Земи си упат за кај ендокринолог, таму ќе ти ги проверат пак хормоните и ќе ти дадат терапија. Не се грижи, се средува.
Сакам да си проверам хормони од оние што се вадат на 3 ден добиено,но фаќа празник тој ден ,па дали може и на 4 ден од мензис да се извади крв или ќе биде проблем за точни резултати Кој знае ако некој вадел на 4 ден пишете
Можи и на 4 ден слободно од 2 до 5 ден може ево јас имам правено и на 5 ден и резултатите беа слични ко на 3 ден што сум правела.
Здраво девојки едно прашање во вторникот испитував хормони и испадна тсх високо и ми кажа матичната да одам на интернист. Кај да одам да закажам ептен сум исплашена .. предходно се си беше уредно имав спонтан летово и сега да проверам хормони и испадна ова. Фала ви однапред
Колку ти беше кога викаш нормален дека ти бил колку тие сега да не те плашам ама можи спонтаниот од висок тсх да ти бил а ти да не се знаела а можи нема врска, незнам од кој град си ама сите термини се зафатени да си земеш преоритетен и ќе чекаш таму и најдобро е кај ендокриноког да одиш не кај интернист но ако нема во твојот град оди прво на интернист види што ќе ти кажи па после можеш и на второ мислење да одиш на ендокринолог.
Немој да се плашеш, веќе голем дел од нас се со проблеми со тироидната, ќе се среде со терапија. Ако можеш отиди на ендокринолог, ако нема термини отиди за почеток кај интернист, па кога ќе начекаш термин оди на ендокринолог
Последно кога испитував февруари беше 0.76 од граници 0.46 -4.6 а денес на резултатот е 6.16 дали влијае стресот на тсх пошто пред да се боцкам имав стресни моменти? Фала ви
Да може да влијае кај мене само од стрес не ми се спушташе под 3 и морав со терапија да почнам види уште еднаш испитај ако не за две недели или еден месец и ако тие висок тсх мора терапија и оваа вредност е за терапија оди на доктор и тие најдобро ќе ти кажат.
Здраво феминки, се надевам дека сте добро. Според сите мои истражувања и реакции кои телото ми ги појавува мислам дека имам намален естроген. Дали некоја од вас имала ваков проблем пишете ми ЛП
Другарки, Сакам да ве прашам дали некоја пиела спиронолактон од 50мг? Тестостеронот еднаш ми беше 1.17(реф. вредност 0.90), па потоа 0.87(реф. вредност 0.90). Ендокринолог ми ги препиша, гинеколог ми вели нема потреба. Дхеа и андостенедион се во ред... Стварно сум во недоумица дали да ги почнам.. Би ми било мило ако споделете искуства со мене
Денес ми стигнаа резлутатите од хормони, термин за консултација после празниците. Вака што мислите вие? Не ги разбирам јад баш
DHEA ti e pokacen toj e steroidni hormon koj go laci nadbubreznata zlezda i zatoa sto toj e pokacen testosteronot ti e na gorna granica. Zosto od DHEA se razlozuvaat testosteron i estrogenot. Insulin ne ti dadoa da ispitas? Pokacen DHEA moze da ukazuva i na PCOS ama nekako drug pokazatel deka e toa vo prasanje kaj tebe nema. Sepak smetam deka insulin treba da ispitas. Inaku suma sumarum hormonite be ti se voopsto losi.
Требаше и инсулин ама немаа на клиника во моментот кога испитував. Видов и јас дека DHEA е покачено, се испаничив малку хаха. Се надевам не се лоши
Колку години имаш? Мене ми боде очи фсх и лх, фсх тие поголем од лх за 2.4 а треба да е помалу а тоа укажува на намалена резерва на јајце клетки а можи кај тебе нема врска оваа разлика, кај мене беше слично фсх 7.5 а лх 3.4 така нешто и испадна амх да ми е 0.4 и сум со ниска резерва на јајце клетки не се разбирам многу во хормони да не те плашам но добро и да испиташ и амх за да си знаеш колку тие за случајно ако е низок обавезно да одиш на специјалист за да ти кажи што понатака да не губиш време.
25 години сум. Што би значело ова намалена реџерва на јајце клетка? Потешкотии да се остане бремена? И амх не ми кажаа да испитам, не знам каков е тој хормон
Само ако има индикција се испитува амх ако е фсх поголем од 2:1 од лх ако е висок естрадиолот ако на ехо има помалу антрални фоликули тогаш се испитува амх кој е хормон и покажува колку е резервата на јајце клетки ако е помал од 1 т.е помал од 0.5 укажува на намалена резерва на јајце клетки и жената може да остани и природно бремена но потешко, амх е хормон кој се произведува од страна на фоликулите во јајниците и ја покажува преостанатата резерва во нив т.е бројот на антрални фоликули од кои се ствараат јајце клетки и со годините овој хормон опаѓа се трошат резервите на јајце клетки секоја жена е родена со одреден број на јајце клетки кој во текот на секој менструален циклус се трошат тие фоликули е сеа има жени и на 40 имаат висок амх има жени и 20 и нешто имаат низок амх ти си сеуште млада и да тие намален не е ништо страшно а можи и супер тие тој амх, ама јас би го испитала или би проверила на ехо колку фоликули имам иначе амх се испитува на клиничка биохемија со упат од матичен гинеколог и кошта 250 ден.