист да почнам со сиофор али со доза 850, како ви пријаа тие?
Здраво девојки многу сум загрижена, направов испитување на 3 ден од циклус, во брзо време одам кај гинеколог матичен ми е Душко Филиповски поликлиника Букурешт. Сакам да знам од вас мислење ако имате слично или исто искуство, што би било со вакви резултати. Сакам да останам бремена но ова е лошо веројатно Дали ќе се пие хормонски апчиња- не сакам :/ или можеби некој го средил со чаеви и начин на исхрана. И сакам да го повторам испутувањето нареден циклус на приватно, незнам што да правам.
девојки некој да сподели искуство со покачен DHEA-S (дехидроепиандростедион -сулфат) хормон? како се намалува и на што влијае
FSH и LH се ниски според мене. Си следела некогаш овулација, да видиш дали имаш редовно? Циклусот се ок е? Другите се добри. Може и тестостеренот да е малку понизок, чудно ми е дека до 120 е границата тука. Ама тоа е сепак океј. Јас би се консултирала со ендокринолог на твое место
И јас сум во потрага по добар ендокринолог Искрено, мислам дека Катерина Адамова е океј, на државно е таа. Ама не сум била досега. Не паничи, овие се променливи, може нареден циклус да се повисоки. Но, сепак во меѓувреме консултирај се со доктор.
Не знам на што влијае, може да е знак за Пцос, зошто е машки хормон. Мислам дека имаше исто некое девојче пишано, само дали во оваа група или во некоја друга, не сум сигурна, дека и е покачен и исто и имаа препишано дексаметазон. Види на search пиши покачен Дхеа (или Dhea) дали ќе ти излезе нешто.
Здраво, имам едно прашање. Ми рекоа на последниот гинеколошки преглед дека имам полицистични јајници и да испитам хормони. Бев на трет ден од добиено и вака ми се во нормална граница освен DHEA S на горна граница. Може ли некој да ми каже за што беше тој хормон? Фала ви многу однапред.
Здраво женски Ми дадоа упат да испитам хормони на 3ти ден од циклус на клиника Знае ли некоја кое време почнуваат со работа , ако била некоја во скоро време? Ѕвонам на телефон , неможам да ги добијам