Зашто обично од еднаш не се пресудува, мене прв пат кога испитав фсх ми беше 13, и јас се извадив од памет. И матичната ми кажа исто се намалувала резервата на јајце клетки. После бев на второ мислење и таа ми кажа дека од еднаш не се пресудува хормони, секое добиено е за себе. И вика намали малку со лоша исхрана си пиев витамини повеќе, и испитај после месец пак, и следниот месец ми беше нормално и еве баш тој месец кога ми беше нормално и останав бремена. 12 та недела сум. Затоа и мислев да пробаш уште еднаш да испиташ за месец, ако и тогаш е вака е друго.
Ти благодарам за одговорот,инаку тсх испитав и веќе сум на терапија со Еутирокс од 25 мг за еден месец од 10 се намали на 7.4
Претпоставувам ќе следите со ендокринолог за евентуална корекција на дозата ако е потребно. Битно е детектиран проблемот понатаму ќе се реши
Фала, и мене док. за ивф на 5 ден ми рече, а матичната ми рече на 3 ден.И ги направив на 3 ден(така било правилно), сега имам упат пак и ќе ги правам на 5 ден. Не најдов некаде да се прават на 5 ден па помислив можеби јас погрешно сум го разбрала, ама сега ќе направам на 5 ти ден тогаш , чим и вас ви рекле така можеби за ивф има врска нешто... Јас поднесов документи за ваучер со хормони шест и пол месеци стари, па да не ме вратат дека не треба да се постари од 6м. и ај да направам нови за ако побараат да имам со понов датум...се извинувам на долгиот пост.
Мене на трет ден фсх ми беше на граница, а на петти многу високо. Сега кога би испитувања хормони би отишла на прв-втор ден.
Да, до пункција само стигнав, па јас го дадов првиот хормонален статус каде фсх ми беше на граница, ама поради висок естрадиол и тсх таму ми беше 0.24 ми побараа дополнително амх и тироиден статус, инаку сигурно за тсх некоја грешка беше, потоа испитував неколку пати ок ми беше. Ова ти е за прв ваучер? Ако се ти е во ред ќе ти одобрат.
Здраво денес ме гледаа на ехо, јајниците се сосема океј и демек немам хормонско пореметување почнаа да се појавуваат, влакна по лице на некој места дали некој има искуство? Докторката вика не можело со апчиња не се решавало, изгледа че треба со епилација..Позз
Да си провериш преку крв хормони. Обично кога излегуваат влакненца се должи на пцос/хормонален дисбаланс. Да си провериш и ќе си знаеш на сигурно
Девојки дали некој знае дали е нормално да крварам после гледање на ехо? нема многу, розова боја се појавува, се плашам искрено