Денес на биохемија проверував хормони, за резултати ми рекоа понеделник. Зошто дури понеделник, ако работат и преку викенд. Дали мислеа понеделник ќе ги испратат до матичниот
Здраво девојки вчера на 3 ден проверував хормони ,дали има некока од поискусните да кажи нешто,секако имам закажано за кај матичната но на 7 ,а не ми се чека некако
Добри ти се резултатите, сите се во нормала. Лутенизирачки хормон и прогестеронот ти се нешто пониски но не под долна граница и мислам дека во ред се.
Еве ги моите резултати од хормонски статус. За тие што не сте ме прочитале претходно и/или во другите теми - 1 година неуспешни обиди. Не знам дали да се радувам што се е ок или да се нервирам што повторно немам објаснување, немам каде да се насочам и што да поправам. Дали има некое значење што LH ми е на долна граница и досега 3 пати испитуван секогаш ми е на долна, вака сличен резултат (иако е во граници).
Здраво девојки среќен 8 март. Испитував хормони на 3 ден од циклус. Денес правев ехо на тироидната ми рече дека е се супер, само да испитам анти тела и повторно тсх (бидејќи ми е на граница) во букурешт бидејќи планираме бременост да ми препише терапија. Ее сега мене многу ме плаши андростедион кој ми е повишен дали некој имал искуство со истиот и дали прави проблем за зачнување?
Даа да и тој е висок заборавив да пишам. Денес матичната не работеше и уште не ми ги виде резултатите. Затоа пишав да видам дали некој имал сличен проблем.
Не знам за твојата матична, ама мојата како и повеќето не се замара. Ги виде, истите се покачени и кај мене плус дхеа. Препиша контрацептиви, најлесно тоа, пиј 3 месеци, па пак ќе провереме. Крипинео. Со историја на рак на дојка од мајка ми и цисти на гради што имам, кога прочитав што се несакани дејства има, баталив. Едно испив и толку. Ќе пробам со исхрана, диета без шеќери колку можам, повеќе физичка активност.
Се надевам се ќе биде во ред. Помалку стрес затоа што тоа највеќе влијае (во ова време тешко).Ти се подготвуваш за бременост?
Стресот е голема причина за покачен кортизол (и тој ми е) и за пролактин. Да, се спремам за бременост. Не сум ни пробала досега, се надевам ќе се среде се и ќе биде успешно.
Само позитивни мисли, избегнување негативни луѓе и секако верба во бог и се ќе си дојде во свое време ❤️
Zdravo devojki... imam problem so hormonite.. ili potocno so testosteronot, normalno e 1.97 mene mi e 2.32... imam problem so vlaknenca na liceto (okolu vratot, bradata) pa sakam da ve prasam dali nekoj imal slicno iskustvo .. sto koristevte ili slicno... Sum imala iskustvo so diane3, spirunalokton .. sakam nesto ako postoi na prirodna baza.. caevi..ishrana... Pls za sovet .... Fala
Хормоните ти се во граници, мила, меѓутоа 3 години за обиди е доста долг период, ако не настанала бременост. Би те советувала најдобронамерно, ,гледам дека си млада, можеш да појдеш на гинеколог да види дали имаш зрели фоликули и кој ден, тој ден да се обидете. Можеш да земеш тест за овулација и така да следш и да пробате, а истотака битен е и машкиот фактор, ако не е испитан. Полицистичните јајници не се пречка за забременување, може само да не овулираш толку често. Ако не овулираш има терапија и за тоа.
Здраво на сите Испитување на репродуктивни хормони, вит.Д и хомоцистеин се прави на Клиничка биохемија со упат од гинеколог? И дали ги имаат сите реагенси
Здраво, од ова што можев да видам укажува на ПЦОС имаш лх треба да е помал од фсх ако е обратно покажува на ПЦОС, пролактинот е висок и машките хормони, посети си ендокринолог за подобро да ти објасни.
Витамин Д е со упат од специјалист. Матичен не може да даде. Во моментов имаат за него реагенси на биохемија.