Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хормонален статус

Дискусија во 'Бременост' започната од viktori15, 7 јуни 2012.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Девојки, денес пак испитав пролактин. Референтни вредности во оваа лабораторија 5-35 ng/ml, а мене ми е 27,33. Минатиот месец на трет ден од циклус прл ми беше 29, а на референтната вредност горна граница беше 25. Во збунка сум малку, знам дека не треба да е повисок од 15 за бременост, ама дали истото важи и за реф. вредност 5-35 или треба да си пијам терапија?
     
  2. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Консултирај ендокринолог тој најдобро ќе те упати. Мислам дека и покрај референтната е висок за бременост.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    76.396
    Пол:
    Женски
    Добив после 3 дена доцнење. Е 2 дена по многу малку чат пат имав кафено на бришење и малку на влошка (некогаш и чиста скроз ми беше). А денес сабајле конечно добив нормално. Кога да одам за хормоните? Од денес 3ти ден? (имам упат).
     
  4. Hilari899

    Hilari899 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ако може да ми дадете ваше мислење за резултатите направени од хормонално испитување на 3 ден од менструален циклус. Прв пат правев и од тие причини искрено не знам да ги протолкувам истите. Секако ќе се консултирам и со лекар меѓутоа ме интересира и ваше мислење.

    Резултатите се следни:

    FSH - 6.69
    LH - 5.68
    TSH - 4.82
    FT4 - 1.21
    Estradiol - < 20
    Prolactin - 7.28
    Progesteron - 0.340
    DHEA - 193
    Testosteron - < 20
    Insulin - 8.32

    Прашањето ми е во насока на мислење бидејќи сме во период на обид за бебче.
    Фала ви <3
     
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Од тоа што јас разбирам во хормони, ТСХ ти е висок за бременост. И мене ми беше вака па кога го спуштив со терапија останав бремена, идеално за бременост е да биде околу 2. Консултирај си ендокринолог.
     
  6. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Прогестерон-15.7, на 7 дена пред менструација, т.е. на 22ри ден од циклус укажува дека настапила овулација, или?
     
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    76.396
    Пол:
    Женски
    Некој што се разбира? Ми јавија од гинеколог и рекоа океј биле, освен тсх ама за тоа си бев на лекар ми покачија Еутироксот. Но Fsh и Lh соодносот нели треба да е тука некаде? Бар од тука што сум читала...

    Испитував хормони зошто имам многу јаки овулации, страшно ги осеќам, ме боли стомак како во мензис, пуцка цел, ме боли буквално од внатре до надвор во овулација и секрет имам како белка обилно, некогаш дури и со крвче...
     

    Прикачени фајлови:

  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.198
    Допаѓања:
    20.367
    Пол:
    Женски
    Супер си се хормоните, освен Тсх за кој што ти регулирале веќе терапија.
    Соодносот на Фсх и Лх по книга треба да биде 1.5 : 1, така што кај тебе е да не речам идеален. Немаш простор за грижа.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    76.396
    Пол:
    Женски
    И на ехо си беше се идеално, значи ќе си трпам овулации... :D Матичната рече пазење обавезно ако не сакам бебе, зошто со вакви овулации не едно, две, три ќе се фатат.. :worried:Сакам трето, не одма ама во план сме за понатаму :) Ми има спомнато за контрацепција за да сум здивнела од болкиве, ама па ми е страв да не пореметам друго нешто и не сум се одлучила да пијам..
     
    На Asja и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.198
    Допаѓања:
    20.367
    Пол:
    Женски
    Среќлика си значи, блазе си ти. :) Со орална контрацепција нема да имаш никакви болки. Да ти пореметат нешто нема начин. Јас напротив ги пиев да ме стабилизираат.
    Исто можеш за болките да пробаш со поголеми дози на магнезиум, би требало да имаш ефект. Можеш до 1гр дневно слободно.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Понекогаш и јас ги осеќам посилно, како стежнат ми е стомакот, ко рокада да се случува внатре. Ама имам и како грчеви, ти се случува?
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    76.396
    Пол:
    Женски
    Се тоа... Како да ќе ми пукне нешто во моментот, а и цела матка ми е згрчена... и во односи толку ми е нелагодно и чудно. Јас дури и крварења имам чат пат во овулација (пред 2м до добивање 3 пати имав секрет како белка со крвче во рок од неколку денови) и тоа се последнава година ми е вака, никогаш порано до толку не сум осеќала. Затоа матичната ме прати и хормони да провериме... ама ете океј се. Турбо јајниците :sweat: И на ехо во овулација отидов и тоа журка од фоликули беше и лево и десно..
     
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Да, како тензичност некоја. Ама мене не секогаш ми е така.
    И во односи осеќам како контракции во матката, ја осеќам се грчи. Не е лошо чувството, ама некако дуплирано за време на тие денови.
    Шо убаво за фоликулите, дај Боже сите така да сме плодни :)
    А менструацијата болна ти е?
     
