Јасно јасно. Да не те праќаа на магнетна на хипофиза, гледам многу членки праеле поради покачен пролактин? И можно е до толку да влијае на резултатот тоа што отидов уморна и бааги нервозна да испитам хормони? Посебно на пролактинот. Ве отепав и тебе и @Iris-1234 со прашања...
Фсх ти е екстремно ниско зашто е2 ти е високо, тие два хормони се во спрега. Толку висок е2 најчесто укажува на циста, појди на ехо да те видат.
Абе слободно прашувај, за тоа сме тука. Мислам за пролактин треба да си одморена и наспана и пред да ти земат крв да одмориш таму 10-15мин.
Не, не правев магнетна. Прво почнав терапија да видиме дали ќе се среди, а следно беше магнетна ако не се спушташе. Имав среќа и сега е во ред. И те како влијае дали си одморена и под стрес. Јас минатиот месец пред да ми земат крв се изнервирав зошто немаа некои реагенси и ми се испонашаа и одма покажа покачен Пролактин. Сега веќе е под контрола, 8 беше последно кога мерев. Мене ми се случија доста работи последнава година и беше покачен како резултат на тоа.
не сум примала терапија со минатите проверки на хормони секогаш беше во граница сега прв пат почна да се качува
Фала @Iris-1234 што ме оправаш, ама очигледно си ги одела овие патишта пред мене и сега ќе те гњавам. Ме прати матичната да испитувам иако FSH е во нормала кај мене (6.00). Ок е бројката, или? Сеа прочитав во тема за АнтиМилеров дека прв индикатор за испитување на хормонов бил покачен FSH.
Фсх ти е добар. Ама може амх да биде низок и со добар фсх. Индикатор може да биде и намален број на антрални фолекули на ехо. Напрај си штом ти дале да испиташ, да си бидеш раат.
А можам амх да го испитам било кој ден од циклус? Некако многу ме протрча докторката, смета дека не се обидуваме доволно долго за да 'кревам паника'. Споменав за фоликулометрија, ми рече "аа не прво да го видиме хормонот" , потоа ако има потреба ќе мериме. А јас првично за тоа отидов.. Не знам зашо не ме седна арно си бев отидена. Така ли навистина си оди протоколно, прво амх, па после фоликулометрија?
Кај мене им се видоа јајниците како малце смалени и затоа ме пратија да испитам, а фсх ми беше и мене 6 што е во ред. Излезе дека е АМХ е сосема во ред и немаше потреба од грижи. Така да не се грижи
Не знам како е по протокол ама немој да се плашиш, оди и испитај си за да си раат. Се испитува на било кој ден од циклус.
Од каде ми е толку висок пролактинот? Инаку ми е 57. Ни не се обидуваме за да имаме бебе. Многу ми е чудно..
Не е така по протокол. И да е ниско Амх тоа не значи дека не ти растат фоликулите, него дека се намалени резервите. А фоликулометријата служи баш за тоа, да се види во конкретниот циклус дали има доминантен фоликул и потенцијална овулација. Испитај Амх, не е грешка, ама не требала да те врати за мерење.
Нема врска Дејзи. Фоликулометрија е мерење фоликули, колку е созреан, големина изглед. А амх е резервата. Можела да ти мери. Кој ден ти е денес? Оди утре ако работи. Или ако ти е мерак, а не успееш на доктор, земи тест за овулација.
Мене денес ми е деветти ден од циклус. Вчера на осми правев тест за овулација. Ова ми излезе. И ја покажав сликата на докторката сабајле ми рече "тоа е тоа, работи на случајот". Велам ама осми ден ми е, нели е некако многу рано. Таа ми вели дека според оваа црта ќе сум овулирала на 10ти ден (утре). Изнакупував тестови овој викенд ми е резервиран за уринирање во тегли. Баш да видам дали ќе потемнее линијата. Шо е до мене ја уште утре ќе идев да испитам Пролактин и АМХ ама рекоа подобро дојди во работен ден да биде свежа крвта... Така да здравје понеделник. Шознам можеби на жената веќе мака и е од мене, овој месец 3-4 пати и ѕвонев прашував, ама шо да правам ајде кој да прашам. Лаик сум на темава, да знаев порано ќе си потерав работа. Фала ви на сите шо ми дробите овде стварно за било која тема повеќе тука се информирав.
@DaisyDoo , стварно брзо овулацијава. Ај да не ѝ се мешам на природата. Рече добиваш на 30ти ден. Замисли да имаш двапати месечно овулација! Баш необично, ама и со дупла шанса . Сега тестовите направи ги, пак пиши овде. Имаш симптоми при овулација?
Прави тестови и постирај ги тука да ги гледаме и да даваме мислење. Секако дека тука ќе бидеме за тебе и тука сме да си помагаме една со друга. Сите некогаш сме биле загрижени и во тешка ситуација и во таков момент секој совет или искуство е добредојдено. Јас да не беше форумот немаше да знам за генетски мутации за тромбофилија, среќа што дознав тука и ги испитав па се покрив со терапија. Ќе биде сè добро, не се грижи.
@elenaklasik Па и мене ми е чудно зошто толку брзо. На 7ми ден ми течеше она крајното кафеавото, ја и тој ден го рачунам во мензис. Ми варира од 27-30. Можно е и тоа двапати да овулира жена? Сериозно? Хаахах ако ме чита некој стручен ќе му се роди желба шамар да ми врзи. Велам јас лаик сум. Да завршам со работа одма дома ќе правам. Симптоми освен подуеност и eggwhite исцедок немам... @Iris-1234 после ќе спамирам со тестовите
Далеку е од позитивен, како тоа е тоа. Ако имаш тестови следи, некогаш се случува тестот да е речиси позитивен со денови, значи зголемено е нивото на хормонот, но сепак недоволно да предизвика овулација. Инаку, можно е и рана и касна овулација, затоа најарно е редовни односи барем 2-3 пати неделно од крај на еден до почеток на следен циклус или позитивен тест за бременост Двапати не може да се овулира, може да се ослободат 2 или повеќе јајни клетки во текот на една овулација. Може да овулираш и без симптоми. Ај ќе чекам тестови