И место да тумачи линија можела на ехо да види колкав е доминантниот и да ти каже отприлика кога овулација. Значи страшно се нервирам со ова матичните. Иначе тестот ти е далеку од позитивен, продолжи да се тестираш кога двете цртки ќе се изедначат во боја тоа се рачуна за позитивен тест и настапува овулација од 12 до 36 саати потоа. Ама ни позитивен тест не е гаранција за овулација, само на ехо може да се утврди. Амх можеш да испиташ било кој ден, каква свежа крв какви бакрачи...ако знае некој од матичните што збори ... За каде ти даде упат ?
Е сега се изнервирав, зошто не ме виде преска... Зошто е убедена дека е сѐ во ред? @Saba08 ќе те тагнам после во темата Тест за овулација, кога ќе можеш ќе протумачиш. @le.soleil ќе ти пишам лп да не спамирам веќе тука, однесов тема во друг правец.
Ти кажав уште одма после циклус да одиш на гинеколог , ајде работи на случајот не се преоптоварувај со АМХ на форумов читав дека има жени и со 0.02 АМХ забременувале природно. Јас после абортусот дознав исто дека ми е ниско а релативно брзо забременив. За дваесетина дена да не израдуваш тука со позитивен тест на бременост.
Ova ne e pozitiven test, sakala da te otkaci kako i sekoja doktorka. Imaat clenkite postirano niz temata T treba da bide ista ili potemna od C. Pravi uste testovi.
ФСХ 6.00 и ЛХ 9.54 дали иницираат на полицистични јајници? Простудирав низ темава, соодносот не е баш 1:1. Да напоменам на еден преглед пред 3ипол години во Ремедика, докторката ми кажа дека јајниците ми имаат 'полицистична структура', но ми рече не грижи се, штом си имаш редовна менструација и си зачнала еднаш (спонтан) ќе се случи пак. Од тогаш повеќе пати имам одено на преглед кај матичната, не ми се спомнати јајниците со полицистична структура...
Девојки, Вчера на 3 ден проверував хормони и следното многу ме исплаши: Естрадиол: 30.89 (од 43 до 214 е реф.) Тестостерон 1.19 (до 0.90 е реф) ЛХ 6.36 (до 6.5 е реф) Пролактин 32.3 (до 35 е реф) ФСХ 5.56 (до 7 е реф) После ќе се консултирам со матичната, но ми значи вашето искуство. Имав ковид во февруари.. А од овој месец сакаме да пробуваме за бебче
Консултација за тестостеронот со ендокринолог, мала инверзија на лх и фсх. Не ти се страшни хормоните. На ехо се е ок?
На ехо се е океј, да. Имав проблем со циклусот и затоа испитав. Матичната ми е надвор од Мк, а ептен се потресов од резултативе. До март пиев терапија со еутирокс, па ми ја прекинаа. На тој ендокринолог ќе ги испратам резултативе, фала ти за одговорот. @Bella_Stella До колку треба да биде пролактинот за бременост? Ептен се изнервирав значи, уште ова ми фалеше...
@kikiritkaTa не се нервирај зошто ако нешто не сакаат хормоните тоа е стрес и нервоза, особено Пролактинот. Обично викаат до 15 да биде за да се постигне бременост, иако не е невозможно и со малку повисок. Хормон кој со терапија многу брзо и лесно се регулира, така да опушти се. Консултација со ендокринолог и ќе се среди.
Далеку е од трагична ситуацијата со хормоните за да се нервираш. Проблем со циклус може и стрес да ти предизвика. Пролактинот може да биде покачен и од стрес и умор и потребни се неколку мерења да се утврди дали навистина е висок. Ако е, е еден од најлесните хормони за средување со терапија. Значи отиди си на ендокринолог да ти дадат соодветни насоки и ќе ги средиш брзо. И какви се тие нервози а уште не сте ни почнале да се обидувате за бебуш? Само смирено и ќе биде.
Многу ви благодарам за одговорите. Во понеделник ќе се консултирам. Историјата моја е многу долга, имав 1 бременост, се породив предвреме, ми почина бебето... Чекав година и пол од царскиот за да почнеме пак со обиди, па имав вонматерична. Во меѓувреме испадна дека имам автоимуна состојба, атифисфолипиден синдром. Многууууу работи ми се собрани и искрено веќе од секое ново испитување сум под стрес. А желбата до небо!! Извинете што се распишав.
За жал многу убаво те разбирам.. Продолжи да се бориш како и до сега, сѐ ќе си дојде на место кога тогаш! ❤️
Жени помош, циклусите ми се нередовни поради континуриано ниски вредности на ФСХ и ЛХ. Од што може да произлегува ова? Додека се консултирам со ендокринолог, ве молам искуство дали некоја се има соочено со волку ниски вредности- во фоликуларна ми се со вредност 1….
Здраво, дали би правеле проблем на клиничка биохемија за испитување на хормони доколку упатот е со неколку дена изминат датум?