Хахахаха не када Во легенче, тенџерче свари вода и стави чај. Ко ќе е млако, ќе се парееш. И со крпа ќе се обвиеш. Е сега сооднос колку не знам, ќе проверам на нет. Ај ако дознаеш за рен, кажи те молам. Како не ми текна зимата Тианде влошки да не имаш користено?
Имам користено одамна да, но некоја неубава реакција имав од некоја состојка и не ги искористив сите и ги дадов на сестра ми... И оние пмс комплекс ги купив таблетите и од нив како да имав бетер симптоми за пмс и ми стојат во фиока цели, незнам дали да ги пијам
Мислење за хормониве трет ден. По не знам кој пат се косат мислењата на докторите за тоа дали станува збор за ПЦОС или не. Ни ваму ни таму сум, аман веќе. Некоја со покачен андростендион? Дали примала некаква терапија? ФСХ - 4,93 ЛХ - 8,97 Естрадиол - 37 Прогестерон - 0,4 Пролактин - 28 Тестостерон - 1,15 (0,38-1,97) DHEA SO4 - 174 (35-430) Андростендион - 4,56 (0,3-3,33) И не беа Еловата 820-840 денари? Сега ги купив од Зегин 920. Сериозно?
Здраво.Денес ми стигнаа резултатите за овие 4 хормони кои ги правев на 3тиот ден од менструација.Јас не сум многу упатена незнам каде треба да гледам во која фаза од референтниве вредности? Овие ги правев приватно и ме чинеа по 700 ден од хормон,но ги направив за да не го пропуштам временскиот период,нели на 3ти ден се прават,затоа.А во понеделник ќе ми биде веќе 5ти ден,матичниот гинеколог вика дека може и тогаш на клиника да ги испитаме и овие и + други како прогетерон,тестостерон,amh и сл. И вели дека немало да има некоја голема разлика,можело да се испитаат и тогаш..што велите ќе бидат ли веродостојни тие резултати на 5ти ден?Ве молам и за резултативе мои кој се разбира ,да ми каже,дали јас точно гледам Lh и estradiol ми се ниски и како ги имате лечено ако бекој има искуство да сподели
Хормони се прават од 3 до 5 ден, значи веродостојни се и на 5ти ден. Лх и естрадиол не ти се ниски воопшто, треба да гледаш таму кај што пишува фоликуларна фаза. Сè си е ок.
Здраво, кажете ми естроген тестостерон и пролактин се проверуваат на 3ден од менструација или како? Јас ги проверував поради проблем со акни но изгледа утнав ги проверив на 13тиот ден не знаев и тоа приватно. Сега незнам што да проверам повторно а ме сум од Скопје.
Девојки проверив хормони на трет ден циклус и се беше тип топ. Отскокна пролактинот ама баш за многу. Референтна вредност 25, а кај мене 56. Докторот не ми препиша ништо, ми вика направи пак, било кој ден од циклус пошто може да ти е од стрес или што не си спиела вечерта. Некоја да сподели искуство?
Тсх иако е во граници на нормала, малку ти е височко ако планираш бременост, идеално е од 2 до 2,5. Мене со тсх околу 4 ми дадоа терапија и истиот месец ко ја почнав терапијата останав бремена.
И јас не знаев, на форумот прочитав. После ја прашав матичната и ме праша колку време се обидуваме, јас и кажав дрка скоро една година имаме неуспешни обиди и таа ми рече дека во тој случај треба да консултирам ендокринолог. Консултирав и ми беше кажано дека ако тироидатае проблем со терапија уште првиот месец ќе останам бремена иииии навистина така се случи
Jas posto nemam problem so nea i ne bev zapoznaena deka za bremenost treba do 2,50 da se dvizi. Ama ubavo e da se ima takva informacija . A tebe ti posakuvam ubava bremenost da si imas. Kako po kniga
И јас не знаев. Секогаш ми била во граници на нормала освен еднаш кога имав вирусна инфекција ама тоа беше краткотрајно и после си беше нормална.Потоа разбрав дека за да настане бременост треба да е до 2,50 а сега во бременост продолжив со терапија за да ја држам околу 2. Фала ти на убавите желби и ти посакувам само убавини
Не може од неспиење да е повеќе од дупло од референтна вредност. Зависи која е целта ама и 25 да ти е пак е многу ако се обидуваш да забремениш. Провери го уште еднаш и мислам дека обавезно ти треба терапија. Мене на вредност 37 ми даде докторката. Се е добро. И Тсх ти е ок, ама пошто планираш бременост добро би било да е под 2, во право е Ирис. Не дека е невозможно и со ваква вредност да забремениш, ама потешко е. Со најмала доза Еутирокс одма ќе се спушти, консултирај ендокринолог.
Ќе се консултирам,денеска бев кај матичната не ми вика ништо,се е во ред. Ме гледаше на ехо имав фолекули на десниот јајник деновиве треба да пукне, ендометриумот беше во ред. Ви Благодарам девојки.
Ти благодарам за одговорот. Решив деновиве пак да го испитам, а во меѓувреме закажав на ендокринолог.
od sto moze da e volku pokacen progesteron,neli treba da pokazuva dali nastapila ovulacija neznam kako da go tolkuvam..