Девојки сакам да ве прашам имам добиено и 3 ден ми се паѓа недела а 4 ден веке имам мн малку по некоја капка а сакам да испитам хормони дали може четвртиот ден да испитам и колку чини
Мораш на трети ден, си постојат посебни параметри поради кои мора точно да се запази денот. Партиципацијата чини отприлика 50 денари по хормон, за приватно не знам.
Колку време се пие метформинот и дали прави некои њус појави ,и откога ќе се среди односот фсх илх може да се прекине со терапија,и дали барате 2 ро мислење или одма почињате со терапија од ендокринолог,пошо мене ми се чини како од ракав да ми ја извади
Јaс гo пиев се дoдекa не зaбременив две.ипoл гoдини, и вo бременoстa истo гo.пиев три месецa. Акo не плaнирaш бременoст не знaм, aли кaкo и дa е дoлгo време се пие. Oд негo немaш.штетa сaмo кoрист.
Не планирам, затоа ми е чудно,ај кажи ми може ли и матичниот гинеколог да ми каже свое мислење сега не ни знам за што да пијам ако на ехо се покаже добар наод не би требало да го пијам нели? Сакам уште нешто да прашам прогестерон не ми дадоа да испитам треба ли и кога? Дали е потребно да се пие нешто кога се вакви резултатите:дхеа-со4-60.5,инсулин-5.19 кортизол472,тестостерон помал од 20 значи и ми пише низок,пролактин14.4 естроген 37,9 фсх 7.35, и лх 10.6 и да тсх 2 и т4 18 претходно ги правев на патофиза,правени се на 3 ден и ме интересира за односот лх/фсх дали се дава терапија или може да се среди само по себе,и уште едно прашање слабо спиев вечерта веројатно бев малку вознемирена па може да влијаело тоа нешто на резултатите и да на гладно ги правев ама и малце поксно окулу 11 пошо се будев неколку пати па тешко ми се стануваше сабаље.
Здраво девојки, треба да проверам пролактин, е сега докторкава ми рече да го проверам 5,6,7 ден од циклус и тоа во случај ако ми доцни. Бидејќи добив навреме ја препрашав дали воопшто да проверувам дека денес ми е 7 ден од циклус и ми рече дека независно кога сум добила сепак да сум проверела и дека можело дури и утре што е 8 ден од циклус. Е сега ве читам вас овде и сите вие проверувате на 3ти ден од циклус и ептен се збунив Ве молам ако некоја имала ваков случај нека пише, благодарам Здраво, го проверив пролактинот денес на 8 ден од циклус и еве го добив резултатот е 33,1. Според рефентната листа испага дека е покачен И сега што?!
повеке пати имам проверувано пролактин се проверува веднаш штом станеш мислам колку што е можно поскоро да се земе крв и исклучиво на2 или 3 ден на осма ден дали ке е веродостоен резултатот незнам
дали може некој да ми каже дали ми се во ред хормоните,испитував на 3-ти ден од циклус : FSH = 5.09 LH = 4.55 PRL = 509.4 E2 = 97.57 TSH = 3..64 За пролактинов има некоја друга скала за разлика од таа во државна болница. Работата е што докторот ми рече дека хормоните се изместени сите, а кога отидов на второ мислење ми рекоа дека се во ред....
Доколку имам хормонален дисбаланс кои хормони треба да ги испитам? и колку пари? Кој го дава тој упот? **** Толку многу ме фаќа срв за многу работи-храна Ми доцни пет дена, немам односи од 10 месец 2016. Примав инфузија за освежување, железото ми е многу ниско еритроцитите покачени. Од кога ми помина мензисот минатиот месец имав од гинекологот вагиналетки (бев за пап тест-рано е за резултати) - POLYGYNAX Не ми е јасно што би била причината што ми доцни мензисот, мм да и некако во рок од 2 недели се поправив 5 кг Не знам што се случува со мене ***
Обично знам дека хормонален статус прават жени пред забременување. Но сега ситуацијата не е таква. Дали може преку хормонален статус да се откријат одредени аномалии кои би предизвикале гојазност кај лице ....
здраво да прашам дали испитување на хормоните се прави 3 ден откако ке ти дојде или 3от ден откако ке ти заврши фала
Вчера испитував хормони на државна болница,во глобала ок ми се хормоните со исклучок на пролактинот кој изнесува 833,а референтната вредност е до 530 така нешто. Од болница имаја ставено забелешка дека ми го провериле по втор пат и пак ист резултат излегол. Зборував со матичниот гинеколог рече да го испитам пак на приватно и ќе ми дадел терапија после. Се изначитав за несакани последици од покачен пролактин и сега цел ден мислам само на тоа