Девојки утре одам да ми земат крв за контрола на тсх (првпат после почната терапија). Дали да го испијам еутироксот пред да одам или не?
Дали некој има проверувано тсх во рок од една недела да варира односно да падне, по зголемена терапија во рок од 1 недела?
Од трети до петти ден се испитуваат хормони, но најдобро е на трет ден. Доколку лекарот сака да го следи хормоналниот статус во различни фази може да се испитаат и на 14 и на 21 ден, но најчесто се испитуваат на 3 ден.
Tsh ти е малку над границата, тоа е тироидната жлезда... Дали некогаш ти била проверена или да не пиеш терапија веќе?
Дали некоја имала искуство со превисок Естрадиол? Мерев хормони на 3 ден, Естрадиолот 500, а останатите во граница. Дури и Фсх ме зачуди 3,80, никогаш не бил под 6. Не ми е јасно од каде волкава вредност, не сум во стимулации ,ниту пијам нешто. Инаку немам мерено од август кога имав неуспешно ивф.
Ако има некоја да ми ги протолкува резултатите од трет ден менструација. ТСХ ми е прениско, а инаку сум со Хашимото и хипофункција. 125 / 100 мг Еутирокс. Testosteron - 32.6 (9-56) Prolactin - 29.16 (2.80-25.00) Estradiol - 49 FSH - 6.00 FT4_6M - 1.43 LH2 - 9.54 TSH - 0,0824 Progesteron - 0.2 Само за првите две имам референтни вредности. Инаку се обидуваме за бебе, што друго треба да средам освен ТСХ и пролактин? Загрижувачки ли се овие резултати? Во декември тсх веше во нормала.. Не знам... Фала ви
За тироидната веднаш да ти променат терапија и тсх да го доведат до 2. Пролактинот исто е за терапија, докторите не го сакаат поголем од 15 за бременост. Не се грижи мила, со терапија се решаваат овие проблеми
Имала некоја со толку ниско тсх? Што препишуваат за висок пролактин? Треба магнет да правам на хипофиза? Сѐ ми е ново, не знам од кај да почнам. Стварно се надевав на подобри резултати... Зошто овие варијации огромни во тсх... Фала ти @Iris-1234
Мене ми се имаше случено тсх да ми е 0,03 и тогаш никаква терапија не примав, само ми рекоа за 2 недели контрола и тогаш вратено во нормала беше. Што се однесува до пролактинот немам искуство ама тука имам читано дека имало два типа на апчиња што ги давале, достинекс или бромергон. Мислам дека дефинитивно не треба да правиш магнет на хипофиза. Најважно е да не се паничиш и да си велиш себеси дека почна од некаде и ќе го решиш проблемот. Биди позитивна иако знам дека сега не ти е лесно, секој се надева на добри резултати за каква било анализа да се работи. Закажи си кај ендокринилог и ќе решиш сè
Со Хашимото Тсх знае да варира многу често. И јас имам хипо/хашимото. Мораш да проверуваш секој месец и терапијата да се регулира соодветно на резултатот.
Скоро 10 години сум со дијагноза, никој не ми кажал да очекувам да варира. Фала ти, не сум знаела. Велиш секој месец во нормални услови? Не само во бременост?
Јас сум од почеток на 2020та со дијагноза и баш пред да се открие ми варираше ептен од под долна до ептен над горна граница и ендокринологот што ме води ми кажа дека тоа е типично за Хашимото. Кај мене лично докторката сака да го следам секој месец и дур сум во обиди за бременост пошто многу е битно да е измеѓу 1 и 2. Не е добро ни да е прениско, ни превисоко зошто смета на овулациите. Мене ретко ми е иста терапијата, стално ми ја регулира зависно од резултатот. За пролактинот не ти искоментирав. Висок е ама не е загрижувачки. Јас пијам Бромергон за него. Консултирај се со ендокринолог и ќе се регулира сѐ.