За на клиника треба упат од матичен. Е сега зависи кои хормони, за полови дава упат гинеколог, за некои општ матичен или интернист.
На систематски сум во Железничар точно на 3ти ден од менструација, па си реков и така ќе ме боцкаат да проверам и хормони ама до сега не сум била таму. Не знам дали се океј!?
Da, od maticen ginekolog ili internist. Opst maticen ne moze za nisto da dade ( osven za tiroidni ako si so dijagnoza za tiroidnata)
Здраво денес бев да ми земат крв за испитување на овие хормони, меѓутоа само во една епрувета ми земаа, таман ли е?
Како мислиш различни ? Зборот ми беше кога сум била за обичнс крвна анализа во повеќе епрувети ми земале крв, а сега за хормоните само во една стави и толку, затоа прашувам.
Затоа што за ЛУ1, не е доволно една епрувета. Нема врска ова, хормони се. Има различни величини и намени на епрувети, чим толку земале доволно е. Ако е на клиника, ќе испитаат само тоа за што имаат реагенси.
Девојки искуство некоја со високо фсх 13 на трет ден, другите хормони се супер, а амх исто испитано 1.27? Се спремаме за инсеминација.
FSH знае да варира од месец во месец и не може да се донесе заклучок од еднаш испитано. Како и да е не ти е којзнае колку висок над референтната граница. Амх исто, не ти е трагично намален, ако си 89-та (по никот). Кај определување на резервата битен е и наодот од ехо, колку антрални фолекули имаш. Со среќа на инсеминација!
Не е точно, ако е после 16часот гинеколозите препорачуваат тој ден да се смета за нулта, а следниот за прв, кога станува збор за испитување хормони.
Последниве 2 години јас испитувам хормони 2 пати годишно, еднаш на трет ден, еднаш на петнаести ден. Секогаш ми е од првата капка.
Во дијагностички центар во Охрид магнетна резонанца на хипофиза пред 7 месеци чинеше околу 9 000 денари.
Zdravo deneska ispitav hormone imav katastrofa rez potkaceno tsh potkacen kortizol I namalen luten hormon Kako sum iznervirana
Кортизолот е хормон на стрес, многу е варијабилен, може да е покачен ако не си спиена добро на пример и има точна временска рамка кога да се испита во денот, дали го запази тоа?