Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хормонален статус

Дискусија во 'Бременост' започната од viktori15, 7 јуни 2012.

  1. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.838
    Допаѓања:
    11.794
    Пол:
    Женски
    А зошто тогаш кај мутации, особено кај оние со мутација на ПАИ-1 даваат клексани и аспирин од сам старт без разлика на вредноста на д димери и хемостаза? Освен тоа многу важно е да се следат протоците од сам старт, особено кај оние со мутации, а многу од матичните не го прават тоа. Плус ако не се сомневаат на мутациите зошто и кажале следна бременост да ја почне одма со клексани?
    Инсулинот може моментално и е покачен, од еднаш не може да се заклучи дека е со висок инсулин. Ќе си го повтори пак испитувањето, а и после спонтан повеќето доктори препорачуваат хормоните да се испитаат после 3 месеци а не после 40 дена, бидејќи после спонтан големи се шансите хормоните да се во дисбаланс.
     
    На Flower 78 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Терапија даваат поради превентива или поради индикации на ехо - калцификати на плацента, недоволни протоци на артериите што го хранат плодот и друго. Не спинувај сега. Јас никаде не кажав дека девојката не треба да прима антикоагулантна терапија, ниту негирав дека тоа е причината што дошло до спонтан, туку изреагирав на твоето како од ракав истресено тврдење дека девојката доживеала спонтан поради тоа што не примала антикоагулантна терапија, а не поради инсулинот, иако доктори постручни и од мене и од тебе ја следеле со испитувања на хемостаза и д-димери и заклучиле дека нема потреба да ја прима.

    Пробав да објаснам дека и самите
    доктори многу ретко тврдат и посочуваат на конкретни причини што доведуваат до абортус зашто тие може да се мал милион и многу ретко се доаѓа до конкретната причина зашто се случил. Затоа не треба да се шпекулира, а уште помалку нешто да се тврди, поготово не со некакво базично познавање од одредена област што по секоја цена и секогаш се вметнува во секој можен контекс.

    Висок инсулин сега, ќе биде висок инсулин и утре, инсулинот не е пролактин или кортизол, па да се менува под влијание на стрес или умор. И како таков, мора да се третира со терапија. Дури и да била причина за спонтаниот тромбофилија (што не можам да тврдам ни јас, ни ти, ни Јани, ни Стојко, ни Петко), никако не смее така паушално да се исклучи високиот инсулин, и членката и тоа како со тие вредности на инсулин МОРА да оди на додатни испитувања и да прима терапија. Плус не сакам да ја плашам, ама високиот инсулин кај неа го инхибира SHGB што е појава кај пациенти со дијабетес тип 2. И ДХЕА ѝ е на горна граница што исто упатува на метаболички проблем како ПЦОС или инсулинска резистенција.

    Метаболички проблеми што се врзуваат со висок инсулин од типот на гестациски дијабетес или не дај боже дијабетес тип 2 доколку не се третираат можат да имаат далеку поопсежни консеквенци за една бременост отколку некаква генетска предиспозиција што може никогаш и да не се активира.

    Затоа, нека прима клексан во следна бременост, ама обавезно да се направат додатни испитувања за метаболички проблеми и целосно испитување на функција на тироидна жлезда (кај неа во резултатите има и благо покачување на а-тпо антителата).

     
    На Flower 78 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    6.730
    Некаде низ темите те читав дека си со инсулинска резистенција.
    Дали во бременоста земаш терапија? И каква ти е вредноста сега на инсулинот.
    Кај мене огтт е добар. Ама инсулинот 16. Не ми дадоа никаква терапија. 29г.н сум.
     
  4. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Пиев глукофаж до 13 г.н., после ми го прекина дијабетолог зашто не е доволно испитан во бременост и не се препорачува долго да се пие. Ама затоа сум со гестациски дијабетес дијагностициран уште во 9 г.н., кој до сега фала богу успевам некако да го контролирам со диета, иако има мали шанси при крај да ме стават и на инсулин.
    Инсулин сега никој не ми испитува, на контроли ми испитуваат глукоза после оброк, HbA1C и комплет испитувања на мокрача (протеини, кетони и сл.). Дома сама мерам шеќер и кетони во урина и ги носам резултатите на преглед. Прегледи имам еднаш месечно.


