Ако добијам околу 20 часот дали го рачунам тој ден за прв иако не ми беше уште асално дојдено, дали прави ептен разлика трет или четврт ден од добиено?
На трет ден од менструација што се испитуваат и дали нешто плус би требало да се испита бидејќи имам акни во предел на брадата па би сакала да појдам на дерматолог со резултатите?
Направи ги сите хормони комплет заедно со тироидни хормони. Ако си од Скопје најдобро да ги направиш на Клинкчка биохемија.
Треба упат да земеш од матичен. Со упатот одиш било кој ден наутро. Клиничка биохемија се наоѓа во склоп на Клинички центар.
Има ли некој искуство со покачени вредности естрадиол на 3 ден добиено...и дали ви препишале некоја посебна терапија?
Здраво Ова се хормони по 40и нешто дена од спонтан, На 3 ден мензис Дали се во ред? И дали некои од референтите може да предизвикаат дпонтан во 4 месец?
Вака се изгледа добро освен малку покачен инсулин. Дали си испутала генетски мутации за тромбофилија?
Да имам испитано Хетерозиготнист на мтхфр 1289, мтхфр 677, мтр, мтрр Хомозиготност на паи1 Дали инсулинот може да влијае?
Не Ми рекоа само ќе се следат димерите Кои беа добри низ цела бременост А времињата беа минимално под граница За одкако се случи се ми кажаа дека наредна бременост од сам старт ќе биде со клексани
Од тоа ти е абортусот а не од инсулинот, и не треба да се следат само д димерите туку и целосна хемостаза. Жал ми е што така те оставиле без терапија, се надевам следен пат навремено ќе почнеш и сè добро ќе се заврши
Како бе од тоа ѝ е абортусот, инсулинот нема врска? Ти доктор специјалист си, па вака самоуверено тврдиш? Какви ескперти се правите за вродени тромбофилии, да ви се изначуди човек. Години обиди со инфертилитет и ин витро имам, биохемиски, спонтан во прв триместар, консултации направени со куп специјалисти и кај нас и во странство, еден доктор од нив не се осуди не само да тврди од што ми било, туку воопшто да претпоставува од кои причини се случило тоа што се случило. Спонтани абортуси во најголем број случаи (цели 80-85%) се случуваат поради генетска аномалија на плодот, нешто што е природна селекција и на кое што нема влијание никаква антикоагулантна терапија, додека останатите 15% се должат на други фактори, меѓу кои да, тромбофилија може да е еден, но членката пиша дека била под надзор на доктор за состојбата и ваљда процениле дека ако ѝ требаат клексани, ќе ѝ дале, нели? Добри д-димери и малку скратени времиња НЕ предизвикуваат спонтани зашто ако било така, ниедна жена на светов немало да роди без антикоагулантна терапија пошто сите сме со некаков дефект во гените за тромбофилија. Поверојатно е спонтаниот да бил предизвикан од, или како што кажав генетски абнормален ембрион, а други причини може да бидат имунолошки фактори (тука спаѓаат и автоимуни состојби и хронични болести), потоа механички проблеми со матката од типот на форма на матка, полипи, септуми, миоми, а верувала или не, една од најчестите причини за спонтан е хормонален дисбаланс во што секако спаѓа и висок инсулин. Докажано е во куп студии дека инсулинот, кој патем спонтан абортус директно можеби не предизвикува, но и тоа како влијае врз квалитетот на самите јајце клетки, при што ја инхибира матурацијата на јајце клетките и негативно ја афектира самата фертилизација и понатаму имплантација и развој. Лоша јајце клетка = лош ембрион = губење на бременост. Затоа, @Flower 78 имаш апсолутно право што се сомневаш во инсулинот, вредноста е екстремно висока и упатува на инсулинска резистенција и предлагам да направиш ОГТТ, но во комбинација со инсулинемија (значи три мерења и на шеќер и на инсулин по консумација на раствор со гликоза) и со резултатите да отидеш кај ендокринолог да ти даде соодветна терапија со метформин. Друго, предлагам да почнеш да пиеш суплементи кои содржат инозитол кој докажано благотворно влијае на регулација на инсулинот, а кои се едни од најпрепорачуваните суплементи за подобрување на квалитетот на јајце клетките. На твое место би направила и комплетно испитување на тироидна, бидејќи овие работи може да се поврзани. И да резимирам - никој, ама апсолутно никој не може да тврди од што настанал еден спонтан (ова никој доктор не се дрзнува да го каже, не па лаик на форум) зашто причини може да се стотици, меѓу кои најголемата е природна селекција на ембрионот. Доколку не се покаже со хистопатологија и кариотипизација на плодот причината за спонтаниот, другото се САМО претпоставки. И второ, висок инсулин ко во твојот случај е најчесто симптом на поголем метаболички проблем кој и тоа како може да доведе до несакани исходи во бременост (биохемиска, спонтан абортус, конгенитални аномалии на плодот, stillbirth и низа други). Затоа предлагам, наместо да си ја чукаш главата и да се нервираш зашто не си примала клексани, за што си била следена од доктор, да го адресираш проблемот со инсулинот и да почнеш да работиш на него. Без разлика на референтните вредности, оптимална вредност на инсулин на гладно не треба да се движи повеќе од 6-7, веќе од 10 нагоре докторите обавезно даваат терапија со метформин.