На клиничка биохемија. Општ матичен ми даде упат за на интернист, па интернистот ми даде упат за на Клиничка биохемија.
Ти благодарам душо А на ендокринологија што можам да проверам? Ако знаеш да ми кажиш. Трансфузиолог ме праќа на ендокр. Таму термини нежожам да најдам. Па , да идам на прив.лаб.
Аууу не знам да ти кажам, и јас гледав термини за на ендокринологија за скриен шеќер, ама нема, и дека не ми се брза, се уште не сум проверила, приватно е 600 ден. само за ОГТТ, а мене ми препорача ендокринологот ОГТТ со инсулинемија и гликемија, и прашав по приватниве 3100-200 е. Јас бев приватно на ендокринолог, а на интернист општиот матичен ми даде упат за во друг град, дека општиот матичен ми е во друг град, таму имаше термини, на ендокринологија немаше, мене ми одговара Скопје ама нема термини. А ти што сакаш да испиташ?
Здраво Треба да земам упат за хормонален статус на 3 ден за викендов. Дали некој скоро бил на клиника гак или клиничка биохемија да сподели каде ги имаат сите реагенси. Фала
Девојчиња за тхс и пролактин нема врска кој ден од циклус е? Или мора да е на 3ти ден? За бременост прашувам.
Здраво, ве молам да ми кажете дали се во ред хормоните? TSH. 1.47 PRL-Prolactin. 7.9 LH. 5.57 E2 - Estradiol. 69.18 FSH. 7.12
Трансфузиолог ми препорача да идам на ендокринолог , и јас барав термини, на крај отидов со приоритетен упат. Е кој Др ќе ти се погоди . ДХЕА ,кортизол , инсулин , ....повеќе хормони ..ќе проверам. Па ме препратија на ревматологија бидејќи сум позитивна на лупус антикоагулант..незнам што ќе испитуваат таму. Но ,не појдов .
Здраво девојки, некој што повеќе се разбира да сподели мислење во меѓувреме, немаа реагенси за некои па само овие успеав да ги испитам.. Фала
Прв пат испитуваш? ТСХ ти е височко ако ти е за бременост 2 ка треба да е. Препорачливо е. Вака другиве се оке според мене. Малку и Фсх ти е на граница, ама секое добиено за себе.
Не ми е прв пат, од време на време имам испитувано, споредбено со предходно ок ми делуваат. За ТСХ да приметив, последно испитував 7-8 недела кога бев бремена лани (за жал заврши во 17 недела) тогаш ми беше 2,67 така нешто
Затоа и викам , мене оке ми изгледаат само тсх. Пробај консултирај се со ендокринолог чисто да видиш што ќе ти каже.
Здраво девојки, прв пат проверувам хормонален статус, гинекологот ми рече дека е пожелно да се провери од 1-3 ден на циклусот. Јас отидов на првиот ден, иако сега сфаќам дека било најдобро на третиот да се оди... Ме загрижува само DHEA-SO4, 449 ми е... Некој да сподели совет, мислење, искуство?
Девојки ако може мислење за резултатите кои ги добив: TSH-4.41 FT4-1.38 FSH-5.86 LH-6.49 E2-32.5 PRL-14.88 Kortizol-24.78 DHEA-305.53 Testosterone-30.24 Insuline-5.59 Antitela TPO- 95.4 Испитувањата се на 3 ден од циклус
Да веќе пробуваме некој период така што знам дека тсх ќе морам да го намалам. Предлог за по природен пат пред терапија??? И сакав да прашам за антителата пошто де над 60 дали се многу покачени за терапија?? Дали се сметаат како хашимото??
Најдобро да одиш на ендокринолог. Антителата мислам до 60 треба, не знам до колку се смета за Хашимото, мене ми се под 60, бев со резултатите на ендокринолог, ми кажа се ми е ок, види со ендокринолог, ќе ти каже за тсх.
Прочитав во повеќе статии дека додека трае менструалниот циклус а ако не одстапува многу, не претставува проблем да биде и малце повисоко LH од FSH.
За другиве не знам, ама фт4 ми се чини многу ниско (ако се стандардните референтни вредности, ги има 2 поста над твојот погоре). Тсх, антитела се во принцип помалку битни отколку самиот хормон. Оди на ендокринолог, се средува, не е за паника.