     
    Последна измена: 6 август 2022
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    6.730
    Ти благодарам
     
  6. Sandra Stojanova

    Sandra Stojanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2015
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Браво многу убаво кажано јас имав исто спонтан пред две години еве сега има второ детенце има 2 ипол месеци нека дава господ сегде ваква радост. Те подржувам за инсулинот бидејки после спонтаниот докторката ми вели ај испитај го инсулинот на гладно ми беше 28 па по еден месец 32.2 од тој момент ме ставаат на гликофаж еутирох за тироидната и со нејзе имам проблем и си терам така останав бремена и скоро до 25 недела пиев гликофаж бидејки тој заштитува од спонтан и одам кај Ложанковски на 2 скрининг и го прашувам за гликофажот и ми вели нема штета на плодот а и на тебе гликофажот е еликсир на жената. Со самото внесување на гликофаж го намалуваш ризикот за дијабет понатака во животот. Така да и мое мислење е да си преземе нешто за инсулинот бидејки и те како е важен во бременоста а и пред неа сепак девојката има резистенција на инсулин во телото со тоа што ако не се реши на време понатака доаѓа до дијабет во животот.
     
    На Flower 78 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Flower 78

    Flower 78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2022
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    Мене ендокринологот ми вика не е страшен инсулинот, ме препрати на трансфузиолог, и ми препорача метилирана фолна
    Не ми спомна никаква терапија гликофаж
    Ама ќе ги проверам сите хормони воедно и инсулин повторно за 2 месеци
     
    На Sandra Stojanova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kolumna

    Kolumna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2020
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    4.529
    Пол:
    Женски
    Iskustvo so prof Tatjana Milenkoviq, endokrinolog?
     
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Дали има TSH врска со циклус?
    Правев крвна слика чисто онака за проверка, сакав и TSH да проверам само и искочи 4,5 на 19ти ден од циклус (ако нешто значи тоа)
    До 5 е нормално, матичната ништо не ми искоментира.
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    76.536
    Пол:
    Женски
    Нема врска кога е проверено, но на горна граница ти е. Консултирај се со ендокринолог..
     
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    А влијае само на забременување или и на бременост општо? Пошо гледам резултат од пред 3 год (сега баш побарав) од месецот кога останав бремена првиот пат бил 3,5 тсх. Ама плодот беше со аномалија и го абортирав во 12 недела. А читав дека за забременување идеално е под 2 да е, јас сум забременала со 3,5. Пред втората бременост не сум испитувала ништо.
    Ќе одам на ендокринолог во секој случај ама ме интересира дали има некаква врска вредноста со бременоста и плодот. Да не прашувам таму глупости, тука сте доста упатени :)Не планирам бременост моментално ама ме замисли дека е на горна граница.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.838
    Допаѓања:
    11.794
    Пол:
    Женски
    Влијае исто и на плодот, треба да се контролира во текот на бременоста.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Ете ова никој не ми го кажал, не сум го испитувала ниту пред бременост ниту за време на бременост а имам ќерка има година и пол..
    Кои се добри ендокринолози? Појма немам каде да одам..
     
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.838
    Допаѓања:
    11.794
    Пол:
    Женски
    Многу ја фалат Стефанка од Ремедика.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    76.536
    Пол:
    Женски
    Влијае да. Јас прва бременост истерав и отпосле открив дека сум хашимото и со хипотиреоза (може бременоста тригер ми била). А со второто веќе бев со терапија ама одма ми рипна како останав бремена 5,6 и ми појачаа доза, но знаеше да е често на контроли 3+. Океј ми помина бременоста, здрави дечиња. Најубаво да закажеш на Ендокринолог или Интернист и сите тироидни хормони да ги провериш. Па да следите ситуација и ако планираш бременост да го спуштите на 2. Јас одам во Железарската амбуланта кај Интернист и таа мене ми одредува доза на Еутирокс, следиме како се движат хормоните. Ако не успееш термин да најдеш за Ендокринолог (потешко се наоѓа), побарај кај Интернист. И во Железничка амбуланта имам одено кај една женичка, супер беше и она.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    40.430
    Пол:
    Женски
    Има, а како што ти кажа мариз и бременоста може да е тригер. Мене докторката што ме води и првата бременост и сега ме пушташе и во текот на бременост да испитувам тсх и т4 и покрај тоа што на контроли пред бременост не сум имала отстапки.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Leonidisa

    Leonidisa Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, ќе испитувам хормони следниот месец и сакам да прашам освен пролактинот, тестостеронот, FSH, LH и естрадолот кои се проверуваат на 3тиот ден од циклусот, дали и прогестеронот се проверува на тој ден или на 21виот ден... Изгледа мојот матичен заборавил да го пише и прогестеронот..
     
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.110
    Допаѓања:
    26.991
    Колку кошта хормонален статус на државно?
     
  19. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    3.928
    Po 40-50 den od hormon, zavisi i koj hormon.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.554
    Допаѓања:
    5.901
    Пролактин покачен дали може да предизвика подранување на цикчус и неможност за бременост?