    На Asja и mariz им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    76.396
    Пол:
    Женски
    Дај боже!
    Ееее баш како контракција ама контракција што држи со саати :D Менструацијата ич не ми е болна (пред да родам катастрофа бев со тоа), а сега кога ќе добијам како да немам добиено, ни грч, ни ништо. Болки само во овулација и тоа како што реков и погоре, дури и надворешно ме боли/грчи доле, чудно ептен. И пократко ми трае мензисот, порано по 7 дена ми траеше и добивав на 40 дена, сега по 5 дена ми трае и добивам на 30-32 дена (некогаш ми задоцнил ама 2,3 дена макс). Пред да го родам синчето и после него (природен пораѓај), пак бев со нередовни циклуси, по 3м знаеше да не добијам и ме провоцираа со апчиња, цисти нонстоп по 5,6,7цм ми растеа и ми пукаа едвај. А после раѓање на второто (царски), се средив со цистите, менсиз си имам редовно, па дури некогаш ме шокира и на 28 ден знае да ми дојде :D
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    И хормоните исто така според мене ти се во ред. Доктор ти ги виде?
    И ете показател дека, иако фсх ти е 9 значи блиску горна граница, не значи на намалени резерви. За фоликули што спомна дека имаш многу. Нели според дефиницијата: високо фсх - ниско амх. Макар што тебе не ти е високо, во граница ти е. Освен ако ти се правени хормоните во друг ден, а не на трет ден циклус. Инаку, и мене толку ми беше фсх последно, а лх ми беше исто 9, ако има нешто врска тоа, док. не спомна ништо.

    Мене пак, мензисот ми доаѓаше скоро на 28 дена. Порано ретко знаеше да задоцни, а сега едно време беше точен, па откако почнавме со обиди, се скрати за ден два, па и три.
    Инаку и мене надворешно ме болело, усните баш ко да ме стегаат. А со обилност како си?
    Јас умерено крварам, првите ден два, после онака.
    И читав дека кафена крв на почеток или при завршување на мензис, значело дека на матката ѝ треба чистење, не требало да е таква крвта. Вагинално пареење помагало да се исчисти. Ајде да добијам, и тоа ќе го правам.
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    76.396
    Пол:
    Женски
    Така и мене, не е обилно, два дена онака нормално и после 3ти ден веќе слабо. На 3ти ден проверив хормони и веќе имав ептен малку... А пред да добијам па 2 дена кафено по малку ми пробиваше и не знаев и како да рачунам и отидов 3ти ден од кога ми протече убаво. Така добивам секој месец, со 2,3 дена мачење да пробие кафено по малку на гаќи, а така и ми завршува со кафено, дури ептен темно на крај е. Не знаев дека прават и тоа, кај прават?

    А лицето како ти е? Јас и со тоа година дена се замарам. Чисто стакло лице имав, никогаш проблем не сум имала. А сега некои чудни бубулички и тоа не пред мензис туку и тие во овулација. Еве сега сум во овулација и одма се појавија...
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Ете и кај мене последниов пат кафено почна, па проби после.
    Лицево ми е релативно мирно, го чистам редовно и препарати ставам. Можда по некое ситно црвено брунче ќе излезе, ама не е е нападно.
    Во овулација не сум забележала.
    Мене обично и по вратот такви ситни ми се појавуваат, можда и од косава е.
    Вагинално пареење си правиш сама дома, бидејќи мислам дека во земјава нема такви услуги. Со чај од камилица и ајдучка, некаде и невен да не прочитав? се става пареата млака да е, додуша ти седиш над неа 10тина 15 минути после циклус, до трипати неделно. Наводно го регулира циклусот, ја исфрла заостаната крв. Е сега јас пак досега мислев дека ок е да биде крвта кафена на крајот, нормално она последното, ко тоа демек означувала неисчистена матка. Ами црвена џиш ли да биде? :^)
     
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    76.396
    Пол:
    Женски
    Јас мислам на крајот секогаш ми било така... ама знам дека не ми беше така на почеток по 2 дена кафено да пробива, туку одма си добивав одеднаш црвено. Плус пробива 2 дена, но не е цело време да има, туку те имам, те чисто нема ништо, па пак има, пак нема. Јас имам правено еднаш плакнење со нешто од Грција купено, тоа како сода некоја жуборкаше, мирис некој на оцет како што памтам имаше. Имаше апликатор се, баш за испирање (ако мислиш на такво нешто). Нема кај нас да... Убава работа е тоа, чисти и плус враќа нормална пх вредност и сл. Еден куп работи знам ништо не применувам. Рен стоен во бело вино е исто топ за чистење, но многу е тешко за пиење... Тетка ми пред 10тина години ми даде зошто имав бело прање и чешање, абе тоа чудо направи тогаш, одеднаш се излезе од мене и супер бев за неколку денови. Тоа е супер и за други работи, освен за прочистување на матка... Да ти кажам ќе направам утре! Незнам рецепт точно, но сигурно има на нет :)
     
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Пих шо да речам, и циклусот е променлив, хормонска работа. Уште па и родено деца, сигурно има влијание. Туф како не беше маж ми гинеколог, од прва рака информации, ќе го гњавев до максимум. Тоа и му велам. :D
    Знам за ренот, јас го пиев пред 3 години, да ти кажам го поднесував, ама шо растение ќе беше, корне лути пишти, да има сега како би направила... Ама само во зима се наоѓа. Мене не ми беше лош :D Ако знаеш место каде да се купи и сега, те молам кажи ми.
    Јас сега пијам бело вино со рузмарин, и тоа било за прочистување.
    Дај кажи лек некој за чистење јајцеводи :) ги потеков членкиве :worried:
    А шо ќе правиш утре, не те сфатив. Тоа со пареењето? Инаку не е испирање да вбризгуваш течност, туку баш пареење, како лице кога парееш, така и другаркава лична :sun:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    76.396
    Пол:
    Женски
    Аааа јас друго те сфатив со пареењето :D А када да наполнам и да ставам некоја тревка? Има ли нешто такво :rofl:
    Не знаев дека неможе да најдам рен сега.... :( Ќе се распрашам... Тоа сакав да направам со вино и рен (facepalm)Абе жена да не си, во рок од 7 години организмот ми се промени 100 пати :D За јајцеводи незнам ништо, со тоа мака сум немала и немал некој близок мој. Обично читам студирам се од нет ако ми требало :doh: