Хипер или хипогликемија мислеше? Нормален ми е шеќерот, на една контрола бил 4.1, е не се сеќавам дека волку бил, обично се околу или над 5 ми е, а инсулинот бил 3.7, на последното 6. Сигурно ќе паѓа гликемијата ако се хранам без јгх. Ќе видам и за ова low carb. Иначе да напоменам, овие резултати со шеќерот и инсулинот се при исхрана богата со јгх и тоа стварно доста сум на јгх и претерано многу, така што дозата од 1000 мг стварно изгледа е јака. Би ги ограничила јгх, па ќе видам што ќе биде. Фала ви за искуствата и тебе и на @Feniksgirl.
Божеее сеа видов хипогликемија мислев, prego brain. И мене ми е нормален дури низок, ама инсулинот беше висок и со метформинот имав нагло паѓање на шеќер преку денот ако не јадев доволно јаглехидрати. Можеш да го прашаш еднокринологот постепено да намалуваш метформин ако сакаш да се префрлиш на нискојаглехидратна. Зависи и дали во блиско време планираш бременост, јас не би чепкала ако за година пример планираш.
Мислење за резултативе на трет ден од циклус, доилка сум. Спојлер 2gen Testo - 0.95 (0.38-1.97) Prolactin - 10 (2.80-25.00) IE2 - 37.4 (нема реф. вредност) IRI - 3.0 (1.1 -17.0) FSH - 11.5 LH - 4.6
Здраво девојки утре сакам на приватно да одам да проверам хормони но знам дел од хормоните дали ќе може да ми помогните да ми ги кажете сите
Подолу се хормоните што ги проверив на трет ден од циклусот: TSH Естрадиол Пролактин Тестостерон FSH LH 4-андростендион DHEA-S За ИВФ ваучер ги бараат само: FSH, TSH, LH, Пролактин и Естрадиол (Е2). Исто така, проверив и АМХ.
Здраво,дали има некој искуство со низок прогестерон.Испитан е на 20ти ден од циклус,а на следниот циклус ќе го испитуваме на 3тиот ден.Дали може да дојде до бременост или воопшто не.
Може да образложиш малку повеќе? Што ти се случува, низок во смисла немало овулација или имаш некое крварење пред циклус што го поврзуваат со недостаток на прогестерон.
Овулација имам,правев само тестови за овулација,немам крварење пред циклуси имам само нередовни циклуси,ми доаѓа на 35и39 денови а прогестеронот е испитан на 20ти ден со другите хормони.гинеколот ми вели за циклусот дека е нормално да биде така нема проблем
Не,од два гинеколози потврдено дека немам полицистични јајници и дека е нормално циклусот да доаѓа на 40 дена.
А со хормони? Како си? Испитани сите се оке? Не е баш нормално на 40 дена да добиваш. Обично ете вака со полицистични имаат така на подолго циклус.
Сите се океј освен прогестеронот што е низок ама е испитан на 20ти ден ,наредниот месец ќе го испитуваме на 3ти ден.Сега не знам што да мислам дали би имало проблем за забременување со низок прогестерон,и дали заради ниските вредности имам долг циклус.
Фсх и лх како беа? И инсулин? Може и да прави прогестеронов, дека стварно 40 дена, мислам не викам дека е страшно, ама баш долго е.
Епа ете душо, ова е предзнак за полицистични јајници, затоа ме чуди. лх треба да е помало од фсх. И инсулин да испиташ, ете зашто е на 40 дена.
Немам искуство со ова зашто немам, ама еве расчитај погоре од членкиве, мислам да одиш и на второ мислење, далеку од тоа дека не можеш бремена да останеш, немој одма да си правиш лоши размислувања, си има терапија третмани, има многу членки што имаат полицистични јајници и имаат деца и се бремени. Да си одиш и на друг гинеколог. Напрај комплет хормони, и консултација со ендокринолог.