Не сум искусна за инсулинот ама ТСХ ти е 5,46 и ти е многу висок за забременување. За да забремениш се препорачува да е околу 2. Кај мене тоа сметаше, ми дадоа Еутирокс и одма останав бремена. Консултирај обавезно ендокринолог, сепак и инсулинот ти е многу висок, не верувам да е од вечерата.
И ТСХ е високо. Консултирај се со ендокринолог. Може да го повториш испитувањето за инсулин и кога ќе знаеш кој ден ќе испитуваш, не јади касно, макар што доста е висок.
Мораш да се консултираш со матичен гинеколог и со ендокринолог. предходно имаш следено инсулин или не? Дали имаш приметено инсулинска резистенција на други резултати? Убаво би било да те препратат уште еднаш да испиташ инсулин.
Бил некој брзо време да испитува хормони, како стојат со реагенси на клиничка биохемија? Да не идам за џабе, пола да ги нема.
Сите хормони се добри, освен фсх кој е над горна граница. Но, кога ти земаа крв? Ако е на трет ден од почетокот на менструација тогаш хормоните се сите океј, освен нели фсх. Анализите зависат од клиничката слика, ехо наод и така се добива комплетна слика. Вака само по себе, верувај нема мн мн значење.
Пред 2месеци бев ги праќаат на меил ама кај докторот кој те препратил, не на мој меил (барем кај мене беше вака) не знам дали е сменето нешто у меѓувреме
Може ли да ми кажете мислење за хормониве? Матичната ми вика супер ти се, мене ме плаши естрадиолот што е понизок малце, она вика супер е за 3 ден. Исто и за пролактинот 20.9 не ми спомна ништо а читам тука пишувате дека треба да е понизок за бременост, иако и ова е во референтни вредности
Да, кај докторот секако дека праќаат, мислев кај пациентите дека уште праќаат ама изгледа тоа само поради ковидот беше, сега пак по старо. Фала ти.
Дали доби мислење од гинеколог за резултатите. И јас сум со вака низок естрадиол и матичната ми рече дека ми се ОК, па малку чудно ми е?
Здраво девојки. Пред неполн месец започнав со пиење на еутирокс за тиродината (висок тсх и антитела) по препорака на ендокринолог. Сега за прв пат ми се случува доцнење на менструалниот циклус (што инаку секогаш сум добивала од 2 до 4 дена порано). Никогаш не сум имала ваков проблем, а бидејќи пред 4 месеца бев на гинеколог и сè (пап тест и ехо) беше уредно, сакав да прашам дали е можно ова да се случува од апчињата ? Дали некоја од вас се има соочено со ваков проблем ? Ви благодарам однапред.
Правев хормонски статус на 3ден од циклус. Естрадиол 133 и LH 14 високи но и докторката незнаеше зошто. Даде неколку мислења ама како да не беше сигурна. Рече ќе ги повториме и кога ќе ми завршел циклусот на ехо. Немам полицистични јајници дали некој се соочил со ова.
Циста може си имала. Таа знае да даде вака високи вредности на е2 на трет ден. Повтори уште еднаш хормони на следен циклус.
Кажете ми колку ви земаат за испитување хормони на клиничка биохемија? Јас денес бев, си имав уреден упат од матичен гинеколог и имам осигурување и ги испитував: 1. Инсулин 2.DHEA 3. Прогестерон 4. Пролактин 5. Естроген 6. LH 7. FSH 8.Тестостерон 9. Андростендион 10. TSH 11. FT4 12. Тумор маркер CA 125, HE4, CA 15-3, CA 72-4, CA 19-9 и CEA. За се ова ми наплати таа 900 ден! Дали е можеби грешка? Премногу ми дојде навистина..
Samo za hormoni 5 mi naplatija 250 den И јас во среда се изненадив од слична анализа. Матичната за вадење 4 бриса ми зема 250 ден. За проверка на брисевите со упат од матичната на микробиологија и крв за хепатит ми наплатија уште 750 ден ден
Лелее.. Некако стварно скапо 900 ден ми дојде.. кој и да прашам колку им земале, одговор слушам или 250 или 500 ден максимум.. ова е премногу..крадат!! Си наплаќа колку сака...мн.се изреволтирав И ја прашав таа што ми зема 900ден, и викам си имам упат, зашто 900? Вика имаш осиг.затоа е 900, инаку 9000 ти е, таква дрска, аууууу, КРАДЦИ!!
Не се малку работи што се испитани, затоа е толку вкупно. Во право се дека на приватно изгор е скапо сево ова да го провериш.