Здраво имам проблем со акни Имам нередовен циклус,пијам контрацептивни Крипинео бидејки без нив не добивам Незнам дали да испитам хормони,гинекологот ми рече и да испитам нема да бидат релевантни бидејки пијам хормонски апчиња Најмногу оваа сакам да го решам заради проблемот со акни,веќе што не пробав но едни се сушат други излегуваат и сите ми се само на брадата и околу устата Секој совет ми е добредојден
Контрацептивите не се решение ако имаш хормонски дисбаланс, акни и слично. Сигурно има некоја причина зад тоа што не добиваш без нив. Гинекологот да си го смениш, очигледно појма нема што прави.
@Bella_Stella полицистични јајници имам и од тоа ми е нередовен циклусот Пиев диане35 скоро 8год со паузи секако но за време на паузите јас не добивав Исто бев и овој период немав добиено од Април бев кај гинеколог ми рече нема ни да добиеш додека не почнеш со апчиња Но овојпат ми ги препиша овие што ги напишав
И јас имам пцос и затоа знам што зборувам. Лицето ти е такво зошто веројатно имаш покачени андрогени хормони, тоа е еден од основните симптоми на пцос. Како ти е дијагностициран кога не ти се проверени хормоните? Решението за овој проблем не се контрацептиви, се пие соодветна хормонска терапија од кога ќе се проверат хормони и ќе се види каков е дисбалансот. Дијагноза за полицистични јајници не се поставува само со ехо преглед.
Знам но за да проверам хормони треба да прекинам со контрацепција така? И дали упат треба матичен да ми даде @Bella_Stella
Упат ти треба од матичен гинеколог за да провериш хормони да. Инаку апчињата што ги пиеш содржат естроген и/или прогестерон и со нивна помош освен што добиваш на правилни интервали и ти изостануваат овулациите не си помагаш баш многу на проблемот пцос. Не сум сигурна, можно е да треба да ги оставиш за да провериш хормони. Ама пошто не добиваш без нив не знам како би одело тоа. Сакаш да забремениш или?
@Bella_Stella јас само сакам да го решам проблемот со акните ништо друго не ми претставува проблем Иначе имам две деца немав проблем за забременување забременив природно Но проблемот е што хормони се испитуват на 3ден од циклус а јас не добивам па да испитам хормони
Можеби подобро е да се консултираш со дерматолог. Он ќе види за какви акни станува збор, а и си го знаат редот како оди за проверка.
@Bella_Stella користам терапија од детматолог акнефуг,сона крема и клиндамицин гел скоро еден месец но ситуацијата не се подобрува Пред 6месеци пиев 10недели сумамед и лицето ми се среди но сега повторно но таа терапија ми беше од друг дерматолог @Biljarkata пиев диане35 и тој период ги прекинав и за два месеци останав бремена @Nade-sunrise а дали смета тоа што пијам контрацепција или прво треба да ги прекинам апчињата па потоа да испитам хормони
@blessed.an ми излезе сега од нигде никаде некоја препорака за луѓе со пцос да се консултираат со доктор и да пробаат миоиноситол. Во случај грешно да го прочитав види во линкот. Можеби и не е за твојот проблем, можеби на некој друг ќе помогне а може е и глупост, појма немам. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/27642297/
@blessed.an да го смениш гинекологот оти врска нема, тоа прво. А после да си отидеш на салам ендокринолог. Не ти се регулирани добро хормоните, не може да ти нема направено хормонско испитување брее, како тоа нема да е релевантно. Па и без терапија и со терапија се прави хормонско испитување да се види дали терапијата одговара или не и како се движат хормоните. Ендокрнолог и добар дерматолог ќе си го средиш проблемот со акните.
Точно е ова. Во последно време многу се наметнуваат суплементи со мио инозитол за жени со пцос. Ама кај секого различно делува. Јас лично пиев Елова неколку месеци, ама кај мене искрено не даде некој резултат. На крај испадна дека имам Хашимото и циклусот ми бил нередовен и не сум добивала цели 4 месеци поради тоа, а не поради пцос. Така да пак се враќаме на тоа дека членката треба ги провери хормоните. Инаку мио инозитолот ја намалува инсулинската резистенција што е честа кај пцос. Воспоставува хормонска рамнотежа, го регулира циклусот и овулациите. Помага за да растат фоликулите и да имаат подобар квалитет. Исто помага и во случај на покачени андрогени хормони итн. Има доста придобивки, ама најдобро е прво да се постави точна дијагноза, па после да се зема било што.
Здраво девојки. Поминаа 6 ипол месеци од пораѓај, мене ми каснеше се исплашив да не сум трудна пак, отидов на гинеколог испадна дека сум добила полицистични јајници после пораѓај. Сега ме пратија на Гинекологија за испитување хормони, ми рркоа од 2до5от ден од добивање да одам. Знае ли некој колку чини отприлика тоа и дали во било кое време можам да отидам?
Дијагноза за пцос не се поставува само од ехо преглед, кога ќе ги имаш резултатите од хормони тогаш може да кажат со сигурност. Околу 9 хормони се и околу 450 денари е вкупно. Сабајле треба да отидеш.
Кортизол може матична да даде упат да се испита?? И дали може во државна болница дополнително да се плати доколку го немаме на упат??