Може може. Само треба да "сака" интернистот. Специјалист може да издава упати за било кои испитувања. Јас стално од невролог земам, дури и за репродуктивни хормони.
Не сум знаела ова. Па толку ли им е тешко да штракнат едно копче плус и да не поштедат од шетање по врати. Да не збориме дека за интернист треба упат од општ матичен итн. Лавиринти лавиринти.. Најдобро е човек да нема потреба од шетање по тие ходници, ама тоа е што е..
Дали ги има реангенсите во клиника, ако правел некој скоро испитување ? И за колку време се даваат резултатите?
Здраво Дали некој има информација дали неделава ги има сите реагенси на клиничка биохемија како и реагенс за АМХ? Исто дали знаете случајно и сабота да не работат на биохемија? Фалаа
Здраво, дали некој има испитувано 17 OH-p хормон? Дали е поврзан со некој други гинеколошки хормони? ( мислам доколку ти е покачен тој и тој хормон,голема е веројатноста дека и 17 OH-p би бил покачен). Треба да го испитам,имам полицистичен јајник, се што прочитав по интернет е катастрофа за во случај да е покачен овој хормон. Па би сакала да слушнам искуство,доколку некој го испитувал или знае нешто повеќе?
Јас бев во понеделникот, FSH,LH,Prolaktin,Estradiol,Testostoron,DHEA , androstendion, cortisol, TSH, FT4 ги имаш,немаше само инсулин. А на клиничка биохемија ништо нема,освен тестостерон и естрогени (Е2).
Фала дај боже и јас да ги начекам сите, матичната ми спомна немало нешто.Имаше гужва и во колку саат отприлика да бидам таму?
На гладно,сабајлечки од 3 до 5 ден од циклус. Ако испитувате кортизол тогаш од 8:30 до 9:30 бидејќи тоа време само се зема примерок за испитување. А доколку не го испитувате кортизолот тогаш може од 7:30 мислам тоа време почнуваат со работа.
И нема гужва, можеби ќе има неколку жени пред тебе ама ништо страшно повеќе од 15-20 мин не би требало да чекате.
Здраво, дали некоја девојка има информација дали на Клиничка Биохемија ги имаат реагенсите за фсх, лх, прл тсх и е2?
Бев денес, слушнале јас ќе доаѓам, па имаа се се шалам, еве на некого ако му треба како информација, ги имаа хормоните што ги пишав
Девојки за каде ви гласи упатот за хормони за на Клиника, Гак или Клиничка биохемија? Треба да одам во недела, а не знам каде ги има сите реагенси? Мојот упат е до ЈЗУ УК ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО. Прв пат ќе испитувам таму и не ми е баш познато.
Ако ти е на Гак, треба да одиш на Гак. За биохемија си пишува Биохемија. А каде ги има сите реагенси не знам. Јас еднаш ја убедив матичната да ми даде упати за двете места баш ради тоа што не знаев кај ги има сите реагенси. Ама се заебав што после гак кај што ме боцнаа и немаа 2-3 отидов и прашав у биохемија дали може да ми испитаат само тие што ги немаше а не сите на упатот. И кога слушнаа дека ме боцкале на Гак неќеа да ми испитаат ништо. Да си ќутев ќе завршев работа
Има ли нешто некомплицирано во државичкава. И јас земав упат за кај мене тука и за на ГАК. Ама испадна дека повеќето ги нема кај нас и решив да дојдам до Скопје. Останува лотарија, ако имам среќа, а немам, ќе ги проверам сите.
Пред околу две недели кога испитував јас, пола хормони ги немаше на Клиничка биохемија, а после прочитав на форумов дека ги имало на ГАК. И пред некој ден мислам дека прочитав некоја феминка имаше пишано дека на ГАК ги имале сите хормони, така да мислам ќе завршиш работа