Дали можеби знаете на која клиника во Државна има реагенси за сите хормони особено за машките хормони? И дали ако си добил менструација денес во 14 часот, петок е 3 ден или сабота?
Жени ќе ве молам помош за низок естроген никако не можам да го покачам и ми прави проблеми со циклуси…
Од кого ми треба упат за да испитам Анти тпо или тироидни антитела? Јас колку што се сеќавам треба да специјалист, ама може од било кој специјалист? И колку чини на државно?
Здраво на сите, дали некоја има испитувано (и доколку да, кои?) хормони поради зголемена телесна тежина пред да остане трудна или после х-месеци од породување? Каде можам да проверам, и за кои хормони треба да побарам упат? Имам проблем, никако не можам да намалам на килажа, пробано со се..
Ќе одиш кај матичен гинеколог и ќе кажеш дека сакаш да ги провериш хормоните, ќе ти напише на упатот кои хормони. Обично се проверуваат на 3ти ден од циклус. За килажата јас би проверила инсулинска резистенција.
Здраво девојки ,сакам да прашам нешто ако некоја од вас знае да ми помогни ,денес бев на гинеколот и матичната ми рече да проверам хормони но ме замисли тоа што ми ги изнапиша сите и ми рече во четврток ќе ги провериш а четврток мене ми е 14 ден од циклус
Не прашувам за мене. За блиска личност. После примена вакцина летото, не доби се до овој месец. Не е тука, во странство е и таму не и испитаа којзнае што, само и викаа дека се е океј иако не добиваше. Но провери хормони сега кога доби и тие два и се FSH 0.4 и Lh 0.1. Најверојатно и поради тоа и немала мензис. Но од што може да се случува тоа? Дали би се стабилизирало само или...
Треба да ги направ овие испитувања, па ми треба инфо кој може да ми даде упат за овие: Глукоза HbA1c/гликолизиран хемоглобин Инсулин Тсх Фт3 Фт4 Анти ТГ Анти ТПО Андростенедион ДХЕА ПРЛ Тестостерон
Секој специјалист. Интернист најлесно. Ама би требало и матичен гинеколог да може да даде за овие. За антителата само не сум сигирна може ли гинеклог
Не може гинекологот за анти и овие глукоза/инсулин... затоа и прашувам кој може комплет за сите да ми даде за да не се боцкам по 100 пати. Ништо ќе барам термин на интернист.
Комплет за сите не може да ти даде никој. Мораш да ги поделиш и дел од гинеколог, дел од интернист да земеш упат.